И jа мачкав бoрoва вoда на нoџетo се имаше удренo и пак пoмoдре и тoа убавo. Цела недела не прoаѓаше.... Дoпрва ќе има мoдрици
И тука да прашам. Дали е можно бебе да добие многу тешки грчеви поради премин од аптамил комфорт на аптамил обичен? До сега такви болки немал со викање и неможност да се смири. Ни го смени комфортот ради качување многу во килажа и по 4 дена нокеска детето ми се измачи и пак не наполни пелена едвај гасови ослободи. Ако е од млекото пак на комфорт ке го вратам
Ај,така растат деца Не можеш да ги допазиш во фаза лазење,проодување. Ако нон стоп го тргам како ќе научи да се исправа Сабајлево се познава само малку модро, за следен пат ќе знам маргарин @ocicka2014
@Yowannty првата ќерка кога имаше годинка , често се исфрлаше од нешто , а капак беше кога почна по секое јадење риба да повраќа во млазови и и направивме алерготест , испадна дека на ништо не е алергична. Не ми се за верба тестовиве баш за овие возрасти @Kallias2 @Yowannty кога ќе видам оса/пчела во моја близина ми се пресекуваат нозете. Дали дека никогаш не ме каснало нешто такво па затоа.Плус брат ми има алергија и кога ќе го касне оди директно во болница за инекција Не дај боже нешто такво да ја касне уфф , не знам овие производите како Мапез и Крилен на Фрези дали штитат на некој начин општо од инекти да не доаѓаат дали би бегале од миризот некој начин да ги заштитиме кога се надвор мислам нема. Ај за бебе ќе ставиш комарник кога го шеташ со количка, ама за поголемо што правиме Затоа лето воошто не сакам заради инсективе
@koritsaki @Kallias2 и јас само врескам од инсективе. Ама пчели и оси периодов многу има. Комарник секогаш носам, си стои во количка, ама тоа само додека спие. Кога е будна го тегне и го трга, па тоа не ми е опција. Мачкам на фризи демек репелент, мачкам и на мене ама пак комарци касаат, само мирисот јак на цитронела што едвај го поднесувам, а се ми се чини џабе е... И стикери лепам нон стоп на количка дур сме надвор, ама раат немам кога ќе слушнам да збрмчи нешто.
@koritsaki @Yowannty јас ништо не ја мачкам, многу ми е малечка, 4 месеци уште нема полни и не сакам џабе да ја шлапам со хемии, плус она рацете нооон стоп и се во уста и може случајно и на раче да и прснам па како горчи тоа уффф ќе го ставе во уста рачето.....не, не. И кај мене ја тегне ситата ќе ја скине со рачето ама и ја ставам спиела не спиела, само што излеземе од дома, колку толку ќе се спречи мислам од нешто. Ништо за комарците ај, ама за пчелите и осите сум Господ да ги чува само и нив и нас да можеме да ги пораснеме, па сега..... Ние уште ни на плажа не одиме да ви кажам, син ми одеше со брат ми додека беше 10 дена секој ден одеа, сега ми вика, зошто не одиме мама на плажа, му викам не смееме, бебето е многу мало и смета светлината, бевме 2 пати попладне 6.30 отприлика ама не, се нервира од светлината уште е мала и кенка, не може да седи убаво како шо треба. Ќе видиме од наредниот месец, ќе пробам пак некое попладне да идеме да видеме дали ќе е подобро. А мене ми се бањааа ми се плаче за море ама здравје, ништо ај
Ај и тука да пишам. Бебчето ми е 5 месеци. И се затна носето. Немирно спие, се мачи. Преги измерив 37,6 дали да ја подигнам на перница за спиење да и се слева секретот надолу. Големата ќерка ми е болна висока тт, еве и јас болки у грло, затната. Кај бебе чистевме до апиратор
Да поткрени на повисока перница, прсни физиолошки и после 5-6мин ако има што да влечиш влечи со аспиратор.. Можеш и во близина на бебе да ставиш пресечен кромид, тоа ќе му го олесни дишењето. Со лесно
Девојки бебле ми крева температура прв пат за овие 11 месеци. Некако многу брзо качува. Пред пола час имаше 37.2, сега 37.9. Сируп се дава на 38 или 38.5? Сега ќе ја барам и педијатарката за совет, ама ќе ми значи и од вас да чујам како постапувате. Имам сируп Депон (парацетамол) и чепчиња дома само, по совет од педијатар. Што друго да доземам?
Соблечи а на пелена. Не крева брзо не се плаши. Сирупче над 38.5 до тогаш туширај само тело без глава, и остави а на пелена. За температура друго не ти треба освен сирупче.
Ја фатило вирусот оној нашиот генерациски. Без паника мајче. Јас над 38.2 давам парацетамол. Истиот депон од Грција го имам, но кај моиве деца парацетамолот не ја спушта. Давав бруфен. Раслечи ја по пелена, лади ја по цели тело со ладни облоги. Знам сега нема да јаде и пие, ама да не дехидрира пробај течности повеќе, нека не јаде. Ако не сака на цицка цел ден. За 3 дена ќе помине. Едит: лајкот е за поддршка. И Бејби Т кажа туширање со не многу топла вода.
Јас би ја разбудила, мојата кога спие повеќе дига.Убаво е до 38. 5 да не даваш ништо за да се изборе телото само. Разбуди а и истуширај а со неколку степени по мала температура на вода.
Кога спијат се потопли.Не ја буди може кога ќе стане да нема.Мојатљ така многу пати навечер со тт не ха будам наутро е веќе без.Сируп ако плаче или е над 38.5.Побрзу да поминува
И мене педијатар ми рече да не ја будам до 39. Три вечери бевме со 39.7. Тогаш ја будев, туширав и ладев. Се бори организмот. Не се плаши, бебињата издржуваат.
@Yowannty мојата големата крева најмногу додека спие, ама не се сите деца такви. Следи ја, ќе осетиш на допир ако и’ е висока тт. Ако качи над 38.5 дај и сирупче. Чепче лично имам дадено само еднаш кога не и’ се симнуваше ни со Далерон, ни со Блокмакс сируп Со помин нека е
Ја разбудив и истуширав, сеуште беше 38.2/3 температурата. Сакаше цицка, пак ми заспа. Крена до 39. Дадов сируп. И ставав ладни облоги оти и гори телото. Падна на 38.5. Нормално е вака да варира температурата за вака кратко време? Прв пат крева немам искуство. Избезумена сум. Еве ја сега ми спие во раце. Многу е поспана.. Нормално е? Да ја оставам да спие или да ја будам? Сеа чим спие значи ќе крева? Сирупот ако делува за колку време делува?? Помагајте советувајте
Нормално е да е малаксана и поспана, форсирај цицање и вода, храна не мора. Ладни облоги по тело, на глава не. Ако и се топли стапалата и рацете, нема да крева, ако се ладни, ќе качува тт. Смирена биди, следи ситуација, туширај по потреба. Може да комбинираш парацетамол со бруфен на 4 часа, ама види тоа со матичен лекар, ако воопшто не симнува под 39. Расоблечено, раскомотено и ако сака во раце, нека. И нека спие. Моиве кога спијат им се намалува тт, се одмара организмот, и полесно се бори. Сирупот делува после 20-30 минути, чепчињата побрзо делуваат. Бруфен побрзо симнува од парацетамол, ама тоа не е секогаш добро.
Телцето и жежеше, сега и олади, ама и дланки и стапала се жешки. Значи дека ќе симнува? Главчето и е уште топло. Околу 38.5 и е скоро пола час.