Итно! Прашања за здравјето на бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.216
    Допаѓања:
    26.212
    Пол:
    Женски
    Мајка мустела или веледа да користиш слободно. Беба мене ми е многу бела и одма ми рекоа да ја мачкам, само тие две се дозволени за толку мали.
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.665
    Пол:
    Женски
    По бапски на сите машки бебиња им се бае. А што се, ни тие што веруваат во тоа не знаат. Кој да прашаш различно ќе ти каже. Ние не бевме на бајачка, немаме траги од клинови, што и да е тоа :)
     
  3. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.750
    Допаѓања:
    13.658
    Пол:
    Женски
    Тие клинови демек биле како игли што го боцкале бебето додека е мало и од нив се баело за да ги нема.
    Така ми има кажано една жена.
    А уствари тоа му е на бебето од што има грчеви и плаче и бабите знаат да кажат на бајачка да се носи.
    Ама реално во денешно време со толку напредни сфаќања, медицина итн.
    Срамота е дете да однесеш од тоа да му баат а знаеш зашто плаче.
    Срамота е да однесеш од било што да му баат ама ајде.
     
    На PoisonGirl, koritsaki, Bubish26 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.665
    Пол:
    Женски
    И ако мислите на бајачка да носите бебе, помислете на пандемијава. Не си прајте од готово вересија, да не добиете корона гратис :worried:
     
    На PoisonGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. SarChee

    SarChee Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2013
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    372
    Мами, детево 1год и 2м во неделата ми крена температура, имаше до сношти, денеска нема. исто има и пролив, црп покачено педијатар ни рече вирусно е и ни даде панцеф кој го пија од вчера. Вечерва ми се нафрли со ситни црвени точки на градите, мешето, вратот и малце на образ Од што можи да е? Педијатаров не ми крева на тел па до утре нема да сум раат
     

    Прикачени фајлови:

  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.933
    Допаѓања:
    203.213
    Пол:
    Женски
    Roseola. Осипот ќе трае исто толку денови колку што имало тт, антибиотик немало потреба да пие, па уште и панцеф...прашај го педијатарот дали да го прекинеш, ама ако си почнала да и даваш, не треба да се прекинува. Осипот ќе помине сам од себе, нема потреба да се мачка со нешто.
     
    На Sexybaby86, duffi и SarChee им се допаѓа ова.
  7. SarChee

    SarChee Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2013
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    372
    Ти благодарам многу, баш ми олесна. До сега ми се нема нафрлано вака никогаш. Утре ќе се консултирам со педијатарот
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Да, ова е розеола вирус. Антибиотик не е потребен, нема да делува, а па и ако има проливче, уште толку не треба да го пие заради стомачето. Види со педијатарот утре дали да продолжите со пиење, а за осипот не помага мачкање со ништо, сам од себе поминува за 2-3 дена.
     
    На SarChee му/ѝ се допаѓа ова.
  9. mother_989

    mother_989 Активен член

    Се зачлени на:
    2 април 2020
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    2
    Мајки здраво,
    Не знам дали прашањето е за тука па ако знае некоја нека каже каде да пишам.
    Дали некоја мајка се соочила со непаѓање на папоче повеќе од 4 недели. Педијатарот вели дека е реткост но се случува бидејќи папочната врвца била подебела, но јас сум загрижена (на првото му падна 2 дена откако се вративме од болница, а еве на второво абер нема). Го чистам со алкохол, а дополнително после бањање ставам хидроген и бивацин.
     
  10. Sani.Z

    Sani.Z Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    13
    Здраво мајки
    Од денеска почнавме со пробивање на вкусови и направив морковче,нО после неколку часа забележав на рачето и ноже црвени точки дали тоа е знак дека е алергична на морков?Сега ми е страв да продолжам со давање на друг зеленчук.
     

    Прикачени фајлови:

  11. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    Направи пауза некој ден и пробај пак.
     
  12. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.437
    Допаѓања:
    18.682
    Бебево се исече на прстето,изгледа на огледалото.
    Течеше крв го ставив неколку пати под чешма и кога малце престана залепив ханзапласт.
    Дали треба да мачкам со нешто?
     
  13. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    3.995
    Ако имаш јод за дезинфекција или кантарионово масло е баш за отворени рани..
     
  14. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.909
    Допаѓања:
    18.796
    Пол:
    Женски
    Исчисти со хидроген. Ако имаш од оној спреј за рани, никако не ми текнува на името, можеш и бивацин прашок. Ама ако става во уста најдобро ништо, единствено пурелан ако имаш.
     
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.933
    Допаѓања:
    203.213
    Пол:
    Женски
    Ништо не ставај, ќе помине.Многу брзо заздравуваат вакви рани кај бебиња.

    Лоша е сликава, ама од морков на дланки не се јавува реакција, ќе биде околу уста, на гради и стомак. Општо, како и секоја нутритивна алергија. Ова ми личи или на полазано.
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.437
    Допаѓања:
    18.682
    Каков е тој вирус што го има во моментов, мало исфрлање по телото, 3-4 дена со температура над 38.5 и денес цело тело исфрлено?
    А не биле сипаници:^)
    Внуката има, вака ми кажа мајка и така и кажал педијатарот?
     
  17. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.798
    Допаѓања:
    145.362
    Розеола веројатно.
    Скоро секое дете го прележува. Ништо страшно. Ќе помине.
    Осипот не чеша, не боли. Се повлекува сам.
     
  18. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.437
    Допаѓања:
    18.682
    Вака почна осипот.
    Дали се пренесува? Се плашам за моето бебе:worried:
     

    Прикачени фајлови:

  19. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.798
    Допаѓања:
    145.362
    Не можам да видам убаво. Мислам дека розеолата нема испакнати брунчиња.
    Докторка @Alishan30 ќе каже најдобро.

    Розеолата е пренослива. Ама не дека 100% ќе се зарази.
    И да ја фати, не е ништо страшно.
     
    На Alishan30 и Sofi.ja им се допаѓа ова.
  20. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.202
    Пол:
    Женски
    Само на торзото има или и на други места? Нека проверат во уста на внатрешната страна од образите, и под мишки обавезно. Ова едново личи на везикула па да исклучите можност дека се сипаници.