Ги глеав и јас понудите од Србија, мислев да не има од овде нешто (не сакам мн малтретирања за да стигнам негде). А и цениве кај нив се поевтини
Кој сака да оди на летен одмор во Италија јас ви ги препорачувам овие места -градот Равена и местата кои излегуваат на море а спаѓаат под Равена т.е -Марина ди Равена и Путна Марина. Добро е да најдете сместување во Пунта Марина, преубаво мало местенце главно изградено со вилички, но има и хотели, чисти средени плажи. Има многу случувања во текот на летото изложби собири во таа една главна улица, потоа има пазар еден ден во неделата каде што може да се најде по нешто за сечиј вкус од облека, обувки, сувенири и се друго. Има ефтини продавници за храна и убав сладолед Има редовно автобуси кои одат до градот Равена кој вреди да се прошета низ центарот каде што има многу убави бутици како Теранова, Пимкие, Тали Вејл со сезонски попуст од 50-70%, многу парфимерии каде што може да најдете убави парфеми на попуст. Тука е Мекдоналдс со убави сендвичи и милкшејк И се враќате повторно назад со автобус до вашето сместување (автобуска карта е 4 евра за едно лице за цел ден) што е доволно за да се види такво место. Марина ди Равена е одличен избор за вечерни забави, полно со многу кафичи, млади луѓе, Вип фаци... Поскапо место за летување ама затоа нуди одличен провод, па кој може да си дозволи нема да зажали. Уште едно место што е блиску до Пунта Марина е Лидо Адриано. Исто така мало местенце на море, но убаво за прошетка, може и да пешачите по една патека и да стигнете таму за 20 минути, има паркови за деца, плажите не се многу добри и водата исто така. Но, убаво е во лето има многу туристи. Јас се потрудив да ви опишам нешто, но останува на вас да се информирате повеќе. П.С Град кој што е оддалечен еден саат со воз од Равена е Болоња, град со богата култура, преубав и вреди да се посети. А за чистотата Италија е чиста, средена земја, но како што имаа напишано претходно 'Што јужније,то тужније'. Мојот предлог е средна Италија и преубава Buon viaggio in Italia
Ајде и јас да кажам за моите впечатоци од Италија.. Италија ако треба да ја опишам со еден збор би рекла МАГИЧНА.. Јас бев сместена во Лидо ди Јесоло,убаво туристичко градче каде плажите се сон .. Ја посетив и Венеција,кое е пре пре преубав град.,стари градби,тесни улички,гостопримливи италијанци..Венеција беше преполна кога бевме а така е сите 365 дена во годината.Врие од туристи,на секој чекор се прават слики..Архитектурата е она што остава без здив,особено црквата Св.Марко,и плоштадот каде сите туристи се обидуваат да ги нахранат гулабите..Мостот на воздишките исто така остава без збор,и не само тој туку сите градби кога ќе дознаете каква историја имаат позади себе..Храната е фантазија,особено кога ќе и видите продавниците каде се продаваат слатки.Тесните улички се многу интресни,секоја те води до некое ново местенце,и тука повторно пронаоѓаш преубави мали продавнички со разни сувенири,маски..Од Лидо со автобус патувавме околу 40 мин до пристаништето,а со брод отприлика е 1 час до таму.. Исто бев и во Верона.Тоа е еден прекрасен романтичен град кој со својата архитектура никого не го остава рамнодушен.Гробницата на Јулија и куќата се дефинитивно места кои секој треба да ги посети доколку отиде во Верона,Картата за гробницата е 1 евро,додека за куќата на Јулија е 6 евра,но внатре е чудесно.Ја има облеката на Ромео и Јулија,креветот каде што спиеле,мебелот,камини,слики и се разбира терасата на Јулија не може да се заборави Има доста ресторани,продавници.Повеќето од рестораните наплаќаат за услугата и локацијата,но има места каде можете да јадете и пица на парче или пак сендвичи за 5 евра.Јас со другар ми јадевме во ресторан,прилично елитен,каде ни наплатија по 1 евро за услугата и локацијата.Цените на пиците се движат од 10 евра па нагоре,а тестенините од 7 па нагоре.Јас јадев паста и за прилично мала чинија платив 7 евра,а другар ми јадеше пица,која го чинеше 10 евра и тоа не голема тука средна пица..Друго што исто така е интересно е тоа што во Верона има т.н "живи статуи" и доколку им оставиш пари се поконуваат пред туристите..Има доста продавници со најразлични марки,од која најмогу за око ме фати онаа на Луи Витон..Цените се малку високи за наш стандард,но добро тоа сепак е Италија.Се продаваат доста сувенири,т.е ги има на секој чекор..Тоа е она што вреди да се купи за да остане за спомен,а другите работи кои ги видов ги има икај нас..Од Лидо до Верона патувавме отприлика 3 саати.. Она што ја го сакам најмогу во целата приказна е италијанската храна.Пробав шпагети,паста,тортељини,лазањи,пица,..Се ми се допаѓаше ама морам да признаам пастата ми беше најубава од се..Италијански кросан и кафе со млеко насабајле е она што мене многу ми се допаѓаше,, Бев сместена во хотел во Лидо..Таму се си зборат на италијански,и не само таму туку во цела Италија,но лесно се разбира јазикот..Луѓето се многу друњжељубиви без разлика на тоа дали се италијанци или туристи,секој би ти направил муабет и би ти помогнал...Во Лидо плажите се рај,е сега незнам дали и по колку се наплаќаат лежалките,затоа што нас ни кажаа дека можеме бесплатно да ја користиме онаа на хотелот..Све е песок ситен,водата од убава поубава.. Кога ќе сумирам се,мој впечаток за Италија е дека тоа е земја на дружељубиви и гостопримливи луѓе,со неверојатна архитектура,специфична храна.Ја обожавам Италија.Иао денес се вратив се би дала на момент да се вратам назад
ги гледав понудите за Римини дали некој бил овде...да ми каже каков е нокниот живот таму, дали е многу скапо и дали вреди патот до таму за 7 дена ноќевање... Читав на интернет и скоро сите пишуваат дека е по фамилијарно место. За италија се нудат само Сицилија и Римини како понуди , а Сицилија за мојот џеб е скапа,....некој ако нашол друга понуда за друга локација нека прати линк
Кога бев во Италија преубаво си поминав .Престојувавме во Лидо ди јесоло-прекрасно гратче -добри впечатови.Исто така бев Во Верона нормално кај гробот на Јулија,куќата и јадев пица -прекрасна.Па познато е дека таму го има најубавиоот сладолед.Од Венеција не сум баш многу задоволна дали што бев уморна од патот или од нешто друго не ми се допаѓаше.
Сакам да одам во Милано по одмориве, на сопствена режија, со авион, Ви ги прочитав мислењата ама малку впечатоци-мислења има за Милано, доколку некој скоро бил и има тазе информации нека каже. Доколку сте задоволни од некој хотел, препорачајте го.
Во моментот престојувам во Италија.. Еве веќе месец дена. Италија е држава во која сум просто вљубена, почнувајќи од симпатичниот јазик, неодоливата паста и секако модата. Престојувам во Пиаченца, град во областа Емилиа- Ромања. Мирно градче кое не излегува на море за жал. Но затоа ни е блиску Џенова, Римини, Ричоне. До сега не сум посетила ниту едно место од овие, но следниот викенд ќе го посетам Римини. За Римини имам слушнато дека е прекрасно место а за лични импресии ќе ви раскажувам после една недела. Ги имам посетено Фиденца и Фиренцуола, прекрасни градови посебно Фиденца, град во кој секогаш можеш да купиш квалитетна а воедно и ефтина гардероба. Италиа според мене не е скапа држава. Јадењето и пиењето е многу поефтино за разлика од Македониа. Единствено што не ми се допаѓа е тоа што италјанците во главно се многу диви луѓе, не сакат да шират познанства многу, а исто така ретко од нив кој знае англиски, не сакат да си го кршат убавио им јазик. Немам некоја посебна забелешка, едноставно вреди да се види. Italia sono sempre con TE !! Ti amo !! <3
Мене ме интересира кој бил на средношколска екскурзија во Италија да сподели импресии,еве во лп нека ми пише,кај биле сместени,храна,занимливости,колку се движат цените .. Би ви била благодарна
Ја обожавам Италија архитектурата,храната... Премногу сакав да ја посетам и не можам да опишам како се почуствував кога конечно ја посетив,кога го видов колосеумот во живо... Ја имам посетено повеќе пати да можев таму ке се преселев ги имам посетено Рим,Венеција,Верона,Фиренца,Лидо ди Јесоло,Tоскана и Mилано презадоволна сум
Италија е земјата која што ве плени и тера да се вратите повторно и повторно.... Имам само позитивни оценки за оваа пребогато историска земја.Ја имам прошетано речиси цела со исклучок на Сицилија и Милано (кој ќе го посетам во Септември). Каде и да бидете сместени со вклучено јадење,да знаете дека секаде е феноменално (па по тоа се познати нели )....Што се однесува до цените...па Италија како европска земја,за наш стандард е релативно скапа. НО може да се најдат маркети од типот на Лидл каде што е претерано ефтино,па немора да се сеќирате околу тоа. Мене лично најголеми впечатоци ми имаат оставено Рим и Фиренца.....ахххх каква ли магија има во тие градови....... Но покрај оние стандардните(Венеција,Верона,Лидо ди Јесоло)вреди да се посетат и градовите како Наполи,Џенова,Торино,Болоња,Сиена....... Во фиренца да се проба сладолед ОБАВЕНО од продавницата "Perche no" (која беше избрана за продавница со највкусен сладолед во светот) И нормално....да се проба пица и некои специјалитети со паста...ехх какви сосови имаат Доколку ве интересираат некои иноформации слободно пишете...се што можам ќе помогнам!
Сум била и во некои помали гратчиња долу на југот , имаше и едно што излегуваше на море Отранто се вика и баш беше пријатно местенце , водата онака чиста ми се виде , ама мирно ми изгледаше , пофамилијарно , скоро некаде прочитав и статија за Алберобело , навистина интересно местенце со уникатни куќички т.е сите градби им се многу стари постои приказна за тоа како и зошто за местото и сите се исти стил како шиљасти , направени од камен , бев и во други неколку на многу блиско растојание беа и многу мали гратчиња , абе тие као сиромашни биле на југот , а они ми изгледаа побогати од нашиве богаташи , мислам не видов некој постар модел на кола , сите максимум да беа до 4-5 години и колку кабриолети се изнагледав а гратчињата беа толку мали што такси немаше , е после на север кога отидов се гледа разлика нормално , во Рим се заљубив и си ветив дека ќе се вратам не еднаш него повеќе пати , прекрасен дух ми има така симпатичен ,романтичен и убави луѓе наоколу ... Мислам во Ватикан не знаев дали да ги гледам знаменитостите или машките За наш стандард е скапо се разбира, храната најевтина ни беше во Мекдоналс , по ресторани изгор , на југот може неколку нијанси поевтино ама пак скапо за нас , а за Рим да не збориме ... Мене јазикот многу ми се допаѓа дека и сум го учела и онака можам да се разберам , течно да зборувам и се изнауживав слушајки , дека им е такво ѕвонливо зборењето
Италија ја обожавам. Одам најмалку еднаш годишно, било за лето или нова година. Сум ја прошетала цела, од самата штикла на југот до најсеверните делови. Ми остана уште Калабрија и искрено никогаш не би ја посетила. За летен одмор во Италија, препорачувам: Штиклата (Пуља) е убава за фамилијарни одмори, со деца, или за луѓе кои се дојдени да се одморат, слична е на ненаселените делови во Грција, со куќи и вили за издавање, цените се пристојни, ноќен живот заборави. Водата на градските плажи (како и сегде) не е нешто посебно чиста, ама се наоѓаат плажи со подобра. Сицилија има многу убави плажи и чиста вода. Ја препорачувам на сите што им е приоритет бањањето. Има и многу убави работи за посетување. За сигурно, резервирајте си од агенција, во хотел. Не е нормално колку се краде. Сите имате слушнато за Сицилијанската мафија и пазете што правите и кажувате. Плажа-хотел-плажа (за најсигурно ). Римини е измислено за со друштво (17+), со добар ноќен живот и одлични хотели. Тука се доаѓа за сончање преку ден и забава навечер. Водата не е многу многу за бањање (според мене, иако сите се бањаат), ама во сите убави хотели има базени. 5те земји (Cinque Terre) е област со 5 микро градчиња, совршено за меден месец (или нешто романтично). Градчињата се многу слатки, изградени на самиот брег, во карактеристичен стил со тесни шарени куќички една до друга. Водата е длабока и многу чиста. Проблем може да ви бидат цените, затоа што е прилично скапо. Ако сепак се решите да одите, верувајте нема да се каете. Посетете ги и Ла Специја и Портофино. Ќе се заљубите во местава. За совршени плажи - Сардинија. Ако имате 5000 евра за давање неделно за куќа и уште толку за храна и за кола (без кола не може ништо), не се мислете. Чисто информативно, Коста Смералда, што се наоѓа во северо-источниот дел на Сардинија е официјално прогласено за најскапо место во Европа. Порто Черво, кое се наоѓа одма до Коста Смералда е омилената летна дестинација на многу холивудски актери (меѓу кои и Ријана). Во Каљари, главниот град на Сардинија, кој се наоѓа на најјужната точка, има една планина во која се верува дека се родил ѓаволот . Среќа имам роднини овде па доаѓам почесто. Ни на крај памет да не ви паднало да одите на плажа во близина на Венеција, Пиза и Ливорно. Ќе фатите шуга. Ако сакате по нешто за туристичките градчиња, слободно пишете ми, ќе ви пратам по ЛП.
Морам да те корегирам. Учам италијански веќе неколку години и сум посетила неколку вакви курса. Да одиш во Калабрија, да учиш италијански е исто како да одиш во Куманово да учиш македонски. Имаат многу чуден дијалект, ни малку сличен на тоа што ние го знаеме како италијански. Ако сакаш да го научиш вистинскиот, убав италијански, од се срце ти ја препорачувам Фиренца. Таму се зборува правилно, граматички и има многу убави летни програми. Тука има многу добра програма - http://centrofiorenza.com/ .
Италија рај! Не носеа на екскурзија и прееубаво е да се види,да се запознае нивната култура,убавите и специфични градби. Посебен впечаток ми остави Венеција,градот на вода , многуте гондоли и специфичниот "Мостот на воздишките", се сеќавам како безброј насобрани гулаби се хранеа од мојата рака, препознатливите маски кои се како симбол на градот..но таа прошетка траеше кратко како и се што е убаво. Верона препозната по куќата на Ромео и Јулија,градбите,толпата народ. Милано..мм пицата сеуште не и го заборавам вкусот, катедралата Ел Дуомо.. премалку е ова да се опише , спомените остануваат ..е сеа Рим не го посетивме ама се надевам некоја наредна прилика со задоволство би отишла.
Едноставно ја обожавам!!! Најпосетена, а можам да речам и најомилена земја ми е. Местата, луѓето, погледите, мирисот, магија, таа земја има неверојатна магија, магија како што немам почувствувано никаде до сега, а сум била во многу земји. Романтики ми е Италија..незнам како да се искажам..и милион пати да одам, никогаш нема да ми стане досадна. Сум била во Рим неколку пати, во Милано, Венеција, Бари, уште едно селце близу бари и Рагуза, Сицилија. Прилично посетена ми е Би сакала и Фиренца да ја посетам, како и Венеција повторно бидејќи многу сакав, али не стигнав да се возам со гондола. Можда дека сум била странец..али искуството со италијанците ми било прекрасно, фини, услужливи, добри луѓе.. Добро е кога бев Сицилија што не налетав на мафијаши Годинава бев Милано, и што да кажам...немам зборови едноставно, прекрасен град, дефинитивно град на модата, немаше човек што не беше убаво облечен, и жени и мажи особено тие од повисока класа, скоцкани од глава до пети леле да ти е милина да ги гледаш, буквално да земеш да се сликаш со него ко да е познат...од што се толку добро облечени Поплаки..можда треба да подразмислам...али поплаки немам никакви! Се надевам ќе имам и следна прилика да ја посетам...(можда следната година, веќе 3 години по ред одам, традиција ми стана веќе ) Koj е во можност, дефинитивно да ја посети, сега има и евтини летови, и разни организирани патувања
Во Италија до сега сум била 3-4 пати,поточно бев во Верона,Венеција и Милано,уште Рим ми остана Сите градови се преубави не знам како ама некако ја обожавам Италија
Италија е навистина преубава, јас сум ги посетила Римини, Верона, Венеција, Милано, Торино и Рим. Сите се убави и интересни на свој начин, зависи каков тип сте т.е. каде се пронаоѓате. Убаво си поминав во сите, меѓутоа најмногу ми се допадна Рим, чудесен е, секое ќоше е уметност. Ни 1 минута не ми беше досадно, духовно те исполнува и прави да се чувствуваш магично.Храната е по мој вкус, а луѓето весели, темпераментни, отворени и забавни. Желба ми е да го посетам Капри или Портофино некое такво интересно место, па ако некој има предлог би била благодарна.
Јас сега во октомври бев во Италија и можам со сигурност да кажам дека дека видов, доживеав и повеќе од што очекував. Бев во Венеција,Лидо Ди Јесоло, Верона, Милано и Трст. Искрено очекував дека Венеција е многу поскапа од што навистина беше. Ние не седнувавме по ресторани да јадеме или слично , а и немавме многу време, па затоа максимално го искористивме на шетање по тесните улички што се толку конфузни, што лесно може да забегаш накај стариот дел кај што нели се наоѓаат скоро сите познати продавници, ама ние не ни бевме толку заинтересирани за нив така што не забегавме многу во тој дел. Во главно што се однесува на јадењето, јадевме само парче пица што го најдовме за 3 или 4 евра. Многу ми се допадна плоштадот со голубите, сите тие градби, а најмногу Венеција навечер. Дека имавме рок да шетаме до кај 7 часот, баш кога се враќавме со бродот назад, многу беше убава глетката Во Лидо бевме сместени во хотел, убаво морско градче. Најмногу ми се допадна баш заради морето и огромната плажа која ни беше замена за дискотека. Не сум нешто задоволна од хотелот а воедно и од храната која се состоеше од неколку мали парчиња ролатче Верона и Милано ги шетавме во еден ден. Во Верона ја посетивме куќата на Јулија, имавме време за шетање така што ние го искористивме во потрага и јадење во МекДоналдс , додека другите шетаа по бутици После си седевме во паркот пред Арената додека ги чекавме другите. Е сеа Милано ми остави најголем впечаток, почнувајќи од центарот, до огромната улица која води до плоштадот и секако катедралата која е нешто најубаво што го имам видено! И однадвор и одвнатре едноставно само да застанеш на плоштадот и да ја гледаш. И Миланската скала интересна градба. Ја тука поголем дел од време и си го потрошив во потрага по дрес од Јувентус за брат ми Штета што немавме доволно време инаку рекоа дека ќе не носат и на Сан Сиро. Е тогаш слободно ќе си го облечев дресов што го купив Иако на повеќето не им се свиѓање зашто имало демек премногу згради, мене баш ради тоа ми се допадна зашто ми беше многу интересен заради тој некој спој меѓу зградите и парковите што ги имаше на секој чекор. Трст , убаво приморско градче, многу интересно зашто додека да стигнеш таму, како во дупка да влагаш Многу евтин град, ја си купив многу убава, голема ташна за само 10 евра. Не шетавме многу зашто малку време имавме, па тргнавме накај Опатија. Се на се, си поминав одлично и Италија дефинитивно вреди да се посети! (малку се занесов во пишувањево ама морав да си ги споделам импресиите)
Сум била до сега два пати во Италија, во Венеција стриктно двата пати бев еднаш за карневалот еднаш онака. Е сега летово со моите ќе одиме десетина дена во Castel di Ieri, некои 100-150км до Рим е, имаме смештај а одиме со кола во сопствена режија се. Е сега кој го знае тој дел таму, мислам има шетано би ми било од помош да предложите што обавезно да се посети, која од плажите е убава за бањање тука во тој дел... Дефинитивно планираме до Рим да одиме, можно е до Венеција да одиме што многу би сакала пошто ми е животна желба да ја посетам Венеција во лето до Наполи сакавме да одиме и мајка ми има уште некои желби, али би сакала и ваши препораки да прочитам