@Bubbi Сместување имаш на airbnb, и има цени за секој. Ако не ти е страв можеш и во соба во куќа,во центарот. За да не плискаш пари на хотел во центар или да си во хотел, ама подалеку. Во Наполи, се се случува во огромното метро. Картата чини 5 евра , и можеш да ја користиш 3 часа, што е ефтино, затоа што постојано се прекачуваш од една до друга станица. Наполи е бучен град, со многу многу врева како преку ден така преку ноќ. Ефтино е. Градот е многу нечист,како и цела Италија. Ако си близу Наполи, грев е да не го посетиш Амалфи заливот. Само пази да не штрајкува метрото и добро информирај се, затоа што има едно метро што оди директ до Соренто, и друго што врти околу 3 часа. Ако сте за посета, гледај да се вратиш во ист ден атоа што е огин преспивање на Амалфи. Организирај се добро, интернет ретко ќе фаќаш. Тоа е за организацијата таму. Во Наполи има аеродром, па можеш да леташ од Софија, или од Будипешта. Повечќе се исплаќа одБудимпешт затоа што картите се ефтини . ск-будимпешта, будимпешта-наполи. Ако те интересира нешто плус, прашај Во Сицилија не сум била, верувам дека нема големи разлики од тука.
Случајно да не познава некој тука некој во Венеција што издава соба за 2 лица. На airbnb не можам да најдам поевтино од 50 долари ноќ.
Сите патишта водат кон Рим,па и јас ни помалку ни повеќе еден св.Кирил и Методиј се наканив во Рим. Тоа што видов и осетив таму секој да си може бар еднаш во животов,а ако може и повеќе од еднаш не ќе е лошо.
Сите сакаат во Венеција. 50евра по ноќ не ти е скапо. За Вемеција тоа ти е џабалук. Сум бил во Рим,Милано,Верона, Венеција. Ама најубав град за мене е Фиренца. Со визаир до Тревизо и со рентакар до Фиренца. Се сместив на едно од ритчинјата над Фиренца со прекрасен поглед на грдаот. Прекрасно место со убави куќи со борчиња. Понте Векио -Фиренца. Мариа дел Фиоре- катедралата. Фиренца е убава , ама најмногу ме изненади убавината на СИЕНА????? Стар и убав град.
Да сега ке доставам слики, бидејки таква е програмата не прима повеке од 10 фотки. Како што кажав погоре ме изненади убавината на Сиена, стар град со стара архитектура. Сан Гимигано. Сан Миниато. Лука. Пиза. И секако преубавата ТОСКАНА: Дали пак ке одам???? Се разбира. Оваква убавина тешко се наоѓа.
@alf Преубави слики. Планиравме друга локација но ме заинтересира со сликиве. Колку е далеку Фиренца од аеродромот во Тревизо? Има некоја друга опција освен рент а кар?Воз,автобус?
Маци горе доле 267км е.Не знам сега дали си заинтересирана ама прават тури од агенцииве за местава.Јас бев летоска и бев воодушевена, прекрасно, мирно, чисто.Највеќе впечаток ми оставија Cinque Terre.Тие треба да се посетат задолжително.
Па така некако како што пиша фемина погоре околу 270-300км. Има опција со авион до Рим ама пак треба автобус или рентакар. Кога ке стасаш во Фиренца не можеш да ги посетиш овие места без кола, ама како што кажа фемина со агенција е најубаво. За жал ми беше во план и Чинкве Терре ама немав многу слободно време и ми беше отпатно. Добра дестинација е и Болоња - прекрасен град со уште поубава архитектура, ама пак немав време да влезам во Болоња. Затоа пак ги посетив трите најголеми шопинг ’градови’- тоа се шопинг центри надвор од поголемите градови , каде што има околу 40-50 екстра бутици на најпознати италијански и светски фирми. Барберино - 30 км. од Фиренца, Валдичијана -30км од Сиена кон Арецо и Новента Ди Паве 15км од Тревизо. Во овакви бутици забораваш колку ти е платата и ги даваш и последните пари за да си купш нешто.... Е тоа е ИТАЛИЈА-земја на модата.....
Некој што бил на кратка тура преку наша агенција? Сакам да уплатам за 8ми март но не знам некој што бил да прашам дали е задоволен. Еден ден се посетува Венеција, втор ден Падова и Верона и трет ден Тревисо.
Здраво феминки, некоја да пише искуство на Сицилија со дете, малата би била година и пол кога сакаме да одиме. Сместување сакаме во Палермо, цени, плажи, услуга, безбедност, што мислите?
Сакам да одам на одмор во Италија, но со траект од Албанија. Дали знаете кои се цените на траект во јуни/јули месец од Албанија до Италија?
А зошто те интересира тоа каде точно во јужна Италија ќе одам кога ферито патува од Драч до Бари? Каква разлика ќе има ако ти кажам дека ќе патувам за Анкона или Трст? Не гледам зошто не би ми одговорила на прашањето доколку го знаеш одговорот...
Во јули се поскапи цените,отколку во јуни.Ако одиш со кола е поскапо,ако сакаш кабина е поскапо,ако сакаш да патуваш преку ноќ е исто така поскапо.Поефтино е Драч-Бари,oд Игуменица до Бриндизи е нешто поскапо. Цените овде може да си ги провериш,ќе си избереш каде,кога и со што ќе патуваш. https://www.directferries.com/
Што се правиш со сила мутав не знам.. Ич не ми е гајле кај ќе одиш туку ДО каде сакаш да одиш. Ти ако сакаш оди ДО Анкона а после тоа до Шпанија со бус.. небитно. Од Драч има фери до Анкона Бари и Трст. Од Валона има до Бриндиси... Затоа те прашав за да ти кажам цени отприлика. Ама како и секој друг што само прашува а нема абер од патување, така и ти.. Само да се праша нешто.. Ако сакаш да одиш за Италија, тогаш сигурно знаеш каде сакаш да одиш.. Просто е.. За уште попросто да ти кажам, поефтино ти е со кола до таму или со авион.
Летово сакам да одам на Сицилија. Ако некој бил може да сподели инфо како се движат цените, што да се посети и така натака.