Лелеее Демонче, земав да ѕирнам во темава кога ја видов на прва страна во категоријава филм и наидов на мислењево... како ме потсети сеа на серијава мор, oh the feels Иначе, на Канал 5 ја даваа, јас додека се вртеа на 5+ репризи уште 2-3 пати ја имам изгледано На нет преклани пак пробав да ја побарам и успеав само првата сезона да ја најдам со превод (на англиски) и тоа не со толку добар квалитет на снимката, ама сепак си седнав пак да ја гледам. Еве линк Мене секогаш ќе ми остане во сеќавање серијава и до ден денес ми е најомилена, и официјалниот фан пејџ на Инстаграм си го следам... не верував дека некој друг ја памти освен мене Бај д уеј, пред да идам пак да си го пуштам саундтракот и видеата на јутјуб од Елиза, да го стаам филмот што ми текна да пишам и да го препорачам - I cento passi Историска драма е по вистинита приказна, се работи за активист против сицилијанската мафија во 70-тите години од минатиот век. Мене ми се допадна приказната, а и крајот ме погоди
@Someonespecial леле фала ти Еве сега одма си ја почнувам да ја гледам посекако немам ништо на распоред денес.
Ax, Riccardo Scamarcio , мислам дека во моја генерација сите се запишаја на италијанситика заради него.
Како што гледам најчесто предлагате комедии па реков и јас да почнам со една.Italians е филм кој ни беше прикажан на последниот час по современ италијански јазик во 4та година.Тоа е комедија од која ќе ве заболи стомак.Станува збор за неколку последователни приказни кои се полни со стереотипите за италијанците но истовремено и една топла приказна за нивната уште потопла душа Овој филм пак е чиста спротивност.Работен според романот на Маргарет Маѕантини, инаку жена на главниот актер Серџо Кастелито, ја раскажува приказната за лекар, хирург кој седи пред операционата сала во која ја оперираат неговата ќерка, и ментално и ја раскажува приказната за него и Италија ( Пенелопе Круз), неука девојка ,која случајно ја запознава и се вљубува во нејзе.Нејзината приказна завршува трагично и за неа знае само тој самиот.Затоа и на тој начин и ја пренесува.Филмов беше прикажуван на посебни часови кои се викаа Вечер на италијанскиот филм или нешто слично и се сеќавам дека кога се вклучија светлата there wasn`t a dry eye in the room. Овој што ќе ви го предложам , не знам искрено дали е на италијански.Повторно станува збор за истото актерско дуо и е работен според книга на Маргарет Маѕантини која можете да ја најдете и на македонски.Станува збор за Џема ( Пенелопе Круз) која заедно со нејзиното момче живеат боемски живот , заедно со една група пријатели во предвоено Сараево.Избувнува војната и таа се враќа во Италија.По 10 ина години се враќа назад со својот син само за да му открие дека всушност тој е син на нејзиното момче и една од девојките во друштвото.Уште еден потресен филм кој можеби ќе ве врати во едни не толку убави времиња но една длабока приказна за потрага по иденитет,пријателство и љубов . Од серии топло ви ја препорачувам Rosella со прекрасната Габриела Песион.Приказна за една храбра млада жена од богато семејство од Џенова , која ќе му се спротивстави на семејството за да се омажи за својот посиромашен сакан.Работите на излегуваат баш така и тој ја изневерува и напушта.После многу перипетии и лични подеми падови успева вистинска љубов во рацете на еден гроф.Топла приказна кој од сесрце ја препораачувам. Од истата глумица можете да ја гледате и Капри серија во неколку сезони. Друга која ја гледав не толку одамна а ми остави силен впечаток е и серијата L`onore e il rispetto Серија која зборува за едно скромно и сложно семејство од италијанскиот југ кое мора да ја продаде фармата и се сели во близината на Милано или Торино не знам точно.Тука веќе се распаѓаат семејните врски.Се зголемуваат долговите, умира таткото, кавгите помеѓу останатите членови на семејтвото растат.Помладиот од синовите вреден студиозен, заминува на правен факултет и успева дури да стигне до функцијата јавен обвинител.Другиот, со цел да го спаси семејството од долгови,односно истите да му бидат избришани, влегува во лошо друштво, читај се поврзува со мафијата.Така почнуваат судирите меѓу двајцата браќа еднито јавен обвинител, другиот мафијаш , како и конфликтот дали е битен професионалниот интегритет или семејните врски.Една навистина добро осмислена , комплексна серија во во неколку сезони, која обработува повеќе теми како мафијата, и менталитетот и проблемите на народот од југот на Италија, проблемот со миграцијата југ-север итн.Мислам дека станува збор за италијанско-американска копродукција , затоа што се појавуваат и доста американски актери како Ерик Робертс на пример.Ако ништо друго главниот актер Габриел Гарко ќе ве држи залепени за екран. Ако се сетам на уште нешто ќе ви пишам.Nel fratempo, buona visione.
poveri ma ricchi Дефинитинно натешок жанр е комедијата, филмов е предобар, се смеев цело време, би го гледала секој ден
Го препорачувам Habemus Papam, филм за кардинал кој треба да стане новиот папа, но го фаќа паника и бега од Ватикан, шета низ Рим во цивилка, а во меѓувреме, неговото отсуство мора да се сокрие од јавноста и да се најде начин тој да се врати назад подготвен за должноста.
Ragazzi e ragazze. Само што видов на Телма дека вчера започнала 21та Недела на италијански филм во Кинотека на Македонија. Ако се мислите знајте дека проекциите се на отворено.
Можете да го погледнете Il Divo од 2008. на Паоло Сорентино, приказна за Џулио Андреоти, долгогодишен премиер на Италија, човек што ја надживеа и мафијата и бројните крими-афери протечени во јавност, заедно со срамните судски процеси, кои фрлиле дамка на една инаку сјајна политичка кариера. Се ова е опишано набрзина, но впечатливо. 2 часа летнаа како ништо. Добар филм. Il divo - La spettacolare vita di Giulio Andreotti e целосниот наслов.