Италијански филмови

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од alekce83, 8 март 2013.

  1. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    899
    Допаѓања:
    1.132
    Пол:
    Женски
    Бидејќи го обожавам италијанскиот јазик, а инспирирана сум од интересот што го има на форумов за италијанските серии дојдов на идеја да ја отворам оваа тема така што секоја недела ќе предложуваме по некој италијански филм.На пример за оваа недела го препорачувам легендарниот и добро познатиот La vita e' bella!

    30-те години од минатиот век, Италија. Гвидо работи во книжарница и е познат како голем шегаџија. Тој ќе се вљуби во учителката Дора. Нивната љубов ќе ја крунисаат со брак и наскоро ќе добијат син. Но, почнува Втората светска војна и Гвидо е испратен во логор, зашто е Евреин, заедно со своето семејство. Во логорот почнува семејната трагедија.
    Улоги: Роберто Бењини, Николета Браши
    Година на производство: 1997
     

    Прикачени фајлови:

    На sesilija, Someonespecial, Gordana10 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. smiley88

    smiley88 Активен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    5
    Јас тука би го препорачала и "Malena", од Giuseppe Tornatore, со Monica Bellucci... мислам дека имињата говорат и повеќе од доволно, навистина преубав филм кој ме остави без зборови,едноставно-класика. http://www.youtube.com/watch?v=j4C0szpgokQ ...
     
    На redheaded и alekce83 им се допаѓа ова.
  3. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    899
    Допаѓања:
    1.132
    Пол:
    Женски
    Ајде тогаш давајте предлози кој филм би можеле да го гледаме и да избереме некој.Малена го немам гледано а одамна се спремам.Ти Благодарам Смајли88 што ме потсети :D
     
  4. boomsleng

    boomsleng Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    531
    Покрај двата претходно предложени филмови Животот е убав и Малена кои се исклучителни, неповторливи ремек дела, во продолжение ќе предложам еден предобар филм кој веќе еднаш го имам предложено, но пак ќе го предложам бидејќи е од италијанско производство а темава е за италијански филмови.
    Филмот се вика Непозната жена, една потресна, емотивна, трогателна приказна која мора да се гледа, сигурен сум дека ќе ви се допадне филмот.
    Режисер на филмот е маестралниот Џузепе Торнаторе - режисерот на Малена
    [​IMG]
    http://www.imdb.com/title/tt0494271/
     
    На alekce83 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    899
    Допаѓања:
    1.132
    Пол:
    Женски
    Loose Cannons (2010)
    "Mine vaganti" (original title) Темпирани бомби по нашки :D

    Топло го препорачувам на сите љубители на италијанскиот, или европскиот филм.
    Tommaso(Riccardo Scamarcio) е најмладиот син од големата фамилијата Cantones, традиционална италијанска фамилија која произведува тестенини во близина на Лече.По подолго време Томасо доаѓа да ја посети фамилијата и е подготвен да ја каже вистината за него, дека ги лаже веќе подолго време за неговото образование но и за неговата сексуална припадност.Во моментот кога сака да им соопшти го прекинува неговиот постар брат Антонио(Alessandro Preziosi) и тогаш почнува да му се менува животот на Томасо. . .9/10
     

    Прикачени фајлови:

  6. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    899
    Допаѓања:
    1.132
    Пол:
    Женски
    Јас сум си упорна со темава, италијански филмови :)
    Знам дека секој не разбира италијански но еве за филмов што конкретно ќе ви го препорачам има превод и на хрватски.
    Pazze di me (2013)

    Се работи за Андреа, единствениот маж во фамилијата која брои 7 жени(мајка му, три сестри, баба, жената што ја чува баба му и дури и кучето е женка).Неможејќи да си најде женска која ќе го издржи малтретирањето од страна на неговото семејство, принуден е да направи некој одлучувачки одлуки.
    Топло ви го препорачувам филмов, да ве насмее до солзи.Според мене Италијанците прават далеку далеку подобри комедии од Американците!
     

    Прикачени фајлови:

    • Cattura.jpg
      Cattura.jpg
      Големина на фајлот:
      198,8 KB
      Прегледи:
      285
    На Someonespecial и Antoninaaa им се допаѓа ова.
  7. Antoninaaa

    Antoninaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    557
    Допаѓања:
    1.658
    ^Имаш право,се согласувам дека им нема рамни во комедиите.Инаку темета ја гледам прв пат,браво!
    Обожавам италјански филмови,имам изгледано еден мал милион.Ќе ви ги препорачам оние кои ми имаат оставено најголем впечаток и кој први ми дојдоа на ум,има многу но следниот пат повеќе :D
    Од постарите:
    Come tu mi vuoi


    Млада интелигентна девојка која не обрнува многу внимание на својот надворешен изглед се влубува во богато момче кое спротивно од неа изгледот и забавите му се прокупација бр.1 во животот.И двајата ќе научат многу работи еден за друг и љубовта.

    Diverso da chi

    Паоло е верен со Ремо 14 години и со кој живе во еден град во североисточна Италија.Политичар и геј активист кој е убеден во тоа што сака во животот,но сето тоа ќе се промени кога ќе ја запознае колешката ривалка(и двајцата кандидати за градонацалници).

    Исто многу интересно филмче Lezioni di cioccolato кој има два дела.Ви го препорачувам многу е интересен.


    Последен што го гледав од поновите Un marito di troppo - Purché finisca bene еве ви линк може ќе го зирнете :D
    http://www.rai.tv/dl/RaiTV/programmi/me ... c24e5.html
     

    Прикачени фајлови:

    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    899
    Допаѓања:
    1.132
    Пол:
    Женски
    Леле колку ме израдува што има и некој друг што гледа италијански филмови, ете може да си предложуваме некој што ги имам јас гледано а ти не и обратно. :)
    Од овие што ги имаш предложено го имам гледано само првиот Come tu mi vuoi, а другиве веднаш ги ставам да ги симнувам и ќе ги изгледам со сигурност па ќе дадам коментар.Од подобрите комедии што ги имам гледано ти ги препорачувам
    Scusi ma ti chiamo amore

    Scusi ma ti chiamo amore

    Два дела се, се работи за млада девојка и постар дечко кој се заљубуваат но ќе имаат проблеми секако поради големата разлика во години.Вториот дел се веќе зрел пар но ќе им се појават проблеми од друг тип.
    Исто така ти го препорачувам
    Benvenuto presidente

    Има да се изнасмееш до солзи :rofl:
     

    Прикачени фајлови:

    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Antoninaaa

    Antoninaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    557
    Допаѓања:
    1.658
    ^
    Тие двата со Raoul Bova ги имам гледано, а послениотиот со Бизио го немам гледано претпоставувам дека е смешен самата појава му е смешна :D ,benvenuti al sud,bevenuti al nord ги имам гледано ама овој обавезно ќе го изгледам кога ќе имам време.
     

    Прикачени фајлови:

    На alekce83 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. KalaV

    KalaV Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    298
    За сите што мислат дека 3 метра над небото е шпански се лажат! Оригиналната верзија е италијанска и според мене мнооооогу подобра.

    [​IMG]

    Има и втор дел

    [​IMG]

    Рим и прекрасните шармантни италијанци!! Што повеќе :D :D
     
    На Nellie, macaaaaa и alekce83 им се допаѓа ова.
  11. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    899
    Допаѓања:
    1.132
    Пол:
    Женски

    ^Ееее од кога го велам јас ова, дека многу e подобар од шпансата верзија.Јас го почнав пред некое време шпанскиот ана неможев, не поминаа 15 минути и го исклучив, некако се ми изгледаше на лоша копија.

    Инаку открив уште еден одличен филм, вчера го гледави за љубителите на италијанскиот филм ќе им го препорачам.Се вика Bianca come il latte, rossa come il sangue( за оние што не разбираат ќе им го преведам, Бела како млекото, црвена како крвта)Инаку филмот е направен според книгата на Alessandro D'Avenia

    Лео има шеснаесет години и сака фудбал, сака да слуша музика. Кога доаѓа новиот професор по историја и филозофија, Лео се однесува со проф. во најлош можен начин. Но, новиот учител е различен од другите, а особено ги охрабрува децата да одат по своите соништа. Лео потоа чувствува нова сила во себе ... Вљубем е во преубавата Беатриче: таа е неговиот сон, дури и ако девојката не знае.Не сакам да ви го откривам остатокот од приказната но една препорака од мене-спремете си палома до вас! 10/10
     

    Прикачени фајлови:

    • locandina.jpg
      locandina.jpg
      Големина на фајлот:
      167,4 KB
      Прегледи:
      158
  12. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    778
    Допаѓања:
    15.743
    Пол:
    Женски
    Повеќето постирани филмови веќе ги имам гледано и претпоставувам дека ќе се сложите со мене дека италијанските филмови имаат посебен шарм кој го немаат другите филмови :) Гледам дека повеќето филмови кои ги имате постирано се во главно романтични комедии, кои ги препорачувам :)

    Но, го препорачувам и филмот "La grande bellezza", добитник на Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје за 2013 година, исто така добитник и на многу други награди на филмските фестивали. Филм кој дефинититивно вреди да се погледне :!:

    [​IMG]

    После просалавата на неговиот 65ти роденден Јеп Гамбардела, новинар и писател, одлучува годините што му преостануваат да ги посвети во потрага по смислата на животот. Во позадината на мистериозниот и прекрасен Рим, тој повторно ја открива скриената убавина на животот. Неколку случајни средби ќе го натераат да се преиспитува за своите приоритети и на тој начин тој ќе ја открие сопствената, ГОЛЕМА УБАВИНА.
     
    На alekce83 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Andemona

    Andemona Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    2.008
    Пол:
    Женски
    Интересна комедија за глумецот не коментирам....омилен! :inlove:
     

    Прикачени фајлови:

    • download.jpg
      download.jpg
      Големина на фајлот:
      19,9 KB
      Прегледи:
      114
  14. Andemona

    Andemona Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    2.008
    Пол:
    Женски
    Исто така многу добра комедија ;)
     

    Прикачени фајлови:

  15. abcde

    abcde Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2013
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    13
    каде да гледам италијански филмови онлајни или дај препорачете страни каде можам да симнам филмови на италијански. имам испит за еден месец. поздрав
     
  16. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    899
    Допаѓања:
    1.132
    Пол:
    Женски
    Па ете овие што ги препорачуваме можеш да ги погледнеш, за онлајн еве ти 2 станици, пробај дали ќе ги најдеш
    http://www.cineblog01.eu/?s=manuale+d%27amore
    http://www.filmtv.it/
    а ако сакаш да симнеш италијански филм, најдобро ти е преку торент.
     
  17. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.315
    Допаѓања:
    734
    Пол:
    Женски
    :rofl: гледајте го филмов комедија ќе се изнасмеете детеево е ѕвер колку е само поубаво во живо и колку убаво прави муабет бре :l:
     
  18. Nellie

    Nellie Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    318
    Допаѓања:
    1.014
    Пол:
    Женски
    "La solitudine dei numeri primi" драма, изработен по истоимената книга, и вреди да се гледа
     
  19. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.741
    Допаѓања:
    110.613
    Не е филм, туку серија
    Elisa Di Rivombrosa, можеби и го згрешив името па затоа не ми даде одделна тема, не знам. Ја гледав додека играше на Тв, пред некоја година, не се сеќавам ни на која телевизија. Многу силен впечаток ми остај и би сакал пак да ја гледам. Дали знајте кај можи да ја гледам на македонски/англиски превод?
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  20. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    649
    Допаѓања:
    7.607
    Сте заборавиле нешто што не смее да биде заборавено. Не само како италијански филм, како нешто што МОРА да се изгледа. Според мене култен филм и морална лектира за сите вљубеници во филмот.
    Cinema Paradiso
    Секој обид да ви го прераскажам ќе биде потценување на вакво маестрално дело. Италијаните си ја знаат работата, во сите нивни филмови има по нешто за секој вкус. Од комедија до трагедија, да го стопли и да го скрши и најјуначкото срце :)
    Топло го препорачувам, тотално уживање, од мене има чиста 10ка!