Со ставање на стомак ја вежба мускулатурата која го држи главчето. Околу 2 месец почна сам. Секој ден ставај бебе на стомак додека не почне да му досадува.
Здраво. Јас сум нова мамичка и нова на форумот. Синко е денес точно 40 дена, е сега цело време на устичето има ситни влакненца од алиштата од постелнината прашинки а сигурно и голта од нив дали може да ми направи некој проблем некоја инфекција бактерија. Ако знае некој ве молам за одговор.
Пред да наместиш нешто убаво истреси го. Инаку, бактериите се толку ситни, не се видливи со голо око, па и ако ги има во воздухот, ти нема да знаеш. Тие влакненца само може да го пецкаат бебуш, инфекција од нив не. Освен ако не стоеле на некоја нечиста површина, што секако не стоеле.
Мајки ќе ве замолам за совет, одамна ја имаме оваа бактерија во окцето и досега ставав тобрекс капки и маст хлорамфеникол а сега моментално и ставам вигамокс капки. Ова се резултатите од вториот брис. Некоја да се соочила со ваква бактерија и што стававте за да помине. Веќе 6 месеци се лечиме и повторно и повторно се појавува
Сабајле бевме да ја примиме вакцината на 6месеци, шестовалентната. Крвна слика супер, 5.520 сме тешки. Родилна тежина имавме 2.930.На 4 месеци кога ја носевме немаше доволно килажа за таа околу 4 и нешто бевме, ама сепак ја примивме. Нели е мала таа килажа за 6 месечно бебе? Денес ќе одиме на педијатар, ќе видам како ќе реагира и што ќе ми каже. Одма барам друг педијатар. Од 2 месеци не сме биле на контрола, не сакаше да не прими поради вирусот. Но повеќе е и моја грешка што не исистирав на лични прегледи.. Има ли некој со слично искуство? Да напоменам јадеме кашички, и домашни и купечки и млеко пиеме, да е гладна ќе плаче, ја хранам додека не почне да плука. Совет.
Женски бебо ми падна во трендафили го изгреба рачето и му влезе еден трн му го извадив. Дали нешто да му ставам на местото каде е изгребан?
Ако имаше Бетадин, Хидроген нешто можеш да ставиш. Ама не е задолжително. Тек ќе паѓа и лупи коленици. Им мине брзо. Не се плаши.
Моево се исече пред некое време на прстето,педијатарот ми рече да исчистам со алкохол или бетадин,а после спреј Виоплекс или Банеоцин прашак да ставиме и да затвориме со ханзапласт. Ова ми го пиша откако го залепив ханзапластот,кога дојде мм од работа таман да му направиме третман,за секунда го снема ханзапластот,погоди каде, во уста. Му го извадивме и оставивме само од себе да помине. Сепак ги става прстите во уста,не ми се мачкаше ништо.
Ваљда истиот проблем го имате. Мене ме убедија дека сум немала доволно млеко и почнавме да даваме ад. Педијатар ова. Не сум сигурна дали беше вистина, @Kaetana е мислам експерт на темава.
Не верувам дека е за млеко, бидејќи имам градите ми се полни и кога цица слушам убаво си голта си бара обично на 2-3 часа да цица. Пелените му се мочкани полни, а каката е количински многу само што е слузава и жолто зелена. Се мислам сега да не е од тоа што се лигави многу.
Што знам....не е толку лоша килажата, поважно е да има континуитет во напредокот. Според педијатрите на 6 треба да ја дуплира, на 9 да ја триплира родилната килажа. Видете и друг педијатар, мада што само за мерење не би носела дете во ова време на епидемија.
До година да ја триплира. Ама не мора. Синко е роден над 4 кг. На 9 месеци да има 12 кг би било многу. 11+ е и скоро ке ја триплира, ама нема да е баш до грам триплирана. Триплирање на килажа не е најбитната работа на свет. Може да ја триплира со јадење чоколади, макарони и сл. ама дали ке е добра крвната слика? Кај нас докторите само да задоволат стандарди за тежина гледаат а мајките се секираат дека децата им се слаби. А многу побитна е крвна слика, психички и физички развој.
Нема потреба да се грижам. Се е во ред, просечна тежина на бебињата на таа возраст е околу 6кг, 6 и нешто, ние сме тешки 5.520 не е некоја голема разлика и нема потреба од грижа. За еден месец сме повторно на контрола. Крвната слика ни е супер. И те како дека ќе ја носам на контрола, барем уште следниот месец, да видиме како ќе напредуваме.
Не се замарај. Како што пишуваш беба ти е 100 на саат, лази од кога, цело време во движење. Мислам и тоа има удел. Не можеш со сила да и буташ да јаде, толку е. Ние до 4 месеци 6700 се направивме, сега еве на 6, 7100 е. Читав баш, и ние сме слаби сега по табели, а дуплиравме родилна на 3 месеци..