Во јуни бевме 4 вечери во Фиренца, со еднодневна прошетка до Пиза и две вечери во Болоња и се тоа со кола. Одлична авантура, интересни градови со преубави места за посети а и луѓето беа љубезни. Вистина е дека Италија си има свој шарм и вреди да се посети повеќе пати. Ако одите нормално направете план што ќе посетите затоа што има премногу работи. За главните атракции подобро е однапред да се купат карти онлајн. Така направив за Уфици и Академија галеријата. Плус има комбо пакети па испаѓа поевтино ако планираш да посетиш се наместо одвоено за се да купуваш карти - на пример во Пиза земавме карта која ја покриваше кулата, црквата, крстилницата и два музеи. Следна година, или здравје, дефинитивно би сакал една тура низ северна Италија - Венеција, Милано, Верона и Лаго ди Гардиа.
И мене истото ме интересира, сакам оваа година одмор во Апулија, па ме интересира некој да сподели искуство за тоа кое место би било најдобра база за истражување на овој регион.
Летово бевме две недели во Италија. Со четири мали деца ни беше напорно на плажа, па си направивме распоред. Ден плажа ден излет. Бевме сместени во Лидо де Јесоло. Убава плажа, ок море, вкусна храна. Од атракции ќе ги издвојам аква паркот Caribe bay, кој си вредеше за парите. Имаше одличен воен музеј каде децата можеа и да се качат во тенкови, хелихоптери итн. Една вечер бевме и во кирмес. Два дена во неделата беа цените на пола па се исплатеше кога оди човек со повеќе деца. Се возеа на големото тркало кое стои во центарот. Најголем впечаток ни остави музејот. Беше поделен на неколку музеи од кои научниот со 3д наочарите и многуте симулации, експерименти не воодушеви. Мало место но толку многу да се посети и види. Дневните тури ни беа до Триест, Верона, Винченца, Наполи и два пати во Венеција. Сите места беа до час оддалеченост од Лидо и беше топ. Рано наутро појадувавме во хотелот и тргавме. Имавме цел ден да ги истражуваме градовите. Венеција еднаш бевме со кола. Изгуглав на кој паркинг да ја оставиме и со едно метро за 5 минути стасавме во градот. Го видовме градот од друг агол, поразлични локации од типичните градски тури. Еднаш бевме и со брод. Имаше две попатни станици, два острова, пред да стасаме во центарот. Се задржавме во центарот цел ден. Се на се незаборавно искуство. Би пишувала реферати за секое градче, многуте знаменитости. Без разлика каде бевме, не пропуштавме да седнеме во типично италијанско ресторанче, со топ поглед, и буквално ништо да не правиме освен да уживаме во моментот.
Како летате, до Бари, Бриндиси..? Ние две лета ја шетавме, првото бевме сместени во Бари ама секој ден одевме до различни места наоколу. Тоа лето ги посетивме Полињано, Монополи, Арбелобело, Матера и уште едно на чие име сега не можам да се сетам. Второто лето бевме скроз јужно, летавме до Бриндиси, па оттаму до Галиполи и Лече. Со добра организација мислам дека може овие дестинации и во една тура. Сепак зависи и каков одмор сакате, пример јас многу сакам да шетам, но разбирам дека на некој му е подобро да биде цел одмор на едно место. Во Италија сите места, мали и големи, се поврзани со железници, така што можете комотно и со воз, а и автобус. Ако те интересира нешто конкретно, прашај слободно.
Доволни ли се 7 дена за убаво да се обиколат градчињата? И случајно да не имавте изнајмено кола и искуства за тоа? Во план ни е истата тура, стационирани да сме во Бари и со кола да прошетаме наоколу. Гледав дека се е добро поврзано со железници па не знам дали е исплатливо да се рента кола
Не рентавме и не знам да ти кажам. Инаку 7 дена се доволни, ние пример бевме Алберобело и Матера во еден ден ама во Монополи два дена затоа што ни беше преслатко. Препорачувам Матера да ја посетете попладне за да фатите и од ноќната атмосфера, магично е.
Па би летале до Бари, ама ме интересираше кое град/место да се одбере како база за најдобар општ пристап до останатите места и плажи. Вие со воз се движевте? Нас ни беше во план да се рента кола, ама не знам како би испаднале цените и како се патиштата за возење…
Па Бари е најголем од сите во околината, ние бевме таму сместени. Има многу повеќе избор на сместување за разлика од останатите. Живо е, раздвижено, преполно со барови и ресторани. Мислам дека како база е најдобро таму. Со воз одевме скоро секаде, единствено до Матера и Алберобело мислам со автобус.
Ние рентавме, но беше поприлично поскапо за разлика на пример од било каде во Шпанија каде сме рентале...инаку инфраструктурата за возење од еден до друг град им е океј, но низ градчињата - на пример во Бари каде бевме сместени, паркингот знае да биде проблем во сезона, тешко се наоѓа, и има доста тесни улички со паркирани коли по страна.. Низ градовиве не ви треба кола, подобро стационирајте ја на паркинг и терајте пешки... најдобро според мене е смештај во Бари и шетање во околните места, не се далеку
Венеција е исто прекрасна, ама штом си бил во Фиренца, се друго паѓа во вода после Фиренца. Болоња исто така ми е преубаво место, Милано е прекрасно, ама не се споредува со Фиренца, во никој случај! Добро е што гратчињава се "едно до друго" и железницата им работи перфектно, па за малце пари, можете се ова да видите во 3-4 дена одприлика. Многу ми се допадна во Фиренца местото "Cinema La Compagnia" 3 во едно, огромна сала за гледање филм, библиотека за бирање и купување книги со читална, ако сакаш нели можеш и да си читаш, и плус дел како кафе бар, нешто за сите вкусови. Самиот град е магичен, во секоја смисла. Сакам Комо да го посетам, некако тој дел на Ломбардија ми се чини поразличен од цела Италија.
Дали за рентање кола ви бараше агенцијата кредитна картичка за депозит? Читам на редит пракса е на рент-а-кар агенции во Италија да бараат кредитна, па барам некоја сигурна, ако воопшто постои таква, што може од дебитна или во кеш да прими депозит. Не е толку за депозитот, туку да не вадиме кредитни специјално за таа намена.
До кај што сум барала кола за рент а кар, за резервација строго кредитна картичка бара и со одреден депозит на неа најчесто измеѓу 300-1000 евра. Низ цела Европа ова и за предвремено, онлајн резервации. И тоа кредитната картичка да е на име на тој што ќе ја вози колата. Да се поклопи името на возачката дозвола и картицата. На лице место немам резервирано, не знам услови.
Ние ќе го платиме депозитот, секако го враќаат откако ќе ја вратиш колата, само барам инфо дали можи да се плати истиот со дебитна картица на пример.
Овде вика кредитна, на лице место не знам како е. Инаку Sixt, Avis, сме ги користеле најчесто за резервација. Немало проблем во смисла на финансиски услуги, земање повеќе пари и слично. Инаку депозитот на кредитната мислам по недела, две после враќањето на колата го враќаат на картицата. Не одма. Имајте го и тоа во предвид.
Мислам дека за работи за синоним во однос на поимот кредитна картичка. Инаку, во принцип треба е да имате расположливи средства за депозит, без разлика дали се работи за дебитна или кредитна картичка, тоа е најважно.
@MarigoldA да, така е, не е важно дали е кредитна или дебитна, кредит кард им стои општо за картица, НО мора да имате девизна сметка. Ние уплативме од дебитна картичка, но мораше да имаме девизна сметка, вака било сите три пати кога рентавме за Италија, без разлика на компанијата за рент а кар. Исто така, бараа да се совпаѓа името на оној што резервирал и тој што ќе вози (приложи возачка).
Може, може. Овде Повели, контактирај ги. https://www.sicilybycar.it/en/car-hire/info/rent-car-with-debit-card На интернет имаат висока оценка. https://www.trustpilot.com/review/sicilybycar.it