Zdravo Planirame so zenata i deteto (4 godini)da ja setame Italija so sopstvena kola... preku albanija so traekt.... planirame Bari napoli rim i genova... 13 dena... ako moze da mi kazete iskustva vo pogled na bezbednosta za so kola... sekako planirame da parkirame vo hotelot i ne na temni mesta ama sepak... krazbi na koli obivanje na koli kakvi se vasite iskustva? Sepak so dete sme da ne ostaneme bez dokumentite negde...
Зависи колку денови ќе сте. Јад и маж бевме цела недела и пак мислам ни остана за гледање. Освен мејнстрим местата како Колосеум, Фонтана Ди Треви, Пјаца ди пополи, Ватикан, Шпански скали, Бока ла Верита, Кастел Сент Анџело, Трастевере препорачувам рандом лутање низ градот бидејќи има многу што да се види и да се осети духот на итаљаните. Исто така ако сте повеќе денови препорачувам еднодневна екскурзија до Тиволи. Гратчето е како од бајка. Рим е голем и преубав град кој што мислам дека човек и 100 пати да отиде секогаш ќе има нешто да види.
Ние бевме воодушевени од парк Боргезе. Мислам најубаво зајдисонце има таму. Терасата над Piazza del Pipolo. За превоз автобуси,метро. Ние бар така одевме. Веројатно и веспа изнајмување ама не сме користеле и не знам како оди тоа.
4 дена ќе бидеме. Секако дека со јавен превоз ќе се движиме, мислев дали е добро организиран и дали ќе се снајдеме. Исто за цени на храна како е?
Ние бевме пред короната така да не знам да ти кажам за цени сега. За превоз/движење кога сме организирале сами, не преку агенција секогаш на Google maps гледам начини од едно до друго место како да стасам. Бевме преку агенција ние, ама така лошо организирано што голем дел си шетавме сами. Сместени на многу километри надвор од Рим. Ова само како пример ти го покажувам. Ја користевме Coloseo, како базна станица за центарот. Од тука во зона на пешачење Колосеумот, Фонтана ди треви и сите, Шпански скали, Навона плоштадот итн. Друг совет за Ватикан, да си извадите од тука карти со приоритет за влез, поскапи се, ама редиците се предолги. Часови се губат во чекање. И за Св. Петар црквата во случај да влегувате внатре. Вода се пие од скоро секаде, за тоа не мора многу пари да се даваат. Храната на самите плоштади, главните беше поскапа, кон повнатрешните улички може и на пола цена. Бидејќи не сте многу денови, направете си од дома план што и кога ќе посетувате и преку maps, разгледај што е во пешачка зона, а за што ви треба превоз. Не се сеќавам дали имаше дневни/неделни карти за превозот. Ние за по едно возење користевме, бидејќи наутро од хотелот одевме до Колосеум, а навечер назад. Е до Тиволи преку агенција не носеа.
Јас момемтално сум во Рим. За места кои да ги посетите ти кажа @SuperGirl24 , скоро се ти е во еден дел од градот и можете пешки се да посетите. Види која метро или автобуска станица од каде што сте сместени те носи во близина на тој дел и потоа можете да пешачите. Ние сме сместени во близина па досега воопшто не сме користеле градски превоз. На мапа можеш да си ги означиш местата за да ти биде полесно. Еве јас вака ги имам означено. Цените по рестораните се движат од 10 до 18 евра за паста и пица, сокови околу 5 евра, аперол, вино од 9 до 15 евра, кафе од 4 до 7 евра, десерти од 7 до 10 евра. Зависи дали ќе седнеш во центар или во уличките подалеку од центарот. По пекарите е поефтино. Парче пица 4-5 евра, кроасан 2-3 евра, тирамису 5 евра, кафе 2-4 евра. По маркетите цените се за 20-30 ден. повисоки од кај нас. Доколку влегувате во Колосеумот, Ватикан и други музеи и знаменитости, купете карти од интернет зашто премногу време се чека. Градов е преполн со туристи.
Ве молам некој да сподели како се движат цените по ресторани отприлика колкав буџет би бил прикладен за 2јца за Нова година? Планираме со агенција 3 ноќевања, чисто да знаеме колку би ни требало за таму
Bev Mılano ı Venecıja vo Maj, tamu restoranıte ıdea vaka - Pasta pıcı po 10-13e, Aperol 5-6e, kafınja standard 4-5e..
Зависи каде, во Венеција е доста скапо, пиците се околу 15-20 евра, аперол околу 4-5 евра другите пијачи како џин тоник, мохито итн се 10 евра. Отприлика мислам дека 50 евра би ви отишле сигурно за една пристојна вечера со пијачка и јадење за двајцата.
Дали некој има одено во Рим со агенција, ако може да сподели кои имаат соработка со виз ер? Планирам да одам прв пат за велигден, мај месец, во тој период како се движат цените?
Мислам не ти се исплати со агенција. Мислам поефтино и подобро ќе поминеш сама ако си организираш. И ја планирам мај месец да идам за Рим ама никако преку агенција, ги чекам картите од визз да паднат малку.
Како човек што беше 4 пати во Италија во 2022 и 2023 не би ви препорачала да одите со агенција, прво е преголемо малтретирање со автобус, со авион стигнуваш за саат и 10 минути. Второ може да се најдат многу поевтини и поубави места отколку таму кадешто сместуваат агенциите и сам можеш да си избереш која величина на багаж ќе си ја носиш додека од агенциите повеќето условуваат. Моја препорака би ви била неколку месеци (односно сега или најдоцна следниот месец) да си најдете поевтин апартман и да си уживате без обврски кон агенција.
Секако со авион ќе патувам, инаку како за прв пат така помислив да не не се снајдам случајно па затоа мислев да има некој што ќе организира се и да не се замарам. Ама реално не би требало ваљда да не се снајдам ако сместувањето е блиску до железничката…
Мислам дека нежоеш да не се снајдеш. Ја бев пред 6 год. одма пред аеродромот стои автобус те носи до главната железничка и ако ти е блиску сместувањето одма ќе го најдеш. И мене ми беше близу железничката смештајот штета што више не се издава на букинг. Мене ме нервира што летот е касно т.е се стига многу касно во Рим и уствари плаќаш само спиење а ден пропаднат Ако идеш Ватикан и колосеумот купи си крати онлајн ем поефтино ем не чекаш ред а вреди за сите пари
И јас мислам дека боље сама да организирам ама не знам така помислив да не би било поедноставно преку агенција. Идеално би било да се бара смештај каде што е блиску се што се посетува, инаку со колку од прилика буџет вкупно со нормално шетање и факултстиви се троши во градов? Знам дека е инфивидуално за секој и зависи од многу фактори, ама еве да кажеме некоја средина.
Јас бев 2018та и верувам дека од тогаш до сега се е поскапено. Таму за трошење јадење пиење и превоз до ватикан не потрошив повеќе од 150€ ама ја не сум голем јадач/гурман па можда затоа. А за факултативите влезници си имавме купено пред тргање онлајн и не коштаа ако не се лажам 40-50мах, мислам ватикан музеј беше 25/35 а колосеумот и форумот некој си 15€
Неколку пати бев од септември наваму. Не ти треба агенција, не може да не се снајдеш. Ти треба кондиција, изодев километри, па дома рехабилитација Периодот кога сакаш да одиш, сместувањето е поскапо, за авион како ќе начекаш. За музеите ти пишаа, најдобро да резервираш онлајн.