Италиjанска храна

Дискусија во 'Рецепти' започната од KKS, 12 јуни 2016.

  1. KKS

    KKS Активен член

    Се зачлени на:
    26 март 2016
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Здраво феминки, ваква тема не видов а ако има нека оди у канта :)
    Обожавател сум на италианската кујна, тестенини, пица се италианско па затоа и ја направив темава сакам некои рецептчиња да ми дадете да си правам сум пробала многу ама ај да видам, значи темава ви е све за италианската храна :D..
     
  2. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.852
    Допаѓања:
    173.352
    Пол:
    Женски
    Прво, да не звучам како идиотка некоја ама насловот не е точен..
    Друго..пица и тестенини не се единствените италиЈански специјалитети..
    Ризотото потекнува од околината на Венеција ако не се лажам
    Тирамису е исто италијанска измислица, панетонето што искрено многу го сакам, кростата (тарт), пастиера, семифредо, каноли, панакота, струфоли (како би мавнала 5-6 сега;() и ред други работи, не ми текнуваат сега..




    Струфоли

    Овие италијански пржени колаченца обично се прават за Божиќ или за време на карневалските денови, но моите деца ги сакаат и затоа почесто си ги правиме.

    Во еден сад ставете ги сите состојки за тесто и убаво измесете го да се добие изедначено тврдо тесто. Готовото тесто покријте го со крпа и оставете го да одмори најмалку половина час. Потоа премесете го.
    Од тестото кините парчина и на малку набрашнета или намрсена површина правите стапчиња дебели колку еден прст. Со нож исечете ги на многу мали парченца. Кога сите ќе се готови во повисока тава загрејте го маслото и пржете ги на среден оган додека добијат кремаста боја и внимавајте да не потемнат.
    Пржени извадете ги на кујнска салфетка.
    Откако сите ќе ги испржите, медот ставете го во тенџере и загрејте го колку да се растопи. Додајте ги струфолите и шеќерните трошки и убаво измешајте ги.
    Префрлете ги во голема чинија и послужете ги.
     
    На angrypepper, Victorian и Esmeralda-MD им се допаѓа ова.