1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Италија како туристичка дестинација

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од mims-89, 2 мај 2012.

  1. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Тема конкретно за Италија не најдов па затоа решив да отворам една ваква тема.
    Секако дека има премногу места кои може да се видат и посетат во Италија, премногу знаменитости во речиси секој градче и селце.
    Мене ме интересира дали некој бил во најјужните делови на Италија, сакам да одам годинава во близина на Лече, а ми рекоа дека водата била катстрофа, испуштале канализации незнам што... :^) Мене ова не ми е веројатно, сепак излегува на Јадранско и Јонско море, но баш би сакала да слушнам ваше мислење.
    Како дестинација го одбрав пред се за пристапните цени за сместување. Секоја препорака е добредојдена.


    На темава може да се дискутира, да се споделуваат мислења, искуства, импресии, пофалби, поплаки итн, итн... за сите места во Италија. Повелете :)
     
  2. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.546
    Јас наредната недела од училиштето ќе одам на ескурзија во Италија.Едвај чекам!
    Па ајде нека сподели некој искуства.Дали е скапо,ефтино?
     
  3. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Aх Италија ах.
    Инаку само за жал сум била Милано, Венеција и Верона и се заљубив. Се надевам дека ќе отидам до Рим ииииии најголемата желба Тоскана. Ах Тоскана. Фиренца, Пиза, Сиена, Ливорно, селцето Лука и тука многу вино, многу љубов, многу зеленило, многу убави луѓе, многу историја, многу култура, многу убавина. Абе неможе Тоскана да ме разочара, неможе.
    Инаку од она што го видов значи стандард еден, народ цивилизиран културен, многу негуван народ, весел, цените височки доста, си го ценат она што го имаат, но тоа не е претерано скапо, ама е скапичко.
    Инаку јас разгледував за ланскиот летен одмор во Лидо ди Есоло и не ми препорачаа да одам зашто ладно било морето, што е логично многу е северно. После гледав во Римини ама пак не слушнав некои добри коментари.
    Инаку знам неколку луѓе што беа на Сицилија од кои сите беа незадоволни, не е рај како што се замислува, ладно море, многу струи, прилично пусто е, за посета е добро но не за одмор. Знам група што беше 2-3 недели во Сицилија преку играорна и сите тие беа незадоволни. Така да јас лично бев попричично изненадена од впечатоците бидејки ја замислував Сицилија за фантастичен избор за одмор, ама веројатно не е. Иако секое искуство е индивидуално, ама сепак има едно големо НО.
    Јас верувам дека во Италија може да се помине добар летен одмор но да се внимава при избор на местата. Иако мислам дека тоа што е добро ќе е за наш џеб многу скапо. А Римини и Лидо ди есело кои се попристапни се со многу недостатоци. Има селца јужно, Корзика и други помалi места кои се луксузни многу.
    Италија сепак мене ми е земја за туристично разгледување.
    Одлична можност за разгледување ми се оние едномесечни курсеви по италијански јазик, тоа е она што жалам што не го искористив додека имав слободно време во текот на летото. 1 месец учење јазик за прилично ефтина сума (за разлика да речеме учење англиски во Велика Британија каде е за 2 недели минимум 5 пати поскапо од 1 месец во Италија). Tака да кој сака нека се распраша за курсеви во Reggio di Calabria сум слушала многу добри коментари од неколкумина. И убаво гратче и на море искача и забава и прошетки низ Италија и диплома на крај.
     
    На 1209, La.Reina.Del.Sur, Hopeful и 3 други им се допаѓа ова.
  4. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.994
    Допаѓања:
    279.279
    Зимово бев неколку денови Милано а потоа продолживме накај Џенова. Каљари...и останатите градчиња по брегот.
    На жалост Рим :inlove: , не беше во предвидената рута, али здравје боже, друг пат.

    Милано навистина ме воодушеви како град на модата.
    Уличната мода на сосема поиздигнато ниво од онаа која ја затекнав во Париз на пример.
    Машката мода беше на ниво погоре од женската, или барем тоа беше мојот првичен впечаток за тие денови.
    Мажите беа негувани, со супер фризови, бради, марами и на сосема едноставни парчиња облека и даваа посебен шмек.
    Девојките имаа кул кратки фризови, наочара, и секој у свој филм.

    Цените на хотелот не ги паметам....а храната беше по нормални еу цени.
    Инаку и покрај прекрасниот изглед на ресторанот, морам да кажам дека бифето за појадок во еден Хотел во Италија не може ни приближно да се спореди со хотелите во некои други Еу држави :$ .
    Во град две лица да седнат да јадат и пијат за околу 25/ 30 еу.
    Облеката беше со неверојатни попусти, стварно вредеше човек да направи асален шопинг.

    Во приморските градчиња ја почуствував Италија во сосема друго светло.
    Времето беше прекрасно, околу 17 степени на среде Јануар.
    Целосна раздвиженост покрај кеј, мали кафанчиња зиркаат од тесните улички и многубројни поставени масички.
    Сите бабичиња беа со крзнени будни :^) , претпоставувам дека тоа им беше како некој статусен симбол, и имаа некое поносно аристократско држење.
    Уличките мирисаа на топло винце и најразлични италијански специјалитети.
    Морето беше прекрасно.
    Среде зима секако ја немав можноста да се капам :lol: , али прекрасна глетка....посакав повторно да ги посетам во летна сезона.
    Во секој град имаше некоја манифестација, настан.
    Се сеќавам во Милано имаше некој Стрит Фешн настан, стотици фешн фрикови, со најоткачени комбинации стоеја во една улица и можеше слободно да им пријдеш, да ги прашаш за идејата, да се сликаш...
    Имаше слалом за скијање или сл. Имаа поставено вештачки снег низ градот и натпреварувачи од цел свет скијаа.
    Штандови од една арапска држава(мислам Тунис) со кулинарски специјалитети, облека, сувенири, туристички локации...
    И тогаш играа Интер /Милан :rock:
    Во помалите градчиња имаше панаѓури, луна паркови....секаде по некоја знаменитост.
    Архитектурата беше :x ...останав без зборови, музеите истотака имаа многу да понудат.

    Како за зимска дестинација беше прекрасно
     
    На 1209, crazylady, do-re-mi и 4 други им се допаѓа ова.
  5. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    47.633
    Пол:
    Женски
    La piu bella terra dell mondo !!! :inlove: :inlove: :inlove:
    Нема нешто што не ми се допага во таа земја од архитектура до храна до мода ..... :) :)
     
  6. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Не знам што преведувач си користела, ама грешка ти е пишаното.

    Инаку кога ќе ја видам темата душа ме боли, не сакам да ми биде туристичка дестинација, сакам да живеам таму.
    Уште да беше толку лесно...
     
    На crazylady, ana-banana и rossonerka им се допаѓа ова.
  7. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    47.633
    Пол:
    Женски
    слободно корегирај ме :)
     
  8. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Ќе одиме офтопик- ама terra е земјиште, а кога сакаш да кажеш држава или земја се користи paese и со самото тоа членот ти се менува и станува реченицата Il paese più bello del mondo.
    И секогаш се пишува вака прво именката па придавката значи еве и да ти било terra требало La terra più bella del mondo.
     
  9. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Дали имате одено на одмор во Римини ?? Гледам дека имаат убави понуди за одмор, а и не се многу скапи и што за мене е многу битно имаат организирано дополнителни екскурзии во Венеција, Верона...
     
  10. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Повеќето феминки кои беа на апсолвентска мислам дека ги носеа и во Лидо Ди Ј(Џ)есоло, споделете импресии, планирам и таму да одам :)
     
  11. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум била во Италија, но ја знам комплет, што од архитектура, што од историја итн.Има што да се види.Местата според мене се најубави, барем мене лично многу ми се допаѓаат, сите се убави, Милано, Фиренца, Венеција, Рим, Падова, Тоскана, Болоња, ма целата е убава :D :inlove: :inlove: Вреди да се види, сум поминала цел живот проучувајки ја :D :wasntme: затоа ја знам :) Има некоја посебна убавина самата земја :)
     
  12. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Мимис приватни или преку агенција ќе одиш??? Јас само за Римини најдов понуда :^)
     
  13. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Не ми се од МК резервациите, агенцииве немаат ништо, подобро побарај сместувања преку booking.com, а за превоз можеш потоа да си обезбедиш, авион, воз, автобуси има се. Всушност јас имам резервирано за во Лече, а за Лидо најдов на букинг хотел, 7 ден со доручек за 300 евра, па резервирав и таму :lol: Авионски карти резервирав од Солун по 60 евра има карти за таму. До Венеција имаш од Скопје за 25 евра карти, провери си на wizzair.com.
     
    На SOVRSENSTVO му/ѝ се допаѓа ова.
  14. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    Италија е прекрасна држава не само да одиш десет дена на одмор,туку да бидеш и 2-3 месеци.Јас во 2009 бев во Италија во Рим и Венеција и прекрасно беше,а и сега пак ке одам за 2 месеци,ама на подолго (мислам неколку месеци ке бидам таму)! :)
     
  15. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.546
    На нас од средното сега оваа година не носеа таму.Прекрасно е :)
    За 1 евро со велосипеди видовме се.За разлика од Верона,Венеција таму е многу поефтино.На пример во Венеција само една маица ти е 10 евра,а во Лидо ди Јесоло можеш да најдеш 2 за иста цена.Полно е со секакви продавници.Убавини :D
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Едни мои пријатели беа лани во Римини и не беа нешто посебно одушевени. Туристичко селце нешто налик на краците во Грција. Бидејќи беа со своја кола па имале можност да застанат на неколку места и повеќе биле одушевени од другите места т.е градови - нормално нели.
    Епа толку знами тоа ми текнува.
     
  17. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Ние кога бевме на апсолвентска пред 2 месецеи ја посетивме и Италија, нормално. Бевме во Рим, Венеција, Фиренца и Лидо ди Јесоло.
    Рим, немам зборови да го опишам, едносавно ќе кажам - прекрасен! :inlove:
    Многу е убаво, само е многу скапо. Инаку, чувството што го имав додека бев во Рим, не можам да го опишам. Бев фасцинирана и останав без зборови. Италија беше последното место каде што бевме, ама дефинитивно најубавото.

    Венеција, исто така ми се допадна. Велеа дека смрдело на канализација ама ние кога бевме не мирисаше никако, освен на пица :) . И таму е прекрасно, има што да се види. И таму е скапо, особено покрај брегот, покрај пристаништето. Има тезги и се продаваат сувенири и такви работи, ама тука е прескапо. Истите работи за многу поевтина цена ги има во внатрешноста на градот т.е. кај мостот Риалто. Има еден куп мали продавнички со ептен евтини цени.

    Фиренца ја посетивме многу рано наутро, околу 4, бидејќи многу доцневме со бродот, па се ни се помести. Убав град е, има прекрасна архитектура и места, за цени не знам како е, се беше затворено :) . Сигурно е уште поубаво кога би се посетила не толку доцна, кога би имало повеќе луѓе.

    Лидо ди Јесоло - таму бевме сместени, Убаво, мало гратче, туристичко место. Хотелот каде што претстојувавме се викаше континентал и беше во барок стил :D . Не беше нешто особено, ама добро беше. Кога одите во Италија не очекувајте дека ќе имате богата трпеза, барем ние немавме. Секогаш носете си/купете си и резерва јадење зашто појадокот во хотелот нема да ви држи ни до на плажа да одите.
    Местото е убаво, чисто, морето е многу блиску, сите хотели излегуваат на плажа, нема 2 минути. Има многу продавници - за облека, за чевли, за сувенири, маркет, кафичи, ресторанчиња, пицерии, слаткарници. Цените не се високи, отприлика како кај нас. Има и скапи, но генерално не се многу високи. Најскапи се сувенирите. Во маркетот е многу ефтино, има работи дури и поефтини од кај нас. Мислам дека може да се изнајмат и велосипеди. Сигурно има и автобуски линии или некаков друг превоз до другите градови ама не сум сигурна. Многу е блиску до Венеција, околу 1 час возење со автобус.
    Плажата е прекрасна, многу долга, со многу ситен песок. Водата беше ладна кога бевме ние (17-18 април, што е и нормално за тој период), на лето сигурно е потопла.

    Италија, да имам можност сигурно пак би ја посетила, ама убаво би ја испрошетала!
     
  18. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.994
    Допаѓања:
    279.279
    Под импресии на предходната посета на Италија, денес резервирав за Рим и средината на Јули сигурно ќе споделам позитивни впечатоци и со вас.

    Дека жеже,жеже си знам али немам мака. Флашата вода и пут под ноге :)
    Боље на сонце одколку на снегови и дождови.

    Познавајќи ги ниските стандарди во Италија споредени со многу Западни ЕУ земји, при изборот на хотел одбегнував една и две звездици, а за да не се занесувам многу и петте ги заобиколив :rofl: .
    Така а средно, нормално хотелче. Обрнав внимание на коментарите од луѓето кои веќе биле таму и местоположбата на самиот хотел.
    Сега веќе знам и дека бифето за појадок не им е на ниво на другите ЕУ земји па нема тоа како разочарување да го доживеам, што е тоа е. Ќе апнам што има и нема да пребарувам.
    Прочитав дека со 4 еу. може да се купи целодневен билет за метро, а за сите знаменитости ќе си земам литература и ќе си бидам спремна.
    Мислам дека 5 денови ќе се доволно, не сакав цел одмор да го трошам на Италија, па поради разновидност го расцепкав малку натаму наваму...

    Едвај чекам


    едит
    прочитав дека од ден се плаќа некој данок :( ,
    имате ли некакво икуство, мислам дека беше неколку евра, во хотелот ли се плаќа???
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    47.812
    Пол:
    Женски
    Можам слободно да кажам,Мене ни е најомлена дестинација.

    Конкретно да одговорам за прашањево за Лече.Тоа е убав град,во барок стил.Но и таму е што јужније,то тужније.Знам ,бидејки имав другарка која живееше таму,но сега се пресели.За да видиш,има што,но барем во Италија има многу повеќе да се види.

    Конкретно од туристичкиве места,за Римини немам високо мислење,бидејки иако морето Е Јадран,не е онакво како во Хрватска или Црна Гора.Јас бев пред повеќе од 10 год.,и не бев одушевена.Повеќе е калливо,брановито и да се заборавиш одејки додека да запливаш.

    За Лидо ди Јесоло,не знам,не сум била,но е блиску до Венеција,па тоа нуди и друга можност,посета на Венеција.Таму колку и да одиш,секогаш има нешто ново да се види.

    Сум била и на север,во областа Ломбардија.Таму е нешто преубаво.Милано,Комо,Верона...
    Јас сум вљубеник во цела Италија,во нивната историја.

    Има многу да се види ,здравје,сакам и Рим да го посетам.

    Ова дека се плаќа некаков данок,не сум запознаена,јас бев зимава,за такво нешто не знам.

    Кој и да оди убаво да си помине во Bella Italia.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.994
    Допаѓања:
    279.279

    И јас бев зимото, но во други градови и затоа не ни знаев дека постои.
    Како што прочитав само за Рим важи....