Во аптека така ми кажаа, така направив, три пати до сега и ставив и можам да кажам дека има ефект. А педијатар ми кажа од двете исто да ставам но тенок слој, не ми наведе колку дена. Аптекарката ми рече те чекам утре да дојдеш и да ми каже дека ви поминало. Инаку незнам што да и купам за да ја мачкам кога излегуваме на сонце. Ме влече повеќе на Еуцерин, на Мустела воопшто ништо немам земено, ниту пак на ова другото ама некако сум посигурна дека е добро. Да 50 фактор би земала.
Така ми кажа педијатарот, не повеќе од 3 дена. Штом ти кажал доктор поинаку, ок е. За Мустелава, имаш право, сега видов. Ќе ја фрлам, иако рокот и’ е до следната година
женски ако знае некоја да ми кажи дали е во ред се ке ги носам кај матичната поручек ама за секој случај да седам рает.. Бебуш има 9 и пол месеци..
За помало од година ми рекоа дека се само од Мустела и Веледа. Ние од Мустела ја користиме, пошо цела колекција ми е од нив и ајде реков.
Готово, ни помина со користење на три дена. Тие две креми ги мешавме и ни помина. Фала ви. На Чико како сте задоволни со купките? Земав една од ДМ до сега користевме на Corine di Fafme, не беше лоша. Сега ја земавме оваа, не сме ја пробале уште.
Hello. После 3-4 вечери непроспиени, со несвојствено вриење и станување на бебето, ноќеска стана со тем 38. Ништо немам дадено како лепче или сируп барем до 38.5 чекам ако крене. А вака не е омалаксана ,повеќе спие и е не расположена. Убаво јаде и повеќе е на цице и пие многу вода. Се јавив кај матичниот, не примале бебиња ми рече имале случај сомнителен на ковид. По тел ќе сме се консултирале. Наод друг нема, течење на носе или грло. Се јавив и на здраво бебе, ми рече да испитам кс и мокрача. Но каде? Некоја приватна лабораторија Битола Охрид да прави? Дали од заби може тем да крене. Некако цели време се чеша, пика во уста се што ќе најде. Со синко немав таква мака со забите.
Во суштина за температура до 3 дена не се носе дете на болница. Ако температура е не превисока. Може да е некоја вироза или вирус па и така не се дава ништо за тоа. Пробај стисни и ги ушињата дали ја болат. За мокрача јас со кеса од аптека собрав и го однесов одма за да не се загаде примерокот. За запчиња незнам што да ти кажам, некој вика дека не се крева температура, некој викат се крева. Мојата матична вика дека до 38тем може да е од заби, по висока не. Мене 2 пати ми се има 'погодено' да има ниска температура баш кога вадеше заби па сега незнам..
Фала Во меѓувреме направивме КС во ред е. Или вироза или заби ни рече др. До 39 крена, но со чепче и туширање паѓа. Нон стоп е на цицка и спие. Лошо време нема кај да ја носам. Крв во колата ни зедоа, а др не не прима.
Без паника само. Соблечи ја на пеленка, туширај ја почесто само тело. И да одиш на доктор за вироза нема што да и дадат. Давај и цело време нека цица и тоа е
72 час му треба н организмот за да почне да се бори со вирозата. Ако и по 3 дена нема подобрување побарајте го пак вашиот педијатар.
Zdravo. Bebce e edna nedela, koga mu menuvav pelena imase sosem malce kako krv vo mockata na primer kako edna tocka da padnala,pa se razleala.
Кај внуката имаше така рекоа хормони од мајката се. А може и папчето ако крвари да видиш во пелената крв,ако се допира
Фала мила. Денес попладне конечно попушти вирусот и температурата до 39 беше последно. Преку тоа цело време беше над 39.5 Сега веќе 5 часа немам ништо дадено против температура, а нема кренато. Почна пак вода да пие и цица.
На првото дете му падна некаде плус минус недела дена, а сега на второто дури после 14дена.. Патронажната сестра ни кажа дека било нормално од 3 дена до 1месец
Кај моево имаше вака. Пред да не пуштат од болница на ехо на бешика се виде дека има наталожени кристали за кои докторката ми рече постепено ќе ги исфрли преку мокрача и да не паничам ако видам како капки крв во пелената бидејќи во контакт со кислород така се обојувале. После 5-6 дена ги снема скроз. Следи ако ги има подолго консултирај се со доктор
Мајки сабајле бебе ми се искака и каките му беа малце зелени. Од храна не е дека не сум јадела нешто што би можело да е од храната од мене. Што значи тоа да не е настинато дали е нешто што треба да се грижам ??
Не е настинато и кај нас понекогаш се случува обично кога не цица доволно. На пример, сега искачаме од втор скок и последната недела одбиваше да цица, едвај на сила стоејќи го доев и неколку пати му беше зелена. А и не мора да значи, имам читано дека е можно и ако го цица само тоа првото водлесто млеко и не стига до помрсното.