Не спомнав известување, туку во смисла на тежината и болката на тој што треба да застане пред мајката и да ѝ соопшти информација. Тежината од човечки аспект.
Се согласувам дека молкот е лош знак и дека овој Петар не би ја измислил туку така оваа вест, сигурно има некои сознанија.
Ако е тоа точно, не дај Боже уште е рано за МВР да искочи и да каже. Прво овие притворените ги испрашуваат и барат тело. После тоа МВР треба да го лоцира телото па да се индетификува телото е тек после да се даде изјава. Цела процедура е тоа . Не дај Боже тоа е најлошото сценарио.
Ќе искочи. 5 години затвор може да добијат.... Како убиецот на онаа мало дете на Пластичарска добил 2 год затвор, така и овие ќе добијат..
Не разбирам, Богоевски почна и сега сите по ист шаблон, кажуваат ама не докажуваат… или има некоја друга информација? Останува само да се надеваме дека некои луѓе се обидуваат на овој невкусен начин да привлечат внимание.
Oчекувате смртна казна или пак висока казна во Македонија? Дечки, живи луѓе запалија во модуларна, им ставаа физиолошки раствори на болни во онкологија, на родилка и извадија органи, цел автобус на Дурмо загина.... Очекувате правда во Македонија? Очигледно е дека станува збор за нешто посериозно кога веќе ги држат во притвор за да не избегаат. Сигурно во прашање е опасна група на луѓе.
Процедурата е таа, ама вака, ако им течат информации, или ќе демантираат или ќе потврдат-се сомневаме во ова или она. Не може сега да дремат јер е недела, 9 вечер. Мислам може да дремат ама не е во ред. Или им истекле информации или некој јаде бубрези, ама кое и да е, треба да се произнесат.
Имам некако чувство како доцна МВР да се вклучи целосно во случајов. Повеќе се занимаваа со самитот првите денови кога беше најклучно и сега кога заврши тоа се растрчаа и излегоа со конкретни дејствија.