Орман е ептен блиско село до Бразда (нема ни 5 минути со кола). Во Бразда го најдоа запалениот автомобил на исчезнатиот велешанец. Ептен језиво станува.
Какви се пак овие, ми стигнаа информации, лошо е ама нема да коментирам?! Оффф ајде белким нема да има ништо од тоа…
Како бе на сите информации им стигаат што е ова бре? Што се случува? Пукнав значи, ќе полудам веќе. Дај некој од МВР ли Оливер ли нека каже официјално веќе нешто.
Ајде луѓе без паника. Тоа е што е. После 3 ден јас немав надеж жива да ја најдат.. дај боже ова да се лажни вести ама..
Од МВР чекаат соодветен момент, едвај 24ч се поминати од приведување. А овие барабите шо споделуваат вакви трагично-бомбастични вести се сите за в апсана. Не знам шо им е поентата со кажано-недокажано освен да привлечат внимание?!
Треба од мвр да излезат на тв и да кажат сите да знаеме официјални информации, вака само се крева дополнителна паника..
Што не кажат кој им е изворот на информацијата, па да процениме дали да им веруваме? Вака може секој безвезе да тврди иако не треба.
И ако веќе знаат некоја информација за девојчето, нека ја објават... А не тие демек стигнала информација до нас, де ова де она... Кога веќе почна да пишуваш, пишувај до крај....
Го молам Господ да е жива и уште имам надеж. Не ми е верно, а и не сакам да верувам дека некој би посегнал по детски живот.
Луѓе јас веќе се плашам дека во најава се лоши вести. Ова што се дешава овие тензии, не знам ова не е нормално
Така е, но штом почна да се зборува, некој нешто дознал, веќе почнало да се шири меѓу луѓево... МВР само останува да соопштат подоцна дали е точно или не...
И да се ја убиле како можеле да убијат дете бе, кои се тие бедушници што посегнале по нејзиниот живот. Кој и да им е крив за нешто како можеле на детето да му направат нешто.
Или нека споделат конкретна информација или нека се затнат. Истава паника се крена кога се сподели лажна информација на Курир дека е пронајдена во џамија во Косово…