Дете еднаш ми дојде со 35 температура,бледо и бело како духче.загревавме, физички,масажи.со топли напитоци, со печка во загреана соба.не ја покачи,дури и 34,7 падна.веднаш беше испратено на невролог и терморегулационен центар се испитуваше кај него.на крај излезе после примање на урбазон инекција заради бронхоопструкција, му делувало така.и оттогаш ниту кортико ниту парацетамоли се даваат.сега е веќе нормална температурата. Затоа апелирав, веднаш на доктор
Ete za u ponedelnik Ni dadoa ama od zabcinjata bilo, kecot dole nikna Sega Gore 4 od ednas vadime ...cudno neli prvo prvite dve dolni see vadat PA posle gornite? Dolu samo edno zabce imame
Фала на сите за споделените совети,во право бевете премногу лекови за температура ама и не беше толку ниска 35.6 и измерија кога ја однесовме. Мене топломерот ми бил со слаба батерија ја пратевме цел ден и никогаш не падна под 35.6 уште истиот ден се искачи на 36 сега сме супер 36.5.
Мамички помош малата ми има 6 месеци,сега забележав дека е нафрлена во лицето во пределот на брадата и образите има како ситни бубулички. Ја соблеков и проверив на друго место нема. Не мачат забчиња а и утрово прв пат и дадов кашичка од кајсија Хип 4 мали лажички. Дали е реакција од кајсијата или е нешто друго ? Утре не работи нашава педијатарка а некако не ми се чека до Понеделник.
Сликај ако не ти е проблем. Може е контактно, алергиско, импетиго? Сепак е бебенце, вака не знаеме ни како изгледа
Едвај ја успав вознемирена беше мислам дека ја упропасти цуцлата од џвакање. Се надевам се гледа на сликата,ова е најдобро што можев без да ја разбудам со блиц.
Душиче мало, извини ако ја вознемиривме со сликањето. По ова личе на контактно, дал од цуцла дал со раче што се има чепнато од нешто нечисто, следи ја. Освен крем со невен или јекодерм или уриаж за бебче не ставај ништо. Не изгледа дека е нешто сериозно, следи ја
Фала многу на брзиот одговор,имавме и гости ми ја зимаа ја носеа во раце,ја бакнуваа а тоа највеќе го мразам ептен паники ме фаќаат прво дете ми е.
И од бацување исто може да е, не им дозволувај, колку и да се лутат,стварно не хумано е колку и да ја сакаат ама не во лице да ја бацуваат
Предупредувам и кажувам ама кому! Толку да се немало осет, се лутат и пак исто. Во првите 40 дена 3 пати ми се разболе. Мразам гости особено сега поради епидемијава страв ми е и на преглед да ја однесам а дома постојано имам некого ми доаѓаат без да се најават знаат дека сме дома. Сакам да се скриеме некаде . Фала многу сепак ќе ја следам.
Заклучи и не отварај кога ти ѕвонат. Отпосле разгласи дека сте сеуште мали за посети и дека 'спиете' одмарате по дома и не слушате ѕвонче
на дете од братучеда од маж ми му излагаа вакви често. Прво од цуцлата потоа кога почна да јаде кашички многу се шлакаше околу уста и од тоа му беше. Нас одсекогаш ни излагале еве 6 години има ама уште од бебе му излагаа. Еднаш од што се чешаше од ноктите после од цуцлата па од постелнините па веќе престанав да забележувам и така како што се појавуваа така и исчезнуваа. Помага невеново масло облоги од камилица но не е страшно како што ти кажаа контактно е. мене многу ми е глупаво да идат гости и да го шлапаат и бацуваат бебето. Ајде чувај го враце ама да го бацуваш... Зошто?
Велиш може и од кашите? Па се ушлакавме малку денес не и се допадна кајсијата ама одма ја измив. Редовно и го мијам устето и рачињата бидејќи се лигави често. Инаку има луѓе без осет и совест. Ми доаѓале со настинати деца на честитање. Колку и да напоменувам џабе! Ќе дојдат и ќе се тупнат во дневна, јас малата ќе ја одвојам во спална и додека послужам сок кафе благо ете ти во меѓувреме некој и се пикнал во соба и ја “гњави”. Највеќе си патиме од своите. Vitamina најдобар совет даде така ќе постапам. Ви благодарам многу на сите. Од мене толку,да не помислат другите членови дека има многу “итни случаи” со нотификацииве.
и јас мислам дека витамина е во право. Прво ти како тазе породена ти треба време за одмор а и обврските ти се над глава па уште и гости ти фалат. Без разлика дали се 6 недели или 6месеци во прашање. Зачувај си го здравјето на детето а богами и своето ментално здравје. макар и да им речеш да не идат.
На моево му излагаа вакви брунчиња и уште му излагаат. Имавме период на зима кога излагаа многу често. Советот од погоре го примени од сега па понатаму и нема да имаш проблем Сметам дека советот не е лаги туку реална вистина.
Мојава од лиги вака се исфрлува, да не се лигави? Баш периодот заби кога вадеше се лигавеше и се нафрлуваше баш вака на брадичката само (најверојатно поради лиги и прашинка и се лепеше)..
Не да се лигави туку е ЧЕШМА ! И рацете постојано и се в уста. И многу се поти особено навечер кога спие иако температурата во собата е 23-25 C. Башка што е вознемирена и дур и никнат запчињата мене рогови ќе ми никнат. Ја чешкам со силиконската навлака за прст од NUK и мачкам со дентинокс. Но не сум знаела дека може и од лиги да се нафрли. Благодарам мамичка.
23-25 ти е висока температура за спиење. На 25 се бањаат бебињата, дневна температура треба да е околу 22-23 а за спиење од 19-21 степени.