Марија? Ја памтам оти на 18 Јануарни исчезна а мене ми е роденден. И слични години имаме. Женава бе ко в земја да пропадна. Бремена ни траг ни глас. Мене најчудно ми е ај маж и што не се потегнува, абе нејзините родители нигде ги нема да зборнат. Има многу чудно во тој случај. Да
Сеуште не сфативте дека семејството на жената знаат што и се има случено затоа и ги немаше по социјалните мрежи. Некој што бара исчезнат од фамилија нема толку лагано да си кара ако не знае што се случило. Мајка му на Пино Секондо во тие цели шест месеци додека да се открие што му се случило, цела држава ја крена на нозе за да го најде. Се поремети жената.
Сватив ама не сакам да поверувам. За мое дете не би седела мирна. За Пино исто мајката петни жили откорна да се најде. Многу е жално што бројот на исчезнати расте. А и ние како нација не сме учени да соработуваме. И да видел некој што се десело ќе се прави не видел. Немам зборови што можам да се објаснам што ни се случува и никој за некои случаеви не се потегнува. На сајтот на МВР луќе од 80 некоја година стојат исчезнати.
Така е, не може да е некој исчезнат 10-20 години, некаде ќе излезе телото... Сега може и ги бараат колку толку напредна технологија а тогаш...
Коски ми се тресат за ситуацијава. Страхота. Ако се организираат луѓе да бараат или имате информација за такво нешто дека ќе се случи, пишете, сакам да одам и јас.
Мајка ми ми има кажувано кога била тинејџерка некои 15-16 години (сега е 61) нејзина соученичка од селата чекала превоз, било зимно време. Ни трага ни глас од неа ниту ден денес. Околу случајов, првин мислев дека е домашна расправија или дечко во прашање, сега не знам што да мислам.
Ако последно е видена кај Броз, на никој не им текна да побараат во уличките позади, во подруми, слично? Баш тогаш е таму толку прометно место што нема шанси некој да не видел ако било некое киднапирање.
Сеуште ли нема никакви информации? На работа сум и цело време ја отварам темата со надеж дека го пронашле девојчето, загрижена сум многу доста време помина а сеуште нема трага од девојчето.
И јас цело време пратам по фб и темава да не ја пронашле ама ништо. Многу се критични првите часови за исчезнатите, дај Боже што побрзо да се врати дома девојчето, цело време го мислам и се молам за нејзе и за нејзината фамилија.
Една жена пишала дека на камерите на Мечос покажуваат дека се качила во бела кола,ако е дезинформација е стварно срамота.
Мое мислење е дека девојчево го познавало оној (оние) кои ја киднапирале... Е сега дали ги знаело од реалност или од виртуелниот свет.... Не може тукутака да исчезне во сред бел ден, мн блиску ѝ било училиштето. Можно е и да испешачило до одредена дестинација... Еве и погоре пишаа, имала доверба во некој и се качила во неговиот автомобил... Ццц, морбидно , дај боже да ја најдат жива и здрава, што побргу...
Господ да им е напомош, да се најде девојката. Многу ми е жал вака кога ќе прочитам. Тоа со камерата од Мечос сигурно е? Да не е рекла-казаа ко што знаат нашиве по социјалните мрежи?
Не е проверена информацијата, последно е мајката што изјавува за Слободен Печат утрово дека девојчето го нема по камери.. Што ми е нејасно, како е возможно среде бел ден во Центар да не можат да ја следат каде оди со камери? Има десетина камери само од локалите по улицата. Се надевам дека и уличните камери се во функција, но се сомневам. Притоа, зошто никаква друга слика нема објавено од девојчето, барем едно видео од надзорна камера? Кога се изгубија двете девојчиња во Мај, веднаш се објавија снимки од неколку агли од улиците каде се движеле. Многу малку информации има објавено на јавноста, а може и некои би биле клучни за луѓето да помогнат за да се најде.
Минатата година низ Струмица имаше плакати поставено за барање на Марија. Знам низ трговскиот центар Глобал, низ гражата имаше Плакати. "Уште ја бараме, не сме ја заборавиле"