Изгледа тоа е, му ставам физиолошки во носето и може од тоа да ми се чисти и ушето. Не се жали на болка, си лежи на таа страна, ваљда океј е.
Ако го боли увце мало бебе не само што ќе плаче, ќе се дере, нема да знаете како да го смирите. Позади ресичката на увцето притисни малце појако, па ако не изреагира тогаш не го боли. Кај некои деца па и возрасни нормално е создавање повеќе церумен од вообичаено.
Се слушнав со педијатарката утрово, ми рече дека течната столица најверојатно е од забите. Е 4-ките ја мачат веќе некое време, со прстите нон стоп брца назад во уста. Туку денеска е скроз нерасположена, кенкава и поспана. Спиеше прва дремка 30 мин, се разбуди кенкава. Цело време сака во раце да ми е. Заспа пак, дремна 20тина минути, се разбуди плачејќи и еве сега во раце ми спие. Никогаш не била вака поспана.... Можно е ради забите или што може друго да е?
Кога ти е тешко помисли дека некое сега го вади првото запче Добра е твојата пред годинка 4ки што вади, поскоро ќе одмориш
Абе, секогаш кога ќе извадеше заб и ќе си речев таман сега ќе одморам, обавезно нешто друго или друг заб доаѓаше на ред. Нема утеха.
Девојки здраво , 2 недели сме и на буци му се појавија овие на прстињата , предходно имав забележано едно ама за еден ден го снема , денес еве повторно ...Некоја да знае од што може да се ..?
Не е итно, ама да прашам. Кога најрано може да се направи алерго тест? И дали превентивно воопшто, се препорачува да се направи? За инсекти ми е на пример. Или некој совет, како се постапува при убод на пчела/оса, а не знаеме дали постои алергија? Периодов ги има многу, па ме фаќа блага паника надвор кога ќе приметам дека некоја лета во близина.
Првпат и направив на 8м,на се и сешто. Е сега колку се точни незнам да ти кажам затоа што на пример ми покажа дека е алергична на пиперка, а а јадеше од 6м без реакција.Па и ми покажа реакција на киви, а таму во алерготестовите не покажа. Алергијата е многу специфична со тоа што денеска ја има, утре може не, и обратно.
Лелее и јас се плашам искрено од осите и пчелите летаат насекаде, за малата најмногу, некни го касна брат ми, на терада седевме, оса ли беше или пчела, не виде. Утре дента па маж ми исто го касна. Јас кога излегуваме во град обавезно ставам сита( заштитна мрежа против комарци и др.инсекти) врз количката оти и муви лазат и се живо и диво. И викам не дај Боже, може да се деси секаде и секако да ја касне било што, нели и не знам што би правела во тој момент
За секоја алергија. Барем до 3г варираат, макар што и после тоа. Ама битно е брзо да се реагира. Доколку нешто е сумливо веднаш на доктор и таму да седите додека не помине. Ние така правиме,во случај да стане полошо одма да и стават инекција.
Бебево вечерва се удри на дрвена маса,над веѓата има црвено и подуено место,како џумка. Во моментот кога го погледнав немаше ништо, после тоа го бањавме,тогаш го видов. После бањање цицаше и заспа. Прашањето ми е што да му ставам сабајле на местото кај што е удрено? Дали борова вода да му подржам со памукче?