1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Италија како туристичка дестинација

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од mims-89, 2 мај 2012.

  1. livert

    livert Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    115
    Dа важи само за Рим и во зависност од хотелот наплакаат 2-3 еу по ден по лице, се наплака во хотелот при одјавување и не е вклуцено во цената на собата.Aко си резервирарала преку букинг во описот на собата најдоле пишува колку наплаќаат 2или3евра. Dоколку планираш да посетуваш повеке музеи и да користиш транспорт (зависи кај ти е хотелот...навона е топ локација за пешки бидејки сите знаменитости се блиску) тогаш извади си Rома пасс околу 30 еу имаш три дневен бесплатен превоз и 2 бесплатни влеза ,освен ватикан.
    Nа темата ја обожавам земјава за неколку дена ке ја посетам по 4 пат и ја препорачувам како туристичка дестинација има многу да се види ,Rим,Vенеција,Vерона,Pиза,Tоскана,Mилано,Sицилија има своја убавина па дури и Tрст.
    P.с .се извинувам за големите латинични букви ама пишувам од I пад и неможам да го опраам.
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  2. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.076
    Некој прашуваше за Лидо,јас бев еднаш и сум воодушевена.Плажата е преубава,е сега ќе мора да си плаќаш лежалка и чадор мислам дека они не дозволуваа пешкири и чадори сопствени,водата не е нешто на ј нај,ама самиот град си има свои убавини,бааги е голем,и морам да додадам дека се здебелив некое кило таму од превкусната италијанска кујна-која впрочем ми е омилена.
    А и нешто друго да побараш во ресторант нема,сендвичари нема,така да сакаш-нејќеш-мораш да јадеш тестенини,пици,морска храна :mm:
    Шетавме и до Венеција,Верона,Фиренца,значи и одмор и шетање.
    Фиренца многу малку ја видовме,зошто тој ден се истури од врнење,не можевме да мрднеме никаде ни со чадор :worried:
    Венеција ја имавме цел ден за шетање,истеравме и добар шопинг фативме убави попусти.
    Мене пак многу ме воодушеви Верона,
    Помало градче,но толку некако смирено,прекрасно,баш да те наполни со енергија.
    Дури и да речам ме бендиса повеќе од Венеција.
    Би одела пак ,истата тура :up:
     
  3. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.998
    Допаѓања:
    279.369
    Рим

    Со посетата на овј град го заокружив впечатокот за Италија како туристичка дестинација. Со турбо ритам, една недела е доволно да се видат сите најзначајни обележја, но имам впечаток дека ако останев и месец дена сеуште ќе имаше некое ново ќоше кои не е истражено.


    Со пристигнувањето на аеродромот веднаш ги набавивме Roma Pass. Секој кој има намера да го посети овој град би му го препорачала истото.
    Неговата вредност е 30 еу, и ти овозможува 3 дневен бесплатен превоз со јавниот превоз и бесплатен влез во 2 туристички атракции
    Да купуваш дневен билет мислам беше 6 еу за 24 часа, а билет за една вожња од траење максимум 100 минути 1.5 евра.
    Кога ќе изминат трите денови со бесплатен превоз од пасот, јас би препорачала купување на нов пас или дневни билети бидејќи оние од 1.5 се прилично непрактични при префрлување од едно во друго метро, т.с само еднаш можеш да ги иштампуваш при возење со метро, а поради потребата за негова промена повторно ќе се најдеш во ситуација да купуваш нов билет. Кога ќе израчунаш колку пари си дал додека си стасал во град и си се вратил во хотел и колку време си изгубил врткајќи се пред аутоматите....не се исплаќа.

    Со пристигнување во хотелот ќе ви дадат мапа на која е јасно обележано како да стасате на сите поважни знаменитости.
    Со автобусот или метрата А и Б се стасува насекаде без никаков проблем.
    ти даваат водич и мапа во пасот во кои се набројани сите знаменитости во кои можеш да влезеш со него).
    Колосеиумот и форумот се бројат како еден влез(без пасот поединечно да ги плаќаш би коштало околу 12 плус 7). Претпоставувам дека на секого би му бил колосеумот и форумот како прва меѓу овие две дестинации а за втората имате стварно голем избор. Многу музеи, замоци...
    НАјдоброто е што со овој пас може да се одбегнат долгите колони пред влезот. НЕ многу туристи имаат прогуглано и набавено, па има посебен ред за чекање само за лицата кои го поседуваат, кој не е ниту приближно долг колку оној пред билетарата.
    Препорачувам првен да се разгледа колосеумот па потоа форумот и палатин.
    Еднаш кога ќе го изодите форумот нема потреба да се враќате наназад, продолжете накај излезот и ќе испаднете од задната страна на националниот музеј и уште неколку други знаменитости за кои можеби ќе немате време во друг ден да ги шетате.
    Со овој пас заштедив и пари и време.
    На жалост ватикан не е во пасот и се плаќа 15 еу.
    Влезот во басиликумот е бесплатен.
    КОЛЕНАТА И РАМЕЊАТА мора да се ПОКРИЕНИ.
    во случај таа информација да сте ја испуштиле, ќе ве вратат на влезот и ќе шеткате по околните маалски дуќанчиња во потрага по некоја алтернатива.
    Продаваа прекрасни марами за 2.5 евра(за наметнување на рамења) и нешто како шалвари за 5 еу(за оние кои беа со куси панталони или сукњи). Цените позитивно ме изненадија, и многу повисоки да беа, во зорт секој ќе даде пари ќе купи.
    Редицата пред ватикан беше огромна, нудеа некои тури со водичи но по повисоки цени и се решив за опција чекање.
    За студентите би им препорачала да си ја зедат студентската легитимација бидејќи имаше попуст за секој студент со меѓународна легитимација до 25/6 година.

    Пладневните и вечерните прошетки беа резервирани за поседенки на шпанските скали и пред фонтаната, кај пантенонот...
    Во однос на цените сосема нормални.
    Да седнеш да јадеш пица или тестенини околу 7/8 евра, сокче 2/3 евра.
    Водата ја набавував во маалските дуќанчиња кои беа во близина на мојот хотел.
    имаше дури и за 35 центи 1.5 литри.
    Водата во рим се пие.
    Во ватикан, форумот..ќе си го надополните шишето како и секој друг турист.
    Жалосно што 95% од итајанците не знаат ниту збор на англиски, но се екстра љубезни, посебно мажите.
    Ако прашаш нешто објаснуваат со раце и нозе :rofl: .
    Платив 2 евра по ноќевање такса во хотелот при заминувањето.
    Малку се наорганизирани и преoпуштени за мој вкус и не би можела да се замислам да живеам таму, но како турист...незаборавно искуство кое на секого би му го препорачала.
     
    На PeachGirl, 1209, LivingGlam и 2 други им се допаѓа ова.
  4. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Аххх најголемата желба ми е да ја посетам ТОСКАНА :inlove: :inlove:
    На пролет веројатно, ќе одиме на екскурзија со генерацијата и ќе одиме Италија. Венеција, Верона и Лисо де Јесоло ќе ги посетиме. Ама понудата не е сеуште сигурна.

    Сакав да ве прашам, цените како се движат? Храна, облека... ? :?:
     
  5. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Еве една прекрасна страна за Италија, каде што секој ден објавуваат преубави слики на кои не можам да им се изнагледам
    http://www.facebook.com/pages/ITALY/141391897248?ref=ts
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  6. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Немаv баш време да седнам и општирно да напишав што и како посетив од Италија и моите впечатоци за кои можам цела книга да напишам :)
    Бевме сместени во местото Ераклеа Маре во близина на Венеција и многу блиско до Лидо Ди Јесоло. Плативме по 300 евра од човек за 7 дена во хотел со доручек. Местото баш не ми се допадна поради тоа што беше многу мало и се се затвараше во 11 саат, за постари парови и парови со деца е одлично, има и камп во самото место. Плажата беше преубава, средено, чисто, со бесплатни лежалки од хотелот. Водата одлична, топла и чиста. Многу ресторанчиња и таверни, по некој кафич и две три продавнички за сувенири, од тоа се состоеше местенцево поради што секоја вечер одевме во Лидо ди Јесоло и до едно друго градче Каорле. Цените не беа воопшто високи, пиците се движеа од 5 до 14 евра, тестенините од 6 евра. Преубаво вино за 6 евра бокал. Во маркетите исто така не беше скапо, пецива од 1,5 евра, грицки, сладоледи, сокчиња од 1 до 3 евра :) Кафето и коктелите од 3 евра нагоре.
    Нешто што доста ме зачуди беше тоа што Лидо ди Јесоло беше многу поефтино од ова мало местенце. Во многу поубави хотели сместувањето за 7 дена со доручек беше по 200-250 евра, се информиравме таму на лице место, а претходно кога гледавме и баравме сместување на интернет цените беа доста повисоки. Си земавме контакти за наредна година :lol: Јадењето по ресторанчиња со цени беше исто како во Ераклеа. Премногу гужва имаше, се Германци, на секој чекор ги слушаш, нешто слично ко ние и србите во Грција :D Поубаво и подинамично е во Лидо, работи се до 12 саат негде, има и дискотеки и кафичи што работат до покасно. Добар избор имаше зашопинг, велам добар, а не одличен бидејќи имаше продавнички каде што ја имаше пола роба од Шутка, оние шарените корсети и фустаните од жоржет и тоа дупло поскапи. Али затоа избор на обувки да незнаеш што порво да купиш и многу ефтино, сандали на штикла, рамни сандали, на плута, салонки во сите бои имаше по 7-8 евра со етикета мејд ин Итали, се зачудив што не е кинеско. Преубав избор на чизми исто така, кожни од 30 евра нагоре.
    Градчето Каорле се наоѓа на 40тина минути возење од Ераклеа, му доаѓа малку подоле од Лидо ди Јесоло и е поблиску до Венеција. Ми остави најубав впечаток, идеално туристичко место. Огромни песочни плажи, чисто море, испаѓа као на мал залив и затоа водата таму е многу чиста и мирна. Има стар град со преубави типични Италијански градби, тесни улички и продавници за сувенири. На секој чекор се продава сладолед кој морам да кажам дека е преверзии и палачинки кои ги полнат во милион глупости така што неможеш да ги дојадеш. Не беше фул со туристи како Лидо, имаше таман, и да се одмориш и да се прошеташ, се на едно место. Низ градот се протега канал кој е испонет со јахти и мали бродчиња, преку тие канали се оди до Венеција. Блазеси им на тие што имаат бродчиња. Не вршеа такви тури до Венеција, мислам имаше ама само да одиш и да се вратиш. Цените беа поскапи и од Ераклеа и од Лидо ди Јесоло, и на сместувањето и на јадењето, ама вреди затоа што беше и дупло поубаво. Еве некоја слика од Каорле:



    Ја посетивме и Венеција, најдовме превоз со брод од Јесоло до Венеција, се стига за 15тина минути и картата не чинеше 11 евра по човек. Имаше на секој саат бродови, но последниот беше во 6, нас ни се фати таман бидејќи во 10 саат тргнавме. Имавме доста време за шетање и разгледување но секако е премалку за Венеција. Преголеми гужви 365 дена во годината. Турканици низ тесните улички, фотографирање на секој чекор. Зачудувачка атмосфера, Венеција има посебен дух. Штом ја здогледаш остануваш со отворена уста и се вртиш 360 степени за да можеш да видиш се, секој детал. Се прашувам какви раце и кои глави го изградиле гладов на вода. Мирис на пица и паста, распеани возачи на гондоли, разгракани туристи, виолинисти кои на секој чекор свират мелодии од светските композитори. Шетање и губење по тесните лавиринти, градби и станови кои гледаат со прозорите и терасите еден кон друг, си подаваат кафе преку прозор. Без мапа тешко да излезеш на крај и да се снајдеш, секоја уличка личи на друга. Поминуваш низ тесна уличка која ти се чини слепа и одеднаш излегуваш на голем плоштад каде што има маскирани луѓе, музика, играње и пиење Аперол. Можеби сите сакаат да ги видат најпознатите места во Венеција, но јас сакам да шетам по празните тесни улички и да јадам шпагети во најзбутаното ресторанче, да ги читам имињата по вратите во тие улички и да лижам сладолед. Кафе на Сан Марко и возење со брод - автобус низ Венециските канали бидејќи прескапо беше за гондолоа 80 евра за пола саат, а максимум собира 5-6 луѓе. Цените за сместување во Венеција не ги знам, но јадењето не беше премногу скапо, пиците беа од 7 евра нагоре, а тестенините од 9 евра нагоре. Но кога веќе си решил да ја искусиш Венеција тоа е тоа. Сувенирите беа доста ефтини по евро две ... :) Има и луксузни продавници и обични, може да се најде се. Сакам да живеам во Венеција и со бродче да одам секаде.
    Ја посетивме и Верона за враќање накај Австрија. Се одржуваше опера во колосеумот, пред него имаше луѓе облечени како гладијатори. Пред куќата на Јулија стандарт, тепачки кој да ја фати за цицка, чекање ред за разгледување на куќата, фамозната тераса и прекрасниот поглед од неа. И Верона е фантастична, пошироки улици низ стариот град и продавници на Луи Витон, Кавали и аутлет на сите брендови од овој калибар. Немаше некој попуст па затоа си останав без ниедно брендирано парче :lol: Во Верона го јадев вториот најдобар сладолед што сум го пробала во животот. Со цените е за некое евро поефтино од Венеција.
    За храната што да ви кажам, ги пробав сите можни врсти на пици и тестенини и за 7 дена се здебелив и си направив целулитче кое уште е сместено на моите бутови. И не ми е криво, кога би живеала во Италија или би престојувала подолго време сигурна сум дека нема да ме собере во авион за враќање назад :D За благото заборавив да кажам, мхх какви чоколадни колачи и торти имаат, а па тирамисуто :o нешто што мора да се проба.
    Ете едно кратко резиме, сега има и ефтини летови до Венеција, а и понуди направиле агенцииве гледам па собирајте парички, тоа е нешто што мора да се посети.
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_1117.JPG
      IMG_1117.JPG
      Големина на фајлот:
      353,2 KB
      Прегледи:
      392
    • IMG_1119.JPG
      IMG_1119.JPG
      Големина на фајлот:
      357,9 KB
      Прегледи:
      392
    На Afrodita*, LaraSolare, Pirana и 7 други им се допаѓа ова.
  7. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Италија е преубава...пресредена и романтична :lol: ....
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    ^Не е точно. Не е пресредена, некои делови од Венеција пливаа во ѓубре, немаат некои wow улици и патишта. Лидо ди Јесоло исто така беше прилично валкано навечер. Пред да напишеш нешто прошетај прво или барем кажи кое е тоа пресредено место. |(
     
  9. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
  10. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Јас ќе се лажам дека е средена се додека ти не се потрудиш да докажеш ;)
     
  11. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    [​IMG]
    [​IMG]
    Значии кога бев кај братучеди секој ден се чистеше и тоа навечер не како нас сабајле застанал со метла и се рекламира...и на местата што бевме е пресредено тоа нема да го има кај анс за 100 години...значи кога ја видов ми остави одличен впечаток по улиците нема гурбе...водата(езерото) е чисто... :) ...има преубаво е и венеција и рим исто така..јас не приметив некое губре..како што велиш ти.... :)
     
  12. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    Јас бев пред една недела во Италија...пет дневна екскурзија (2-7.10) ;) патот беше малку напорен, ама мислам дека вредеше за да се види Италија...

    Бевме во Рим...ги посетивме најпознатите места...колосеумот, фонтаната, шпанските скали, плоштадите...убаво е, навистина има што да се види...само што имавме малку време за разгледување на толку голем град...бевме сместени во Fiuggi, мирно местенце, а и убаво средено, чисто беше, само некои паднати листови можеше да се најдат... :!:

    Ватикан...го прошетавме на неколку часа со водич...и таму е убаво, најинтересна ми беше таа топката ;)

    И низ Фиренца се прошетавме на кратко...го видовме Давид ххх :lol:

    Потоа бевме во Лидо ди Јесоло...приморско местенце...многу ми се допадна плажата, а и водата беше добра како за октомври (не се бањав, само онака со рака ја фатив) :!:

    И Венеција секако...мораше и таму да се прошета....и Венеција е убава, тесни улички и многу мостови...за среќа не се изгубивме...само немаше време да се провозиме со гондола :D

    А да, и Бари...всушност таму со брод стигнавме од Албанија...ама ништо од Бари не видов :D :) :wasntme:
     
  13. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    Јас летово бел на Сицилија со другарки. СЕ РАЗОЧАРАВ!! Никој не знае англиски, нема убави места за бањање и за на Етна плативме 170 евра. Убав е островот, ама за шетање. Единствено тоа главниот град Палермо ми се свиѓаше!
     
  14. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Уште сум под импресии... Желбата исполнета, ама сепак беше малку.
    Да, би живеела во Италија доколку ми се укаже таква прилика.
    Прошетав малку, а во мене зачував многу. Да би имала можност би ја прошетала цела, в долж и попреку, без да пропуштам ништо.
    И повторно би се вратила во Венеција, на неуморливото шетање низ неа, опивањето од љубов, јадењето пица на парче, и сладолед со коцки бело чоколадо...
    И би ја прешетала повторно Верона, но овој пат со спреј би испишана нешто на ѕидот на куќата на Јулија, и би дала повеќе од 10 евра за да ја извозам со точак...
    И би се валкала низ песокот на плажата во Лидо Ди Јесоло, повторно би се вратила кај прекрасно подготвената паста за вечера, и пак скришно и љубопитно би го пикала носот во кујните на рестораните и хотелите...И оној вечерен мини концерт, кој ми беше посветен со толку внимание и љубов... :inlove:
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_0578.jpg
      IMG_0578.jpg
      Големина на фајлот:
      232,5 KB
      Прегледи:
      564
    • IMG_0590.jpg
      IMG_0590.jpg
      Големина на фајлот:
      180,3 KB
      Прегледи:
      564
    • IMG_0831.jpg
      IMG_0831.jpg
      Големина на фајлот:
      261,1 KB
      Прегледи:
      565
    • IMG_0840.jpg
      IMG_0840.jpg
      Големина на фајлот:
      208,2 KB
      Прегледи:
      564
    • IMG_0899.jpg
      IMG_0899.jpg
      Големина на фајлот:
      113 KB
      Прегледи:
      563
    На sweet-cherry, Marilyn-Monroe, Gordana10 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Заборавив да спомнам битна работа за градчињава поред плажа, во другите градови незнам дали е така, но си ги затвараа продавниците и рестораните од 15 до 18, значи во тоа време може комотно да умреш за вода или за јадење ама нема од кај да купиш или каде да седнеш да јадеш, тоа им е време за пауза и ништо не работи во тој период. Глупа работа во туристичко место. Во Венеција и Верона немаше такво нешто, ама во Ераклеа, Лидо и Каорле да.
     
  16. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.791
    Допаѓања:
    17.756
    Во срце ме погодува кога некој спомне Италија..

    Бев мај/јуни таму и толку многу ми се допадна.. Плус дека си ја сакам многу Италија, луѓето, јаикот, архитектурата ма се :inlove: :inlove:
    Бевме Бари, Рим, Фиренца, Верона,Венеција, Лидо ди Јесоло.
    Времето ни се погоди, планирам летово ако може со друштво да идеме пак на одмор таму. Но, се во свое време :)
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Италија за одмор само јужните делови и островите. Сицилија и Сардинија се така по добри. А од градовите за посета, Венеција, Рим и Фиренца ми оставија најголем впечаток. Венеција веќе на памет ја научив, нема шанси да се изгубам.. :lol:
     
  18. Anja98

    Anja98 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    Јас сум била во Рим. Преубав град,полн со историја и многу туристи. Ватикан ми остави посебен впечаток со црквата на Св. Петар и останатите работи... Сепак цените се огромни,или бар такви се погодиле во периодот јас кога бев. Немав многу време да го видам,ама за тоа кратко време,го исшетав колку што можев повеќе,и се изнагледав убавини. Колосеумот ми остави посебен впечаток.
    Исто така бев и во Палермо(мафијашкиот град :lol: ). Не многу големо гратче,пристапни цени,тесни улици со преубави згради и мали балкончиња со цвеќенца :) Многу стари градби,театри,базилики итн. Море,продавници,странци... Сепак лоша работа беше големата нечистотија во градот :( Ама како и да е,мене ми се свиѓаше.
    Бев и во Милано 3-4 дена и се уште сум под импресии. Фасцинирана сум од сите градби,од изгледот на градот,различната култура и различните луѓе... сепак беше,поприлично скапо. Иако времето не ни се погоди,врнеше и беше облачно,си имам прекрасни спомени од таму :)
     
  19. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Девојки имате ли сретнато во нашиве туристички агенции понуда за Сицилија ама за Тиренско Море, од кај Палермо горе :^)
     
  20. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Лани едни мои пријатели беа преку Кон Тики но полетуваа од Белград. Беа на крај на Август зошто тогаш беше прифатлива цена.
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.