Денеска 3 дена како кака течно. Расположена е, нормално јаде, нема температура. Јаде различно секој ден, ново немам воведено, па дека е од храна исклучив. Дали може да е поднастината од што е нон стоп долу на плочки? Или од што може друго да е?
Може и од топлото да е. Знае овој период да се јави течна столица. Можеш да даваш неколку дена пробиотик . Да се смири мешето.
Нема врска кога. Можеш и во текот на денот. Над 10 столици дневно е загрижувачко. За 2-3 дена треба да се смири. Обично течните столици траат еден ден.
Има по 3 пати на ден веќе 3 дена. Не е дека се исцедува нон стоп, туку редовната столица сега и е течна. Валда нема да се зголемат. Ќе давам пробиотик деновиве, па ќе видиме.
Само со Блокмакс ми симнува тт. Далеронот ништо. Ноќта ми дигна до 39.5. Масирам, туширам не знам веќе што да правам. Алмацин ни препиша матичната ама ни рече да не даваме вчера. Да давам Алмацин или да продолжам вака со Далерон и Блокмакс. @Annath Ако не му помага Далерон да давам само Блокмакс или наизменично да продолжам како до сега? Ме плаши што цело време е над 38тт. Или нема да помогне антибиотиков?
@Мариаа. И ќерката беше така. Парацетамол не ѝ помагаше, само блок Макс. Давав блок Макс на секое, само гледав да не прекорачам препораки од 4 пати во 24 часа. Развлекував, ја разладував, преку ден и некако успевав.. гледав за навечер да оставам "џокер" оти обично навечер секогаш креваше и гореше. Алмацин (мислам дека е Амоксицилин) е лајт антибиотик ама ако е вирус во прашање, на жалост, нема да ви помогне. Ако е бактерија, да.
Ако продолжи високата тт и после 3 дена треба на лекар, или антибиотик ако веќе препишале. Вирозите исто може да бидат со висока тт, ама после 3 дена организмот се изборува. Јас како фармацевт не препорачувам бруфен постојано, бидејќи мног го дразни желудникот и цревата и може да дојде до крварење. Пробај наизменично со парацетамол, туширање со млака вода и други техники за ладење.
@Kaetana @Septemvri Вироза е. Затоа и не ми се дава баш антибиотик. Денес е втор ден со тт. Црп му е 9. Да издржиме уште вечерва, па да видам утре може ќе е подобар. Денес барем течности пие, вчера несакаше ни вода да проба. Фала ви.
Ако ти е утеха, овде и да е бактерија чекаат 3 дена пред воопшто да те прегледаат. Првата дијагноза е дека е секогаш вирус (освен на екстра црвено грло или црвени уши со болка). Секогаш е вирус, па ако после 3 дена уште трае температурата, тогаш пак да одиме. Сакам да кажам - пробај без антибиотик особено ако е помирно црп - то. Инаку знам @Septemvri за бруфенот.. ама стварно не знам што дете ќе беше ќерката - ниту еднаш ѝ нема температура од парацетамол паднато.
Блокмакс давај, ама гледај да не е често. Ако го држи 6-8 часа е добро, да не мора пречесто да го даваш. Вирози има до три дена, ама има и такви кои траат и до седум дена со покачена тт. Ако крева над 39 три дена и подолго, проверете грло, моиве од гнојна ангина толку креваат. Засега укажува на вирус, ама ако е бактерија црп може да вивне за еден ден.
Исто. Моево секогаш по 3-4пати кака, и тоа на шесто, никогаш тврдо, но сега овие денови поводено. Дури и мозолчиња о црвенило има на газето. Ставам крем со цинк и после секое на какање ја мијам со вода. Давам и јас пробиотик. Ама и овошје доста јади. Ќе пробам повеќе банана
@Мариаа. сега те читам. Ист беше мојов пред 2 недели. Температура до 39.5-39.6 преку ноќ, преку ден до 38.5. Исто главата му гореше, рацете и нозете камен ладни. Јас комбинирав еферглан чепчиња со працетамол сируп. Траеше 3 дена, 4тиот ден цел се осипа по телото и му помина. Чим денес му е втор ден, може и утре да има температура, од задутре веќе ќе биде како нов. Многу течности и орс пробај да го натераш да испие.
@Мариаа. Како сте сега? Јас пишав пост за какањето, ама не видов дека сте биле со тт. Ќе помине, без паника вироза е. Исто бевме и ние знаеш. И јас комбинирав бруфен со парацетамол. Бруфенот повеќе делуваше. Со парацетамолот кратко и не се спуштаат под 38. Како @The Unicorn траеше 3 дена, па 4 се осипа со ситни мозолчиња. Тридневна треска или вироза се вика. И синко на 3 месеци ја имаше. Лади го, туширај го повеќе течности и на града. Мојава сеуште не јаде како што си јадеше пред тоа, но се враќа во шема.
Истиот вирус со висока температура,а по 3,4 дена исфрлање по телото го имаше внука ми,пред 2,3 недели.
Здраво, имам едно прашање. Бебето е 5 недели, денес приметив дека од левото уво му излегува повеќе жолто и тоа мириса непријатно. Го допирам за увото и не реагира, значи не го боли. Сеуште немаме матичен да се јавам да прашам. Не знам дали да го носам во Систина да го проверат.
Да не се правам др, ама мислам дека се чисти бебе. И кај моево на почетокот имаше поголем секрет од ушињата.