Зарем е можно да нема тема за мудрецот мариовски? Ајде мислење за книгата, која случка ви е најинтересна, која ви останалa во сеќавање? Итар Пејо — еден од најпознатите ликови во македонските народни приказни, кој е многу омилен меѓу младите читатели. Итар Пејо, некаде познат и како Итроман Пејо или Итар Пејо - Мариоец е обичен сиромашен македонски селанец од Мариово кој се одликува со извонредна итрина, снаодливост и воедно е претставник на македонската шегобијна мудрост. Во приказните за него тој секогаш на итар начин им се оддолжува на тие што сакаат да му наштетат (обично турските големци), а неговите постапки често изнудуваат смеа и почит кај читателите. Нема историски потврди за неговото постоење и веројатно се појавил како противтежа на османлискиот итроманец и шегаџија Насредин Оџа во духовниот отпор на македонскиот народ против османлиското угнетување. Во многу македонски народни приказни со шеговити или сатирични мотиви и фабули, тој токму него редовно го надмудрува. Итар Пејо често ги насамарува и лакомите селски попови. Забележани се голем број прозни записи, каде што е главен јунак, а бил честа тема и на нашите хумористи и карикатуристи. МРТ сними и една серија по сценарио на Миле Неделковски и во режија наКоле Ангеловски во 1977 г. За него има преку триесетина приказни кои во збирката „Итар Пејо“ најпрвин ги има собрано писателотСтале Попов(познат хроничар и раскажувач на Мариово). Последниве години на неколку пати повторно се издаваа дополнети збирки со приказните за Итар Пејо, а дел од приказните за него се преведени и на неколку странски јазици. Според некои кажувања, личноста Итар Пејо навистина постоела и била од мариовското село Градешница.