Што користите кога се поцрви бебе околу пеленска регија.. Ние стававме мустела стелатопија,бебешка пудра, се миевме и со камилица и се повеќе е црвено.
Било каква крема со цинк користи, ние од мустела цела колекција ја имаме,стелатопија е за многу сува и осетливс кожа (атопична) ама не се става на тој предел како заштита.
Majki bebeto mi e 5meseci no seuste ne go drzi glavceto. Pedijatarot ne sovetuva da pojdeme na eho, dali ste imale vakvo iskustvo?
Здраво мамии, детево ми има 1год и 2месеци сабајлево ми крена темп, 39со3 и има кашава столица дадов далерон и се спушти на 38 инаку е весела и не приметувам проблем со носето и кашлица а во меѓувреме вади заби 3ки и 4ки.До сега со забиве ми нема кренато темп, кое е вашето искуство дали е можно да е од забите или владее некој вирус? Педијатаров ми вели шанса нема од заби да е,и стандард муабет одма сомневање во Корона. А немам денес кај да испитам крвна слика. Извинете на долгиов пост
Со лесно мајка. Од заби тешко дека ќе качи 39. А и чим до сега не качило, не е од тоа. Не мора да значи дека е Корона, освен ако сте немале контакт со веќе заразен. Можеби е некој вирус. Аман веќе и од докториве, температурата не значи само Корона.
Ти благодарам, утре одма испитуваме крвна слика и одам на педијатар. Денеска цел ден на 4ч давам далерон, спаѓа само до 38
Мајки, има ли некоја будна? Леле многу сум исплашена, рацете ми се тресат... Беба од вчера поручекта ептен беше цел ден раздразлива. Воедно приметив дека десното раче послабо го мрда од левото. Некако ко да не може да го крене нагоре.. има ли можност да се има изместено од местото ? сега баш спие моментално и ако ја мрднам посилно , плаче. Не паднала, не се урила. Ама викам при пресоблекување/играње мм да не ја по естил нешто нагло и се изместило рачето. Што да правиме? Леле страв ми е од нервоза и млеково да не го изгубам... за два дена 9 месеци ќе дме
Можно е од некој потег нејзин да го има шинато. Сабајле рано веднаш на лекар. Ние на 4месеци одприлика имавме проблем така се шинал ама на половината дете не можеше да мрдне и само си плаче на рамо во раце и си офка мислиш.
Да да , ќе ја носиме секако ,ваљда педијатарот ќе знае да и ја врати на место.. Големата ќерка го имаше изместено зглобот, мајками ја повлече и плачеше цела ноќ , па кога ја однесовме во болница еден доктор ја виде и и ја врати на место. Но ова ниту го влечевме ни ништо. Што друго може да биде така оддеднаш фала ти..
Корицаки сега те читам. Што направивте? Бевте ли на доктор? Се надевам се е во ред. Пиши кога ќе можеш.
Бебево денеска го шетав малку на сонце и сега се вцрви малку во рачињата, леле страв ми е крем не користиме мал е уште за една недела 5 месеци сме.. Помагајте со што да го мачкам?
@Yowannty @ocicka2014 фала ви девојки што не мислите ја однесовме на ортопед , најпрво се јавивме на педијатар и ни рече право на ортопед. Бевме во 16:30 и да, изместен бил лактот и и го намести. Затоа не можела да го крене горе рачето. А кутрото дома не ни плачеше.. Рече никако влечење бебе за раце , на пример при паткање ни кажа под пазуви да ја држиме , не за раче, зошто многу лесно може да се измести рскавицата таму. Ова се случува кај деца од 6 месеци до 3 години. Кога и ја местеше плачеше повеќе и одма почна да ја движи раката ко ништо да не било. Јас бев сигурна дека е тоа , веќе познато од др. ќерка.