Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Италија како туристичка дестинација

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од mims-89, 2 мај 2012.

  1. blue-diamond

    blue-diamond Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    49
    Некој искуство со Сицилија за летен одмор? Сакам да идам во септември и ме интересира дали некој подетално може да ми каже како идел, кај бил сместен...
    Јас разгледував летови од тука до рим па од рим до катаниа или палермо и софија-катаниа и не знам како е поедноставно.
    Или друг предлог за одмор во Италија, со убави плажи и плус да има да се шетне некаде.
     
  2. blue-diamond

    blue-diamond Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    49
    Некој искуство со Сицилија за летен одмор? Сакам да идам во септември и ме интересира дали некој подетално може да ми каже како идел, кај бил сместен...
    Јас разгледував летови од тука до рим па од рим до катаниа или палермо и софија-катаниа и не знам како е поедноставно.
    Или друг предлог за одмор во Италија, со убави плажи и плус да има да се шетне некаде.
     
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.607
    Допаѓања:
    201.939
    Пол:
    Женски
    Јас бев, се вративме вчера,ќе пишам подетално малку подоцна, во темата за Сицилија. Ама нема да згрешиш ако отидеш, јули и август е претопло, септември би било таман, макар што и тогаш знае да биде топло за шетање Оваа недела што бевме таму беше навистина топло, ама не ни пречеше да се прошетаме на дел од островот.
    Ние бевме со сопствен превоз, за авиони не би можела да помогнам, знам дека има лет Тирана-Катанија.
    Ќе те тагнам на постот што ќе го пишувам подоцна.
     
    На Rozevata, blue-diamond и Elenpelen им се допаѓа ова.
  4. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.254
    Допаѓања:
    13.219
    Пол:
    Женски
    @blue-diamond најде нешто плус инфо? @Annath ако можеш шкртни збор-два.
     
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.607
    Допаѓања:
    201.939
    Пол:
    Женски
    Во соодветната тема пишав. Ќе те тагнам таму.
     
  6. Tiniiic

    Tiniiic Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски
    Здраво сакам да ја посетам Италија, ама без агенција, односно сакам се сама да организирам и да одам со авион. Е сега појма немам како се тоа да го организирам, кои места се најубави за да ги посетам, исто околу летовите до кој град да летам, па што таму кога ќе стигнам како ќе најдам смештај, како ќе се движам од една до друга дестинација и како ќе знам кај треба да одам, во кратки црти дали ќе се снајдам и како да се снајдам. Ќе бидам многу благодарна ако некој што патувал на овој начин, сподели подетално како се тоа го има организирано.:)
     
  7. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    906
    Да не ме сфатиш погрешно, ама според мислењево што го напиша, ако е вистина, последен избор треба да ти биде сама да се организираш.

    Доколку не знаеш:

    1. Што сакаш да посетиш
    2. Кои градови имаат аеродроми, со линии од Скопје или околина
    3. Да букираш смештај.
    4. Да гледаш на гугл мапс за јавен транспорт

    и плус одиш сама, не би ти препорачал за ниедни пари да отидеш сама во Италија.

    Е ако толку сакаш да патуваш и да го скршиш мразот... тогаш:

    Отвараш Гугл, гледаш што има да се посети во Италија (во кој дел/град сакаш да одиш), потоа одиш и бараш летови од Скопје или околина, до местото во Италија. Потоа за смештај бараш Букинг, АирБнБ или се спојуваш директно со хотелот кој си го одбрала, доколку имаат вебсајт или телефон за контакт. Потоа гледаш Гугл мапс за јавен транспорт како се оди од точка А до точка Б.

    Убав провод, каде и да одбереш :D
     
    На Alex.T му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Anneliese

    Anneliese Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2024
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    663
    Пол:
    Женски
    Сум била во Италија задоволна од цените,сместувањето,храната.Има многу знаменитости и места кои можат да се видат, посебно ми се допадна Венеција и планирам повторно да ја посетам во скоро време.
     
    На ♡ Cinderella ♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.607
    Допаѓања:
    201.939
    Пол:
    Женски
    Прво треба да решиш каде ќе одиш и што сакаш да видиш. Италија не можеш цела да ја прошеташ во неколку дена.
    Прво, колку одмор имаш и кога, колку дена можеш да одвоиш за ова. Второ, сакаш да шеташ во смисла секоја втора вечер во различен град или да бидеш стационирана на едно место и оттаму да одиш на тури и екскурзии.
    Ако си за првата опција, направи план каде би одела и колку време во кој град би се задржала, според тоа и резервирај сместување, на пример две ноќи во Римини, три ноќи во Болоња и слично. Информирај се за начинот на превоз до местата кај што ќе одиш после симнувањето од авион (авионска карта е најлесно да купиш) - автобус, воз, рент а кар, барем резервирај место однапред ако е можно. Истото важи ако си стационирана на едно место, да се информираш до каде може да одиш и на кој начин.
    Штом го имаш тоа, после е полесно да се снајдеш. Само реши каде сакаш да одиш, дали сакаш Северна Италија, дали централниот дел, дали Пуља или Калабрија, или можеби Сицилија. Има доста избор, само ако сакаш сега да одиш, не е баш лесно да се најде веднаш сместување, да нема ништо слободно, а и поскапо е периодов, сепак е сезона на одмори.
     
    На Alex.T му/ѝ се допаѓа ова.
  10. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    786
    Допаѓања:
    1.280
    Пол:
    Женски
    Зависно и каде сакаш да одиш. Ако пример сакаш да одиш во Венеција, имаш директен лет преку виз до Тревизо и потоа треба да фатиш автобусче за да стасаш до главниот дел на Венеција. Ако сакаш потоа да шеташ од Венеција некаде, можеш од Венеција да си купиш карта за со воз до Верона, Рим, итн и не е комплицирано и тешко. Нешто што би ти препорачала е да си имаш интернет за да можеш со мапа да се водиш.

    Сестра ми живееше во Венеција па бев 3-4 пати така што ако ти треба било каква помош или препорака слободно прашувај, ја знам Венеција на памет сега и знаменитости и сe', како и конекции до други градови и можам да ти помогнам.
     
    На Alex.T му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Rozevata

    Rozevata Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2024
    Пораки:
    439
    Допаѓања:
    862
    Пол:
    Женски
    За сите што би оделе Сицилија на одмор, летови имате од Тирана за доста добра цена.
    Moжете колата да ја оставите на аеродромот тирана, за 7 дена плативме некој 24 евра.

    Ич да не правите комбинации, стварно е ок и се исплати преку Тирана.. јас до сега 2 пати од таму летам до Италија.

    И не само до Сицилија-Катанија имате и низ цела Италија.. Пулија поточно Бари е одлична дестинација да одмор.
     
  12. Rozevata

    Rozevata Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2024
    Пораки:
    439
    Допаѓања:
    862
    Пол:
    Женски
    Лесно ќе се снајдеш ако од тука све си организираш. Зависи кој дел сакаш да го посетиш. Почни прво добра организација со директен лет па од таму одлучи каде и што сакаш да посетиш.

    Смештај е лесна работа, имаш аир бнб и букинг, два клика и резервираш.
    А за кој градови, се зависи од летот каде би одела па после тоа да правиш план временски каде и како ќе се организираш.

    Ако ти е премногу мачно да организираш сама, италија е топ актракција и дестинација меѓу агенцииве, имаат добри понуди. :)
    Среќно! кажи што ќе одлучиш.
     
  13. Rozevata

    Rozevata Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2024
    Пораки:
    439
    Допаѓања:
    862
    Пол:
    Женски
    Само што пишав за сицилија и летовите конкретно, а за смештај, искрено сите места се преубави. Јас би одела на опција да шеташ, катанија, таормина.. секаде по 1-2 ноќи така ние правевме. Да го офатиш островот колку ти дозволува времето и буџетот.
    Така ќе ја доживееш најдобро. :)

     
  14. Alizée10

    Alizée10 Активен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2024
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    394
    Пол:
    Женски
    Има луѓе коишто многу ја сакаат Италија а, јас имам само убави зборови за оваа земја. Мислам дека луѓето многу внимание посветуваат на културата а, тука спаѓа и италијанската кујна со разни специјалитети. Италијанската мода е исто така обележје кое популарно низ муабетите на луѓето. Кога би имала прилика да ја посетам сигурно би го сторила тоа. Мене многу ми се допаѓа Италија и нејзината класика од земја како и културното уредување. Ветувам во иднина повеќе време ќе посветам на читање книги за римското право.