Италија како туристичка дестинација

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од mims-89, 2 мај 2012.

  1. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    4.131
    Допаѓања:
    15.811
    Пол:
    Машки
    И јас, како што пишав претходно, сум во потрага по база за сместување во Апулија.

    Разгледувавме опции за изнајмување на кола, за околу 7-8 дена, но некако ми се виде прескапо(околу 600-700€).

    Ќе ја тагнам @boo3 , ми имаше реплицирано на претходното мислење дека се ја прошетале Апулија со воз/јавен превоз. Па бидејќи и ние сакаме да шетаме, ама и да посетиме убави плажи како се снаоѓавте со јавен превоз до плажите? Ајде до градовите да, но до плажите како што гледав, особено оние вон градски средини треба барем едно, па и две прекачувања во јавен превоз. Како го изведовте тоа?
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    4.131
    Допаѓања:
    15.811
    Пол:
    Машки
    Можеби некој друг кој што бил во овој дел од Италија да сподели дали вреди да се користи јавен превоз или неопходно е изнајмување на кола?
     
  3. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    7.101
    Пол:
    Женски
    Кажи ми за кој дел од Апулија и ќе ти кажам според тоа.
    Бари, Монополи, Полињано… или скроз долу кај Бриндиси, Лече, Галиполи?
     
  4. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    4.131
    Допаѓања:
    15.811
    Пол:
    Машки
    Па летот би бил до Бари, инаку сакаме да ги обиколиме плажите во долниот дел.
     
  5. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    7.101
    Пол:
    Женски
    Вака, до градската плажа во Бари одевме со тротинети, а ми се чини имаше и јавен превоз. Не е ништо посебно, не знам ни дали има потреба да одите таму. Монополи и Полињано се мали и буквално на брегот, така што од воз можете пешки. Алберобело и Матера не излегуваат на море, до таму одевме со автобус од Бари. Вториот одмор ни беше во Галиполи, а летавме до Бриндиси. Да се стигне до Галиполи е малку pain ама вреди. Затоа што бевме таму стационирани си изнајмивме точаци, па одевме на плажа со нив. Имаше две-три добри плажи на макс 6-7км од центар. После на враќање бевме до Лече со воз, Лече не излегува на море. Бриндиси само го прошетавме ама не пропуштате многу и да не го видете. Е за жал, не успеавме првата година да одеме до Остуни и Локоротондо, иако не излегуваат на море изгледаат слатко на слики.

    Реалноста е дека кола е комфортно решение и сѐ зависи од тоа како вие си го замислувате одморот. Нам не ни е проблем и да имаме трансфери и да закасни некој воз ама некој си сака комфорт. Инаку за превоз Trenitalia, Itabus, Flixbus..

    E, исто се сетив дека е опција и БлаБла, ѕирнете и тоа.
     
    На Mumoftwo30 и Elenpelen им се допаѓа ова.
  6. popa17

    popa17 Активен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2025
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    38
    Пол:
    Женски
    Предлог за смештај во Соренто?
     
  7. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.073
    Допаѓања:
    1.362
    Здраво, дали може препорака за сместување во Бари, некој каде што веќе бил, може и број да ми даде дирекно да се јавам, за да не плаќам преку букинг.
     
  8. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    2.855
    Допаѓања:
    11.993
    Пол:
    Женски
    Дечки дали некој бил во Италија почеток на Октомври да ми каже какво е времето? Планираме да прошетаме тој период, Рим, Амалфи, Капри, Позитано итн па секое искуство е добредојдено :D
     
    На Alex.T му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Кафеџија

    Кафеџија Активен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2026
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Машки
    Само што се вратив од островот Капри, Италија.
    Прекрасно е.
     
    На Mumoftwo30, Alex.T, bookslover и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. JanaDarling

    JanaDarling Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2020
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    659
    Пол:
    Женски
    Јас бев лани почеток на ноември , времето милина, сончево се погоди
     
    На bookslover и eliesaab им се допаѓа ова.
  11. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    2.855
    Допаѓања:
    11.993
    Пол:
    Женски
    Фала ти премногу :hug:
     
    На JanaDarling му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Nairobi88

    Nairobi88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2019
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    312
    Пол:
    Женски
    Јас ја гледам опцијава за ова лето, но гледам тие кампови/ресорти околу Лидо Ди Јесоло се полни, скоро и да нема место во нив. Ако не е проблем дали може да споделиш каде бевте сместени
     
  13. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.616
    Допаѓања:
    290.578
    Да, таму сакав и јас првично, во бунгалов во ресортот, но се беше полно. Ние бевме директ во Лидо, во хотелите прв ред на плажа. Најважно е да има хотелот паркинг и хотелот да ти биде преку улица од море бидејќи тоа е најголемиот стрес. Во таа област немаше никаде паркинг доколку сакаш со кола да дојдеш до плажа.
     
    На Nairobi88 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. TarantulaA

    TarantulaA Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 март 2011
    Пораки:
    1.500
    Допаѓања:
    23.011
    Пол:
    Женски
    Некој да сподели искуство со Сардинија?Препорака ?
     
  15. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.700
    Допаѓања:
    265.689
    Пол:
    Женски
    Лани бев за 11ти октомври во Рим беше пекол. За прерамки и сандали.
     
  16. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    7.101
    Пол:
    Женски
    Бил ли некој на Етна да сподели искуство? Кои тури вредат, преку кои агенции, кој дел од денот итн...
     
  17. Larson

    Larson Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2017
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    2.065
    Пол:
    Машки
    Само што се вратив вчера од 4 дневно патување во Италија со директен лет Скопје-Наполи. Бев сместен во Наполи а прошетав и во Соренто и во Поситано (не остана време за Амалфи , Капри и другите околни места). Наполи е доста интересен град кој има супер енергија. Не е многу чист , има доста мигранти (како и секаде впрочем) но луѓето се опуштени, градот е бучен деноноќно и храната е многу вкусна. Цените се генерално прифатливи за наш стандард (нормално зависи каде ќе седнете) , пастата/пиците во локалчиња/ресторани од 10 до 16 евра , улична храна и превкусни пици има за само 1.5 до 4-5 евра кои ги добивате топли од печка локалот се вика friggitoriadelpurgatorio на инста. Има преубави слаткарници и работи што може да ги пробате.

    За разлика од Наполи , Соренто и Поситано се градови каде ќе го осетите медитеранот на прав начин. Прекрасни градчиња кои мирисаат на лимон од скоро секое продавниче. Цените се малку поскапи од Наполи но генерално се тука некаде (некои си 3-4 евра поскапи во однос на храната). До Соренто се стигнува со воз кој чини 25 евра во двата правци од главната железничка станица во Наполи а до Поситано има автобус на самата железничка во Соренто. Од Поситано има опција за фери брод до локалните островчиња и до Соренто.

    Се на се преубаво искуство.
     
    На zence, Alex.T, Mrs. right и 2 други им се допаѓа ова.
  18. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.827
    Допаѓања:
    10.977
    Пол:
    Женски
    Ми излезе една понуда на фб човек што продава патување за 2ца од 1500€ за 1200€ јас веќе сум на одмор и не можам некој ако сака нека ми пише во лп направив сс.
     
  19. Alex31

    Alex31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2017
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Женски
    Можам од срце да ја препорачам Пулиа во декември. Кој сака божиќни маркети и празнична атмосфера, Италија нуди неверојатно искуство. А веќе имаме лет Скопје-Бари.

    Почетокот на декември е особено убав, бидејќи на 6 декември се слави Св. Никола (кај католиците), заштитникот на Бари, каде што се наоѓа и познатата базилика посветена на него. Св. Никола е и заштитник на децата и според традицијата им носи подароци, нешто како нашиот Дедо Мраз.

    Матера е прекрасно гратче, а Локоротондо е вистинско местенце за сите што сакаат божиќни филмови, буквално е украсено како да сте влегле во филм. Само имајте во предвид дека има многу гужва, особено за викендите, па добро е да сте спремни што ве очекува :)
     
    Последна измена: 13 септември 2026
    На Waverly Raven, zence, Alex.T и 3 други им се допаѓа ова.