Некое посвежо искуство и совет за Милано ? Предлог за ресторан, кафич околу катедралата? Какво е времето (метео) овој период, доколку сте биле или знаете некој што живее таму?
Јас бев летоска на неколку дена. Градот е преубав, но и скап пази. Највеќе ја фалат Аперол Терасата до Дуомо ди Милано.Преубав поглед на Милано. Во Виторио Емануеле имаш сѐ.Од Зара и H&M до Диор,Версаче и други некои прескапи марки.Има скоро за сечив џеб.Позади В.Е кај Мекдоналдсот има една многу добра пицерија, повеќегодишна традиција имаат.Мене градот ми се допадна има и што да се види, не се своди сè на пари и трошење.Би одела пак..
Пицеријата Caputo и пицеријата Spontini. Убавини... Risoelatte ви е друга опција.. Ти препорачувам да одите барем на пијачка во Terrazza Aperol..има непроценлив поглед Да не пропуштите сладолед од Vechi Обавезно да се накркате панцероти во Luini ама спремете се и во ред да чекате Од рестораните општо низ Милано ти ги препорачувам Isola del tesoro, Nabucco и Nerino Dieci Trattoria
Coperto имаат сите ресторано 2-3 евра по човек.. тоа ти е за добро утро за тие пари ти даваат обично леб и путер, некаде и вода.. Nabucco е поскап ама квалитетен, 20-30 евра е порција главно јадење...-1km од дуомо Nerino Dieci Trattoria обично има дневно мени што е поефтино од нормалното, околу 20 евра беше со пијалок... 500-600 метри од дуомо Isola del tesoro беа 15-20 евра (месна) порција.. ризотото беше поефтино и тестенините оние без ништо што ги вика мојов со песто или арабијата.. овој е на 700-800 метри од дуомо Тераса аперол ти е одма до дуомо и имаш и за јадење тука.. За некои работи е безобразно скапо за наши услови 12 евра клуб сендвич, ама имаш и поефтини работи како помодоро шпагетите за 9-10евра кафињата 4-5 и десертите по 6.. И да, тука се пие аперол и за доручек Caputo пицеријата ти е 2-3 улици од дуомо, 300 метри отрприлика. Капричиоза 9-10 евра.. Луини и сладоледот се исто близу. Отвори ги сите на гугл мапс ќе видиш.. А зошто уствари сакаш во близина на дуомо да јадете ако не е тајна? Тука се најскапи рестораните а со метрото во милано се е толку добро поврзано што во прв момент посакав да се преселам таму
Леле фала ти уште еднаш, ептен си другар Сакам околу центарот зошто тоа ми е пракса кога шетам, да прошетам ама да сум највеќе околу главната атракција... Никаква логика, ама сакам кафе/пијачка/ручек во центар, на сам плоштад, шеталиште, парк и сл
Во Милано има барем 20 места што треба да ги посетиш, не е само дуомо Мене пракса ми е да ги пробам најпознатите специјалитети во докажани ресторани и да видам се што треба да се посети а зависи од тоа колку дена имам, па правам приоритетна листа Освен кафињата и пијачките што во принцип се стандард, досега во моите шетачки авантури низ скоро цела Европа се покажало дека сите ресторани и кафичи во близина на главните атракции се со прилично лош квалитет а високи цени.. 1-2 км подалеку има секогаш многу поквалитетни опции... На пример најголемо разочарување во Рим ми беше пицата во еден ресторан пред Колосеумот а скапа..поскапа од било каде низ градот. Само погледот вредеше, директно во него гледаше А две улици понатаму перверзно добри пица и паста за упола цена
Јас бев сега скоро во Милано, покрај веќе наведените места за јадење погоре топло ти ја препорачувам пицеријата Piz, која се наоѓа на некои си 300 метри од Дуомо на, поточно на Виа Торино. Цените на пиците се движат од 8 до 12 Евра, вкусни се а и амбиентот е убав. За кафе/пијачка ако сакаш на самиот плоштад можеш во Тераса Дуомо или во Тераса Аперол. Јас бев само во Тераса Аперол и да те предупредам дека ако сакаш да седиш надвор со поглед према катедралата (како што сите што одиме таму сакаме да седнеме) можеби ќе треба да почекаш некои си 20тина минути за да се ослободи место. За времето, зависи, јас кога бев ептен ми се погоди, сите денови околу 20 степени беше. Би требало да е убаво наредниов период.
Фала ти на искрениот одговор Здравје, секако планирам во Тераса Аперол да седнеме, а каде да почекаме? Идеме таму и им кажуваме дека ќе почекаме надвор или??? Цените како се таму за аперол, кафе и храна?
Влегуваш во барот и има хостеса која те прашува дали сакаш да седиш на терасата или надвор. Ако сакаш надвор им кажуваш за колку луѓе ти треба маса и ако во моментот нема место има лоби каде си седнуваш и чекаш додека не дојдете на ред, односно додека хостесата не ве повика. Е сега ако отидеш во период кога нема гужва може да најдете место од прва. Во врска со цените Aperol Spritz на пример беше 11 Евра до 17 часот а после тоа беше 15 или 16 Евра. Кафето и храната не знам колку чинеа таму бидеќи бевме отидени само на пијачка.
Ќе одиме за 24 мај преку го травел во Италија поточно Милано, Венеција, Верона и Трст, па ако некој бил ако може да ми кажете ресторани, кафичи и како се движат цените?
Преубавата Италија, неодолива турситичка дестинација, кога и да имам прилика, повторно би ја посетила. Вреди да се посетат Венеција, Верона, Милано и Рим. Следно идење, би сакала во Милано и Рим.
Некој да сподели искуство за Милано, што да се посети, какви се цените за храна, искуство каде престојувал и дали се исплати повеќе да се плати за хотел во близина на катедралата или да се оди на подалечен смештај па да се патува со метро.
Јас бев лани во Април 3 дена и ми беа сосем доволни да ги посетам сите атракции и плус еден ден бев во Лугано. Сместување: Јас резервирав хотел преку агенција бидејќи тогаш испадна така најисплатливо. И хотелот ми беше на 6км. Од Дуомо. Станицата за метро и трамвај и автобус ми беше на 2 мин од хотелот и локацијата ми беше супер бидејќи имав директна линија со метро до дуомо. Е сега не знам каква понуда ќе најдеш за да ти кажам што е поисплатливо. Ама мислам дека е поисплатливо да бидеш на 5-10км од Дуомо бидејќи превозот таму е еден од поефтините во Европа. Превоз: Карта за 1ипол саат е 1.50 евра со повеќе превозни средства(метро, автобус,трамвај) а плус имаш и дневна мислам дека беше околу 5/6евра. Метро ти е најбрз начин на транспорт, но ги има до 12навечер. После 12 има трамваи и автобуси ама поретко. Таксито не е толку скапо и ако патувате поголемо друштво има и од оние за 6/7 луѓе со иста цена како обичните коли. Јас се возев еднаш и плативме 12евра од дуомо до хотелот, што е преефтино во споредба со други градови што сум била. Ноќен живот: Дискотеките им се надвор од градот и во центарот колку што јас видов нема некој бурен ноќен живот. Во сабота во 11 вечерта на плоштадот кај дуомото немаше жив човек и беше прејезиво. Ама има ресторани/барови со музика до 12/1 во центар. Шопинг: Јас не сум нешто по купување ама немаше премногу избор за помал буџет. Освен Декатлон што е огромен и affordable во центарот, мене ништо друго не ми фати око од причина дека се беше прескапо, дури и брендови како зара/hm имаат подруги и поскапи парчиња во споредба со други локации на истите птодавници што не се во центар. Бев и во еден mall ама не ми остави нешто впечаток, ама сепак зависи каков човек си, јас ич не сакам да одам во шопинг. Храна: Пица парче под 5 евра нема и генерално храната во ресторани беше скапа(18/20 евра паста). Има еден кафе бар позади дуомото каде што кафето беше 1 евро(еспресо) и имаше поефтина храна. На терасите кај дуомото што се Terazza Aperol i 21 Аперол и аперитиво беа 15 евра и кафе еспресо 5/6 евра, ама погледот е преубав и за мене вредеше. Генерално на убави места е стварно многу скапо и јадење и пијалок. Ама препорачувам барем еднаш да отидеш на rooftop. Туристички атракции: Мислам дека Милано не е баш град каде што луѓето одат за знаменитости бидејќи нема толку многу( во споредба со Рим, Венеција). Дуомо, одма споена е и Галеријата, Триумфалната капија каде што има преубав парк низ кок треба да поминеш за да стигнеш до таму, Замокот Sforzesco, црквата каде што е The last supper na Da Vinci, многу музеи. Navigli е исто многу познато ама јас скроз се разочарав, кеј на Вардар и ресторанчињата се боље искрено. Тоа е канал со многу малку вода и од двете страни има ресторанчиња мали и е убаво да отидеш на пијачка/ручек пред зајдисонце(тогаш според мене е најубаво). Ама 1 саат макс се седи после здосадува. Се надевав дека колку толку ти помогнав ако имаш други прашања пиши ми во лп.
Здраво. Би сакала да го посетам Рим оваа пролет на 3-4 дена па оној кој бил би сакала да ми каже искуство од посетата на градот и предлог за сместување блиску до центарот. Гледам некои опции на booking но навистина ми е тешко да одвојам некои подобри а не многу скапи.
Ние бевме лани 5 дена фамилијарно. Бевме сместени во близина на шпанските скали,одлична локација. Моја препорака за Ватикан да купите билети онлајн,малку е поскапо околу 3 евра ама влегуваш веднаш.Ќњ ти пуштам линк. Метрото е безбедно и добро организирано.
Тука бевме.Блиску е до се. https://www.booking.com/hotel/it/sp...=dd51a4ee12340004;type=total;ucfs=1&#tab-main