Од греота, ми се смачи, нека почива во мир, цело време се надевав дека ке ја најдат жива, многу ми е жал...
Ништо чудно и да преговарале до сеа мвр кој да е жртвено јагне Ништо чудно и да не се овие убијците затоа и толу се оптегна работава
Убиена е 2 сати после киднапирањето. Можно е да имале 2 саати фора родителите додека била изнудена за жртва за да се подмири користа која ја барале (највероватно а и асоцира многу на лихварство ова користољубие) а мајката има пријавено во полиција пред 2 саати и тогаш е убиена.. Многу многу нејаснотии има.. Добро е што се притворени и се знаат кои се, земен е и Цитроенот на истрага а ќе се врши и обдукција. Да видиме што ќе покаже целосната истрага..
Како вакви дегени можат да легнат да спијат навечр? Најголем грев, дете кое имало желби, соништа... треба најмасовен протест да се направи пред влада сите осомничени со име и презиме јавно да се истакнат!
Орман е над Волково кај новата обиколница, скопска црна е подоле на друга страна. Орман веројатно поред обиколница е најдено, каде и што стоеа репортерите
Колку што разбрав, луѓево признале во станица што направиле сами.. Да не признале, можеби уште ништо немаше да се знае..
Очигледно живеам во розов свет.До последно не верував дека е возможно некој сабајле во 7 ипол да те земе и да те бутне во кола,ама ете било возможно.Неможе никој да не видел,може имало сведоци и пријавиле одма ама не смеело да се зборува за тоа.Страшно толку жално.
Треба!! Треба да се излезе за тоа девојче да се организира, свеќи да се запалат за душа на плоштад. И да се притиснат политичарите што НИЕ ги плаќаме јавно да кажат кои се што се и зошто го направиле ова и што преземале и да се бара доживотно да ги затворат. Сега ако не се обединиме кога, греота ова дете
Накратко еве да ви објаснам на безобѕирен начин сторителот се стреми да постигне имотна корист и по пат на убиство. Убиството е средство да се дојде до материјална корист. Кратко дефирано тоа ви е убиство од користољубие, тешко убиство т.е квалифицирано убиство е.
Повратив . Што ќе добијат од старец со пензија од 15 000? Од дете од 14 години?! Да барале пари ќе дале родителите. Никој немало да рече не давам. Како знаат дека ја убиле у 10? А Панче кога го убиле? И како еден од петмината што беа притворени избегал у странство?!
Ја прочитав уште еднаш веста, ако фризеров е најден мртов во Велес, автомобилот во село близу Орман, Скопје, човеков може да е само колатерална штета (иако многу грдо звучи), односно да го имаат убиено за да му го украдат автомобилот, па со истиот да ја имаат киднапирано Вања, па подоцна запалено близу местото на злосторот. Ама пак се поставува прашањето зошто баш токму тој автомобил, зошто не некој запуштен или кој би бил полесна мета без друго убиство. Е ако ова е случај, нека се носи и МВР и Обиџуко во... ај.
Не можам са си дојдам при себе од жал . А и од гнев ,од страв од незнам какви чувства имам во моментов. До последно не верував дека ова е можно ... Како бе деца да гледаме сега како да спиеме ако во 7.30 ова е можно? Страшно жално...
Како што разбрав, сами признале убијците. Па најверојатно точно и кажале како ја грабнале, кога ја убиле и каде и е телото...
Штом се отплеткало малце ќе се отплетка целосно. Тешко е дур се најди почетокот, другото е лесно. А башка и цела јавност, медиуми, уште толку ќе имаат притисок сега. А ова значи дека ако се сакало значи можело да работи МВР како што треба. Пронајдени се телата, убијците и возилото а познат е и мотивот.