Муабетот ти е сосема на место, ама не можам да разберам луѓе што би оделе во Австрија да пробаат донер, тоа не можам општо да си го сварам. Абе океј, нека има секакви ресторани, не мора да има баш сеа мексиканци во мексикански ресторан, ама барем во Амигос келнерите не се ниту од Шведска, ниту од Норвешка, ни па Кина, Индија, Пакистан, Нигерија или било која друга земја. Знам дека сте многу отворени за секоја глупост што се сервира од Западна Европа, ама барем не го поддржувајте уништувањето на автентичноста на некоја кујна, земја или што и да е. Во германија се оди да јадеш месо и да пиеш пиво. Ако сакаш добро вино, ќе одиш во Франција или Шпанија, ако сакаш донер, ќе одиш во Турција. Ако сакаш да скијаш, тоа нема да го правиш во Холандија или во Велика Британија, туку во Австрија, Германија, Швајцарија или некоја друга земја со ски центри. Е сега, кога сакам да го правам тоа, сакам и луѓето кои ќе бидат околу мене, да се од таа држава. Не мора бе да се согласувате, ама не замижувајте дека Париз е совршен, Италија е совршена, Германија е совршена, или било која земја. Кажувајте ги реално работите, што и како е, за некој да не се разочара, а не знае како е.
Прво не да измрша баби и жаби. Од една тема на сосема друга отиде, првиот коментар со последниов врска ти немаат. Добро ќе отидеш во Италија ќе седнеш во некој ресторан да те служи чистокрвен итаЉанец а во кујна работи некој од си Људмиљ од Албанија и шу прајме сеа? А и некој овде не спомна дека Италија или било која друга земја е совршена
Абе добро, јас сега кажав за директниот контакт помеѓу келнерот и мене како гостин. Никаде не реков дека мора да се согласите, само сметам дека тоа не е во ред. Иако стојам на ставот дека треба да се задржи автентичноста, но поради лакомоста на сите газди во светов, тоа нема да биде можно. На крај краева кој што сака нека прави. Убави се земјите за шетање, ама не е да паднеш на гз.
Визер продава карти од 15€ за карневалот во Венеција. Прикладна цена само што забележав смештајот во Венеција преку букинг е прескап и 90% од хотелите бараат плаќање однапред што јас не практикувам. Преферирам да платам во хотел препорачајте ми некој хотел,апликација да резервирам за ден-два-три. Занимлива понуда е не би сакала да пропуштам.
Венеција е општо многу скапа за смештај, а многу ретко и не бараат унапред пари. Кои датуми ќе одиш и каде преферираш да си сместена?
Разгледував за 8ми Март а за сместувањето не сум баш упатена, не би сакала да е предалеку пд главните знаменитости да убиеш нога одејќи. Сакам да се разбудам во соба над каналот. Има такви хотели проблем е pay in advance.
Хм знам те разбирам, јас до сега не сум нашла таков хотел, мислам секаде кадешто сум резервирала по странство морало бар депозит однапред за да резервираш.
Бидејќи некогаш може да се случи да се откажат т.е. да се презакажат летови, до сега си плаќав во хотелот најсигурно, сега скоро имаа и самиот букинг малверзации за итна уплата ( скам ) ме удавија со пораки на вибер и и-мејлови. Затоа одлучив да се држам до таа опција pay at property.
Верувај најмалку е што сакаш да се разбудиш во соба над каналот бидејќи смрди Подобро е да се разбудиш до поглед на Сан Марко За жал тоа што бараш плаќање во хотел е само потешка околност за наоѓање сместување особено во Венеција и градови што се екстремно посетени а сместувањето да е на нормална локација. Проблемот е што многу резервираат па не се појавуваат и они губат пари. Ретко се случува да се откаже лет, така да мене не ми е проблем кога плаќам однапред.. Инаку карневалот е до 13.02, за 8ми март нема ништо да има
И јас ќе речев да ми платат не сакам над канал да се разбудам во Венеција. Излезена сум од шемава со шетање после корона, ама секогаш сме плаќале однапред. Во Венеција 3-4 пати сум била, еднаш само бевме баш во Венеција сместени и дефинитвно е предност, пак да одам ќе барам таму смештај, апсолутно се ти е на нога, стануваш сабајле кога уште е празно, шеташ навечер кога пак е празно. Своевремено аирбнб беше супер опција, не знам сега колку е добар, односно дали цените го достигнаа букинг. Во хотел не ми паднало на памет, сите асални во Венеција се прескапи. Така да барај си приватен смештај и тој е прашање каков ќе биде, очекувај мали нереновирани, сепак пристојни апартмани. Плаќањето однапред е сосем нормално, а во вакви посетени места не верувам дека има друга опција. Едино што може овој период е да се излеат каналите.
Сакам во мај да одам во Италија. Од оние што сте биле, кој град би го препорачале? Би оделе со 7год. дете би сакала нешто интересно и за него што би можело да се види. Рим би го исклучила, за некој нареден пат, што би предложиле од другиве градови? Се мислев исто за Будимпешта или некаде во Шпанија, но не е овде темава така да тука за Италија да размениме мислење.
Зависи во кој дел од Италија сакаш да одиш. На север: Милано, Фиренца, Венеција, Болоња, Бергамо, Верона, Ферара. Во средниот дел: целиот брег на Амалфи, Капри, Неапол. Ако одиш на југ, ти ја препорачувам Сицилија: Палермо, Таормина, Чефалу, Рагуза, Модика.
Какви интереси имате? Уметност, архитектура, храна? Ако сте за поинтензивно шетање по музеи и галерии ја би Фиренца. Ако сакате пак нешто поопуштено покрај море дефинитивно Амалфи како најдобро нешто што сум доживеала во Италија. Само мислам дека на Амалфи гужвите веќе би биле почнати. Од другата страна, на брегот на Јадранското Море, Пуља е исто добра опција со Монополи, Полињано, Бари. И Матера обавезно како единствено искуство!
Некој што веќе бил овој дел на Италија, да сподели искуство. Дали се исплати понудава? https://gotravel.com.mk/toskana-vel...jtrWSuWhRYrupkDccgL_bgT4QU1onGJKVNBMNxCQxiHOo
Јас бев на ваква тура и сум задоволна.Агенцијата имаше добра организација, тоа што го пишува во програмата, тоа и беше. Тоскана е преубава, посебно во пролет.