Леле јас 6 месеци сум правела грешки со температурата. Ова никој не ми го кажал ниту педијарката ниту патронажната сестра а се утепав од частење и носење подароци при секој преглед мислејќи дека ете подобар третман ќе добие бебуш. Па и на патронажната и дадов полно ќесе и плико и баш прашав за температурата и добив одговор “па околу 23-25 степени да е секогаш” . На таа секако после третата посета престанав да и отворам врата. Денес нема кој да ти каже ниту да те упати. Фала ви многу мајки. Ги исклучив греалките по дома. Многу повеќе знаење стекнав од вас на форумов отколку од педијатри и сестри.
Што може да е ова? Го има на стомакот моето бебе. Мислам дека е проширено и поцрвено од пред два дена (тогаш прв пат го забележав)
Дерматитче мислам дека е. Мачкај стелатопиа, а дерма, или некоја слична, би требало брзо да се изгуби ако ја погодиш точната. На моево само а дерма му е ок. Се друго не помага.
денес полниме 2 недели... до сега немавме ваков проблем...додека цица на два три млаза плаче а продолжува да цица...и кога ќе заспие на сиса само што ќе ја легнем или од кога ќе стане од спиење повраќа во млаз..не да бљувне туку буквално како црево штрка...веќе два дена е така .. прво ми е ..многу ми е страв..примаме капки к1 и д3 и пробиотик
На ring worm ми личи, ама да не те плашам оди си кај дерматолог. Ако имате дома мачка или сте допреле, галеле, многу е веројатно да е тоа. Не е страшно, се лечи со креми.
Ма јок, каква мачка. Сигурна сум дека не е била во контакт со било кое животно. Ќе морам да ја носам на преглед . А сигурно повеќе ќе се разболиме по болници... вируси, бактерии... А страв ми е да мачкам нешто на своја рака, така да секако ќе ја носам на лекар. Фала ви!
Може да е алергиска реакција од убод од инсект. Ќерка ми вака се исфрла од пајак. Може и мачка да е, а може и дерматит. Најубаво на дерматолог, па таму ќе ти кажат.
Мајки со што најефикасно спуштате температура 8+ сме денес имаме 39.38.3,38.5 не ни спаѓа баш со чепче ефаралган од 80 ,утре на педијатар пак денес крвната слика се беше ок...
Кај нас најефикасни се покажале мокрите чорапчиња односно потопени во алкохолен оцет и исцедени,така мокри ги облекував на бебуш и веднаш спушти температура. Постапката се повторува неколку пати. Освен што мирисаат не предизвикале некоја друга штета.
Majki beba po 3 Pat mi povrati za 1 cas ,cel den nisto ne I bese si igravme prosetavme edno krugce samo sto vlegovme za 30 min pocna da povrakja kako urda inaku za 2 Dena 10 m punime,da ne e nekoj virus? Ama nisto ne I bese od ednas vaka moze virus da se pojavi? Prv Pat vaka povrakja cela se tresam
Вчера го вакциниравме ммр. Иначе 9 м и 11 дена сме. Дали е можно порано реакција ? Еве денес имаме благ осип
Не е можна реакција толку брзо од самата вакцина, освен ако не е алергија некоја. Во бутче го боцнаа? Прашај матичен да видиш што ќе ти каже. Осипот како реакција од вакцина може да се јави најрано после седум дена од боцкањето. Ова е нешто друго.
Прочитав дека доколку има реакција на белка вака се појавува. А боцкан е во бутче дека нема сеуште годинка, после годинка боцкале во раче. Не знам на кој му текна ова лудило мали бебиња ммр да боцка, стварно е лудило. Уствари знам ама ајде.
од 9 месеци може да се вакцинира, после на 11 ревакцина, тоа е препорака и во Германија одамна, ако има за тоа потреба, например ако се патува во место што има морбили, или ако се почнува во градинка. Тука е најнормално. Штета што јас не знаев за тоа, ќе ја вакцинирав малата барем и на 10 - сега ни се испореметија сите планови, ни пропаѓаат картите за Мкд зошто не е вакцинирана (година има) беше настината, па грип, и плус не знаев дека две недели отпосле делува вакцината.. Ама да сме живи и здрави само сите. Само пред 6 месеци не смее, зошто тогаш можно е да има уште антитела од мајката, и плус не му е имуниот систем зрел. Нема ништо лошо да му биде, ама нема ни да му делува.
Ништо страшно не е и да е толку температурата.Мене дома секогаш температурата ми е 24.5/25 јас и самата не можам во поладна просторија да седам/лежам. За бањање тем. е 27 степени. И јас кога се бањам исто е толку.Така да зависи и тебе како ти е комотно и на бебето исто така
Јас не се водам по себе никогаш јас сум ептен зимурлива па не би сакала и децава да станат такви.Ама и покрај тоа што сум зимурлива тоа 27 степени некако многу е.Ние имаме константна температура 22/23 а за бањање повеќе од 24,5 не било
Смеам ли да го оставам синко да поспие после паѓање? Стана и таман се заигра го оставив со татко му да одам до веце. Минута немаше, мм задремал, синко тргнал по мене и слушнав трескање. Едвај го смиривме и после 20мин цицаше во кревет и заспа. Мора да го будам или? Нешто сум чула ама не сум дочула . Немам памет, не можам да си дојдам при себе
Мене во систина така ми кажаа.Плус секој се води како му одговара.Јас ја советував девојката дека не прави грешка ако за некој степен плус и е потопло, а вие како ви одговара така правете си