Сега не треба да сме позади тастатурите Сега треба пред влада сите да бараме да се осудат на доживотен затвор До последно се надевав дека е замината некаде и дека ке се врати Толку бев сигурна дека е жива Пак ке речам ШТЕТА Како сега ние со децава наши да фунционираме??? Да се тресам секоја вечер дали ке си дојде живо?
Прво беше Панче. Велес. 24.11 По неколку дена Вања. Скопје. 27.11 Изгледа го признале делото и кажале што направиле па ги најдоа двете тела во истиов ден. Да, потврдено е дека се истите монструми сторители и на едното дело и на другото и дека мотив било користољубие. Како бе секогаш некој бега од државава? Фуркан избега, сега овој. Зошто не го бараа Фуркан и да го приведат туку го оставија така? И овој монструм ќе го остават така да си живее слободно?! Со име, презиме и слика да ги објават сите! И доживотен затвор, ако не добијат доживотен, гарант некој ќе им пресуди, зовреа сите. Не ми е реално уште...
Девојчето убиено во 10 значи 2часа и 20 минути имало за реагирање. Македонија од еден до друг крај се вози за 2 часа. За жал сега ни останува само да жалиме за тоа што не е направено а можело да се направи за Вања. Ама ајде да не жалиме за некое идно дете или некој стар и инзнемоштен човек туку да реагираме.
Нека каже некој право што учел, јас мислам дека "убиство од користољубие" е на пример кога одат дома кај некој што има многу пари со намера да крадат. Го убиваат, а потоа го ограбуваат. Користа во случајов се украдените пари. Не ми е јасно што е користоољубието во конкретниов случај? Да не им платил некој трет на убијците?
Значи ако ова е причината позади убиството, било сето тоа плански изведено и чекано. И, од друга страна сигурно имало веќе упатено закани кон нејзините родители кои биле свесни за сето ова. Што, донекаде и ја објаснува нивната брза реакција за пријавување на случајот, и тоа како киднапирање. Повторно. Ако е така. Зошто не превземале ништо претходно? Зошто го оставиле девојчето само да оди во школо?
Ахххх.... До последно се надевав дека ќе биде најдена жива. Душа мила, млада.... Сочувство и за двете фамилии... Гадовите треба да се објават јавно. Инаку, ако има некој правник, да ни каже како може ние како граѓани да издејствуваме сега? Како во Србија што се зголеми казната, и овде да го направиме истото. Овие монструми заслужуваат најлошото да им се случи! Кој знае и дали им се само овие две убиства...
Да не мислат користољубие за органи да им извадат и да ги продадат? Ама од Стар човек не ти користат органи да му извадиш..
И мене ме интересира. Сигурно не е за мобилниот со оглед дека сигналот се движел према Броз. Значи одма и го земале телефонот и криеле траги. Овие се некој што ја следеле и ја чекале сама, ама да си кажат зошто и како. Инаку народов е многу скршен и веќе им е доста на сите и од политичари и од се...
Штом веќе знаат дека е убиена истиот ден,значи веќе и обдукција е извршена освен ако детално не пропеале дебиливе.
Срце ми се кине кога ќе го слушнам зборот убиена... Девојче...капка од 14 години убиена.. Монструми, се надевам нема да избегаат од правдата.
И ако двата случаи се поврзани, и истите сторители ги извршиле. Случајот со човекот од Велес се случи 3-4 дена пред Вања. Што кур правела МВР сите тие денови за ваква мафија од убијци да им шета по автопати со патарини, камери, и по центар на Скопје?