Исто така, колку сме ние безбедни поради наши блиски? Одмазда е. Земена е со кола од пред сопствениот дом, убиена уште истиот ден. Ако сакале пари да изнудат немало да ја убијат така не им вреди. Проклети да сте!!! И тие што го убија детето и тие поради кого го убија. Проклети! ПРО КЛЕ ТИ!!!
Срамота. Изреволтирана сум на максимум. Одма да се организираат протести, да се направи све што е у наша моќ, како граѓани. Да не ќутиме и трпиме како што правевме изминатава недела. Човекот од Велес е исчезнат 3 дена пред Вања, колата му е најдена, ако убиствата се навистина поврзани, зашто не се реагираше на време?? Бевме зафатени со факинг ОБСЕ?? Дури сабајлево видов полиција у цивилки, си викам конечно преземаат нешто, ни на крај памет не ми дојде ова, иако нон стоп повторував овде дека после толку време ваков ќе биде крајот. Осомничените монструми, тие што нема да избегаат, да им се пресуди од останатите затвореници. Невидено е ова. И од говедото Спасовски што не знае две реченици да спои, да се бара оставка одма. Ти ебам и народ, и држава. Невини деца да страдаат.
Да, претпоставуваме сите дека тоа значи во теорија, а не може да биде поврзано користољубието со трговија со органи? Сепак нели го прават тоа со умисла поради корист. Којзнае искрено што е вистина и дали е точно, кај се за верување Мвр после све шо се има исподесено низ годините.
Само да не е вистина дека се пуштени сите да побегнат. Дали и ќе објавеја, да не направеше оној притисок на фб?
Нејасно е тоа користољубие. Што корист имале? Дали ги бирале онака жртвите или има некоја позадина? И добро ќе е еднаш во државата некој убиец да не избега преку граница. Интерпол за што е? Соработка со други МВР за што е? Треба да се дозволи полицијата да тепа, како порано, а не некои убијци ќе ги носат во суд како господа. Треба да се модри од ќотек, скапани од ќотек сега и доживотен затвор. Мора поригорозни мерки.
И тогаш имаше во цивилка. Пишано неколку пати во темава. И никој не го застапува МВР. Само гледавме официјално инфо, не шпекулации. И неколкумина пред тебе пишавме дека треба да се протестира. Не се секирај.
Ако сакаме да ги заштитиме нашите блиски, мора во наши раце да превземеме, а не да ја препуштаме таа одговорност на државата, која btw, не ни работи за нас, туку за криминалците. Цветање на криминал до овој степен, не е возможно каде што населението е колективно вооружено. Ако сакаме безбедност, ќе се снајдеме. Се снаоѓаат скришно и во Европа, каде што одредена група им го руши мирот од 2015 па навака. Или ќе станеме мажи, и ќе превземеме се што е потребно да ги заштитим најблиските, или ќе живееме секој ден во страв, блиските ненадејно да ги изгубиме.
Барав што значи убиство од користољубие, еве што најдов: Насочено е директно кон имотот на жртвата. Доаѓаат во преден план користољубивите побуди на сторителот, под што подразбираме безобѕирен егоистички стремеж на сторителот за постигнување имотна корист по пат на убиство. Патем, го најдов и ова. https://www.slobodenpecat.mk/makedo...-na-zhena-vo-belgija-motivot-e-koristoljubie/ Не знам дали има шанса да е и ова поврзано. Жената ја пронашле во март а пред еден месец е објавено за уапсените.
Телото е фрлено во Орман. Тоа е знаеш колку блиску до граница? Јас се си мислам дека се работи за органи....
Ова е буквално ликвидација,ја убиле истото утро. Користољубие се пари. Изнуда,уцена ,долг… Веројатно била земена со возилото на пензионерот од Велес. Затоа го најдоа возилото запалено истиод ден кога Вања исчезна. Наводно признале се во полиција па ке го знаеме и мотивот.
Само ако се поврзани нешто нејзините родители да земат веднаш да си пукаат во глава ради нив детето да го убијат, требало нив само ако се они поврзани нешто, се си мислам тато и има заплеткано нешто.
Иако не сакав да пишувам, но немам каде да се изразам за целокупниот случај што не потресе сите. Ах, Вања, нека ти е лесна земјата и се надевам дека веќе имаш најдено мир и спокој онаму каде што си. Мило дете, уште неиспилено, невино, животот дек допрва требаше да го живееш. Немам зборови со кој можам да го изразам овој жал и гнев према крвниците што ти го сторија ова. Многу не те познававме, но ти си наше дете, ни влезе во сржта и во срцата, сите очекувавме дека ќе има среќен исход и ти повторно ќе го чекореше патот со сестричката према Песталоци. Грутка ми стои во грлото, ми горчи душата за тебе, мило девојче. Да беше избегана од дома, да направеше глупост, на своја воља да те немаше, пак ќе ти простевме, само да дојдеше дома. Не знам каков човек треба да бидеш, дното од ѓубрето, да можеш да убиеш дете. Не знам од што фамилии се растени тие луѓе, мршојадци, лешинари, без грам човечност во себе. Многу сум потресена, до последно се надевав дека истрагата ќе завршеше со среќен исход, но изгледа твојата невина душа не ја заслужува овој свет. Летај Вања, детуле мило со ангелите, таму горе има веќе добри души кои ќе ти ја пружат добрината и љубовта што доле на Земјата за жал од раце, монструми ти ја украдоа. Почивај во мир.
Јасно беше уште кога рекоја користољубие. Пари, проклети пари. А вмешан и член на потесното семејство. Како на филм. Ако не ги вратиш парите те изнудуваат со жртва. Страшно. Во корист на истрагата да почекаме да се обелоденат и другите нејаснотии.
Изгубивме дете заради пусти пари.. „Вмешан бил и член на потесното семејство кој учствувал во изнудата, брифираат извори. Убиството било извршено со пукање од огнено оружје кон Вања. Едно од осомничените лица кое не е достапно на органите на истрагата е познато за јавноста. По него се трага, по што, ќе биде приведен. Мотивот за убиството се пари.“ Во Вања било пукано, причина е изнуда – вмешан и член на потесното семејство - Скопје1.мк (skopje1.mk)