Не верувам да не се снајдеш, не е претешко иако на почетокот изгледа малку збунувачки можеби и предизвикувачки сигурна сум дека ќе се снајдеш со се. Во однос на буџетот мислам дека се зависи каде и што ќе посетиш. Италија е генерално скапа, така што јас би ти препорачала да си букираш влезници и слично уште 2-3 месеци пред одење од причина што пролет во Италија е прегужва. Без влезниците, авионски карти и смештај би ти препорачала да си земеш некој буџет од 400-500 евра (што не значи дека сите ќе ги потрошиш) ама во странство парите лесно одат, ќе седнете на ручек, пијачка, аперол итн и ќе летнат. Храната е посекако врв и нема да можеш да не седнеш ниту еднаш. Ова е досегашно мое искуство, сум отишла и со помалку пари и сум се стискала од причина што какошто кажав Италија е генерално скапа. Аперол шприц ти е околу 6-8 евра, има едни брускети за јадење и тие не се евтини, околу 2-3 евра едно (едно не те најадува), влезниците скоро секаде се 15-20 евра + ќе сакаш сувенирче да си земеш што се исто 4-5 евра. Се надевам ти помогнав бар малку
Ептен ми помогнавте сите, многу ви благодарам. Да прашам во однос на смештајот каде е најдобро да си сместен и се да е во близина, да не мораш да патуваш со транспорт?
Во принцип не ти треба превоз за низ центарот на Рим. Ја бев сместена на 10 мин од железничката и освен до ватикан што бев со метро (сакав со метро пошто се немав возено) секаде одевме пешки, ништо не е предалеку а секоја уличка е приказна за себе и најубаво е пешки да идеш. Сега би барала смештај во трастевете, најжив кварт со најмногу ресторанчиња и многу млади
Здраво, дали некој бил во болоња во април да ми каже како се движат температурите, дали е за блузички, маички? и некој да каже како е дали има што да се види планирам 2 дена во болоња и еден во фиренца
Јас со 500 евра бев 5 дена 4 ноќевања. Доволно ми беа затоа што не купував ништо друго освен храна, пијачки и нешто ептен ако ми се свиѓа па ако си купам од облека или додатоци, инаку ако сакаш повеќе да се опуштиш минимум 500 евра
Јас би ти препорачала да си видиш на аирбнб, пример да си ставиш датуми, колку луѓе би оделе и да си филтрираш сама цена до колку би ти одговарало и ти ги вади сите и ти пишува каде се наоѓаат, еве вака отприлика нешто: Јас ставив отприлика датуми и не филтрирав цена, ти можеш да си го направиш тоа според буџетот и во секој аирбнб пишува што имаш во околината, до кои туристички места е блиску итн..
Јас бев крај на Март, не беше баш најтопло, свежинка беше ама би рекла за по долги ракави и уште нешто одозгора. Еве и гуглче што вика:
Кај Piazza Navona у близина јас секогаш одам во еден хотел. Локацијата е топ. Сега викендот одам пак, љубов ми е
Пиши го и мене ме интересира. И вие што идете почесто или сте биле често пишете некои hidden gem места низ Рим, црквички, ресторанчоња било што
Девоче ,авиончето колку коста отприлика,уствари фулл троцици ме интерсеират тотал,и за ВЕНЕЦИЈА ако некој бил може инфо ?
Дали кога зборувате за Италија, свесно премолчувате за ѓубрето, гужвата и бездомниците, како и оние црнчугине што замараат со алки и селфи-стикови? Убаво е Италија, имам посетено повеќе места, ама гужвата низ град, низ јавниот превоз и кога ќе седнеш во италијанска пицерија, те служи индиец или кинез, не можам да го сварам и ми го крши целиот филм за Италија. Преубава земја со вкусна храна, ама штета што полека се уништува сѐ тоа, благодарение на капитализмот и лакомоста на ЕУ земјите. За оние што не сакаат многу да одат пешки а сакаат поевтин смештај, моја препорака е да најдете некој што е блиску до било која метро станица, за да можете најбрзо и најлесно да стигнете до секоја точка во Рим/Милано сеедно. Железничката нека не ви биде репер, затоа што таму врие од црнчуги, гужва е и најчесто е валкано. Ако некој сака да шета пешки, тогаш нека биде најблиску до местата кои сака да ги посети, односно ќе проаѓа најмногу време.
Јас бев во Венеција 4 пати, што те интересира поконкретно? Колку кошта авионот или трошоци за се таму?
Каква расистичка порака алал да ти е )) Како мислиш бездомници и од различни раси има само во Италија, како и ѓубре. Бев во Виена за нова година и истата ситуација е ако те теши нешто тоа. На плоштадот ќе се угушевме во ѓубре, па еве никој не ја спомнува и таа страна на Виена, така што во секој Европски град си има свои предности и маани. Освен ако не одиш во Швајцарија не можеш да очекуваш 100% чистота.
Не е расистичка порака, зошто белци не го прават тоа? Туку на црнците не им се работи. На дел што им се работи се океј, другото е се џган. И не се само они. Ама сепак, не се чувствувам пријатно во италијанска пицерија да бидам служен од Индиец или африканец, еве и балканец нека е. Исто како што во африка кога би отишол да шетам, не би сакал италијанци или швеѓани да ме служат, ако мислиш дека само црнците се проблемот. Виена е ист хаос иако не сум бил, од тоа што кажувале, Париз исто било. Не можам да замижам пред такви работи и да речам дека е супер, кога и самите сте свесни дека не е.