Итно! Прашања за здравјето на бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    18.598
    Допаѓања:
    43.305
    Често имаме низ форумов и низ темите прашања што се со поитна природа и во кои стои Потребен ми е брз одговор.
    Доколку сакате да прашате такво нешто поврзано со вашето бебе сторете го тоа тука, но само и само доколку навистина имате потреба, во секој друг случај искористете ги другите теми за совети.

    Темата ќе стои како важна најгоре да биде секогаш достапна, верувам сите мајки ќе отвориме да видиме доколку можеме да помогнеме со совет, затоа уште еднаш ве замолувам да не се злоупотребува темата и да биде оставена за оние кои навистина имаат потреба, додека нели, се отиде на доктор, па да се слушне и некое друго мислење.
    Сепак, да не заборавиме дека ова е форум и тука сме да споделиме искуства, но при некоја итна ситуација мислењето од доктор е најважно.
     
    На Среќичка, abc1234, PeachGirl и 59 други им се допаѓа ова.
  2. Dragana Gj.

    Dragana Gj. Активен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2018
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    Здраво, бебе има 5 месеци и некако едното окце му бега навнатре..дали имала некоја мајка вака :( дали е мало за на очен лекар? И док што се бави со оваа проблематика
     
  3. Annah87

    Annah87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2015
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    709
    Пол:
    Женски
    Мислам дека е нормално, уште не им е фокусиран погледот. Сепак консултирај се со педијатар.
     
    На Moonpie му/ѝ се допаѓа ова.
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    8.643
    Допаѓања:
    47.434
    Пол:
    Женски
    Ако не е константно односно ако му бега само понекогаш е нормално во првите 9м мислам.
     
    На Dragana Gj. му/ѝ се допаѓа ова.
  5. NarCis@

    NarCis@ Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    2.880
    Допаѓања:
    43.466
    Пол:
    Женски
    Не е на одмет да го види офталмолог, детски ако најдете уште подобро. И да не е ништо, барем доктор ќе ви каже да не мислите.
     
    На Alishan30 и Dragana Gj. им се допаѓа ова.
  6. Bibi30

    Bibi30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2017
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    1.048
    Пол:
    Женски
    Дали има некој педијатар, служба, што знаете што доаѓа дома да слушне деца?? И со плаќање само да не ги носам сега, мн кашлаат
     
    На didisi му/ѝ се допаѓа ова.
  7. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    18.889
    Допаѓања:
    93.868
    Неуромедика имаат домашна посета. Дали педијатар би дошол не знам.
     
    На didisi и Bibi30 им се допаѓа ова.
  8. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    12.140
    Допаѓања:
    58.258
    Пол:
    Женски
    Кај кој педијатар сте? Мене Паскалов ми има дојдено дома во сабота, само тогаш он ни беше матичен.. Инаку во Козле брзо се завршува, бар ние не сме чекале многу таму. Може некој во кола да поседи ако има дечиња пред вас, па кога ке ви дојде ред одма да влезете, има големи простории таму и може да се почека и на страна...
     
    На Alishan30 и Bibi30 им се допаѓа ова.
  9. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    62.630
    Се снајде? Има педијатар од козле ,со плаќање е . Ако треба да ти пратам лп пиши
     
  10. Bibi30

    Bibi30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2017
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    1.048
    Пол:
    Женски
    Бевме до Козле, не дај боже ако ми затреба пак ќе ти пишам да ми дадеш бр.
     
    На didisi и eli25 им се допаѓа ова.
  11. didisi

    didisi Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    1.741
    Допаѓања:
    2.741
    Ја имам фрлено дозерката за далерон некој да ми каже отприлика 3, 5мл колку е во лажички?
     
  12. fana

    fana Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    3.877
    Допаѓања:
    15.517
    Пол:
    Женски
    Измери со шприц, не може да се каже ни приближно
     
    На didisi му/ѝ се допаѓа ова.
  13. kristina.k

    kristina.k Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    3.675
    Допаѓања:
    16.881
    Пол:
    Женски
    Лажичка од друг сируп немаш? На нив е означено 2.5 мл и 5 мл е полна, па од прилика ке знаеш.
     
    На didisi му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Zagrizena@mama

    Zagrizena@mama Нов член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2019
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите, како прво да ви посакам успешна година на сите нова сум на форумот а и нова мама бебето е 3месеци и во последно време приметив дека главчето му е топло а челото ладно,мерам температурата со дигитален во уво од 37.4 до 38 доаѓа ,а под пазува исто со дигитален 36.6 ... Сакав да прашам од поискусните мами дали има место за паника ? Ви благодарам
     
  15. bella12

    bella12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    3.237
    Пол:
    Женски
    Ако е 36,6 нема простор за паника.Но ако надмине 37,2 би пратила ситуација затоа што може веднаш да крене и повеќе.
     
  16. Zagrizena@mama

    Zagrizena@mama Нов член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2019
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Под пазува нема поминато повеке од 36,6 ,мене ме буни и загрижува тоа што главчето му е топло и ми покажува различни температури
     
  17. melani@

    melani@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2018
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    136
    Пол:
    Женски
    Повраќање на засирено млеко кај 2 и пол месечно бебе, има место за паника или нормално е?
     
  18. Chanell*

    Chanell* Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    16.955
    Пол:
    Женски
    А ректално мереше т?
    Јас само така сум сигурна дали има или не покачена тт. Од добиениот резултат минусираш 3 степени за да дојдеш до точниот.Ма да ја мислам нема потреба за паника, на мое бебе кое веќе е 5+ секогаш му е топла главата, особено ако дома е малку потопло од што треба :)
    Челото ладно,главчето топло,бебе весело .. Никогаш не сум мерела тт заради ова затоа што сметам дека е нормално.
    И земи си топломер со жива, јас дигиталниот го фрлив баш заради тоа што ми покажуваше различни резултати. Бебе имаше тт после вакцина, а дигиталниот 3 пати различно мереше и покажуваше пониско од 37, а скоро 38 одеше.

    @melani@ Нормално, преработено млеко кое му е вишок, го исфрла надвор. Затоа е и засирено.
     
    На Zagrizena@mama му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Zagrizena@mama

    Zagrizena@mama Нов член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2019
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Ректално не сум мерела и незнам дали ке можам ,некако ми е страв додуша последниве 15 дена кака на 3 дена по еднаш па можеби и од тоа склет да му е
     
  20. sweet.november

    sweet.november Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    1.866
    Здраво, пишав во темата совети за бебиња над 6 месеци но не добив одговор па затоа пишувам тука. Бебе е 6 и пол месеци, пред неколку дена почна да кашла и носе затнато. Правам инхалации и чистам со пумпица. Се храни со измолзено мајчино млеко и еден оброк кашичка наутро. До вчера си пиеше млеко но откако ке се закашла од шлајмови му се подига и го по повраќаше млекото, а кашичка одбива секаква. Вчера бевме на педијатар, преслушан на гради е чист нема ништо, крвната слика покажува дека е вирус, а уште чекаме резултати од брис од грло и нос дали има бактерија и потреба од антибиотик. Она што ме загрижува е што откако си дојдовме од доктор почна многу повеќе да кашла, носето му се растечи ептен (кога влечам со пумпица плаче вришти), очињата му светат а температура нема. Одбива да пие млеко, вода чајче или било што. Страв ми е да не дехидрира затоа што ништо не внесува, а сепак е весел прилично. Дали да го носам пак на доктор, дали имате некое вакво искуство или совет како да му помогнам? Ставам капки ефедрин 3х1 и инхалации ама подобрување нема. Се трудам барем малку да испие млеко па макар и да го поврати и да исфрли шлајм ама одбива дури и во сон. Можеби @Alishan30 би можела нешто да ме посоветува?