Какви и да се вестите, тоа е оставено на МВР и семејството да каже, а не некои си гниди на социјалните мрежи да собираат поени. Гадови. Немаат почит ни спрема болка, ни спрема ништо. Што и да е, се знае кој соопштува. Зошто се уште не е, очигледно има причина.
Од сите теории што ги нафрлавме на никого не му текна дека можеби одма од пред зграда е грабната и затоа ја нема на камери,слепо се "водевме" по сигналот на телефонот. Дај Боже да ја вратат жива и здрава!
Тој податок се објави дури вчера мислам. Многу детали не беа објавени и со право. Во прашање е очигледно киднапирање.
????????????????????Што се случува луѓѓе ова е надвор од контрола?????????? Ќе ми пукне душата не можам више
Се чека на форензика веројатно за да дадат пошироко објаснување. За жал повеќемината од нас знаат каков е исходот.
За жал точно ќе е, многу лица ја шират веста. А Скопје е мало. Доволно е и некој комшија да им е. Ама не треба вака, од почит се чека да објават.
Епа тоа е кога мислења се базираат врз шпекулации… Всушност милиони теории се конструираа овде врз основа на 5 реченици непотврдени информации, а и медиумите не останаа покусо.
Јуле, извор да кажат. За да видиме дали е веродостојно. Вака секоја будала може да тврди од непочит кон туѓа болка.
Па рече Спасовски дека нема никакви докази дека е видена кај Силбо. Ама вистина никому не ни текна дека од дома ја снемува.
Тоа од старт беше потенцирано и јас наназад пишав дека телефонот ништо не значи и дека со нејзиниот телефон некој продолжил намерно за да не се види движење во кола да се изгуби трага така е најлесно... Исто наназад пишав за уличките, кој е од скопје знае каква затка е позади броз за жал и тој реон. Точно дека може никој да не те види во 7ипол сабајле.
Не е ни била свесна сигурно, сигурно наеднаш се нафрлиле накај неа и е немала време никако да се одбрани.
Нема да кажат оти има како што кажа некој секакви измети во МВР. Ова инфо е излезено од таму или од блиски на девојчето. Жално. И искрено после третиот ден веќе тешко да имаше истрагата позитивен исход. Многу ми е жал. Како мајка особено. Многу.
Вистината е дека и ова ќе се заташка како и се друго, да не забораиме кај живееме, туку пак мирни ќе седиме и ќе прогледаме низ прсти и за ова грозоморно дело? Пак ќе кажам дај Боже да е жива и здрава и да не е најлошото но дали планираме да си седиме со скрстени раце и само немо да посматраме? Не е више ни време ниту место да разглабаме теории туку да почнеме малку посериозно да си ја сфатиме ситуацијата. Како планираме ние вака да фунционираме овде? ! И тука се појавиле малоумни створови и јадат гомна? Не им обрнувајте внимание ич на пациентиве умоболни.
Јас мислам дека не си игра мајтап затоа што и јас слушнав муабет од близок пријател на вработен во мвр ама не е ништо сигурно додека официјално не кажат. И мене ми е неубаво тука да пишам за таков одвратен, гнасен чин.. И покрај се, додека нема ништо официјално објавено се молам да се случи чудо и се ова да се лажни дезинформации. Јас сум потресена до максимум а не сакам да помислам како им е на најблиските додека се во исчекување на најмилото