Ако се ладни крева,тогаш се препорачува загревање со масирање рацете и нозете со алхохол. Ако се топли спаѓс темп. Како е сега?
Алкохол со водичка разреди однос 50:50 и на свивките и ставај.Можеш и цела да ја намачкаш.Немој да паничеш тт не е страшна она е одбранбен механизам. Со нејзина помош се создаваат белите крвни клетки со тоа се билда имунитетот. Јас не сум за често давање на парацетамол .Туку на 6-8 часа колку што пишува на упатството .Ова го советуваат тукашните доктори.Ако не ја симнува тт не е страшно.Да не ја качува само.Ќе помине
И олади телото, главчето и е уште малку топло. Се разбуди весела, се пентареше по креветче, сега разгледува сликовница. Ова дека попушти температурата па доби малку енергија. Ама еве веќе некое време не паѓа под 37.7. Цица и пие вода за среќа. @Ava.84 и овде ми рече педијатарката парацетамол после 6 часа, порано не. Алкохол таков немам дома, ама ако треба ќе набавам. Имам во фамилија 2 случаи со последици од висока температура, па имам ужасна фобија од имање температура.
Верувам ама не можеш па да го отровеш детето од парацетамол, а другите методи не се доволно ефикасни како парацетамилот.Нормално и јас се плашам ако видам 40.Се додека е 39,5 не се плашам.Затоа реков ако стагнира добро е , важно е да не качува.37,7 е благо покачена и е репер дека за жал по некој саат пак ќе качи.Исто значи и дека има жариште и се бори организмот. Нормално е да е малаксана кога има тт и да плака и да спие, штом спуште се смее и е расположена и си игра.
@Yowannty не знам дали знаеш, ама при тт, кога тушираш, главата не ја миј, само телото. Јас прв пат големата кога ми качи не знаев дека не треба и главчето да се мие, па ми дигна уште повеќе, се избезумив тогаш, па ми кажаа на форумов дека се тушира без глава Не се грижи, ќе и’ помине. Те сфаќам дека се секираш, ама ништо нема да се случи
А водата на колку степени ви е кога туширате за темп. Јас кога го капам уште мерам и го капам на 36.5-37 ? ЕДИТ:Среќа па до сега не ми кренал темп. иначе и јас и главчето ќе му го миев не сум знаела дека не треба
Степен-два пониска од телесната температура. Не многу ладна, да не биде шок за загреаниот организам. @Yowannty слушај си ја педијатарката за сирупот. Убаво е што цица, оти тоа спречува да не дехидрира. И немој да се плашиш, ќе помине.
@Sexybaby86 да да знам, без глава ја туширам. @Ava.84 пак почна да качува. 38.5 само што и измерив. Што да праам сега, кога не се доволно часови поминати откако и дадов парацетамол? А спие....
Ако продолжи да качува, буди ја и туширај и разладувај со алкохол и вода 50:50 под пазувите. Не давај сируп пред да измине дозволениот период. Пробај и со чорапчиња натопени во оцет, сум го применувала методов и бил успешен. Ако качи над 39, тогаш стави чепче.
Од температурата што ја има, пошто праша за туширање кога има покачена температура. @Yowannty ако качи повеќе ќе ја будиш, ако не, остави ја нека спие. Чорапчиња со вински оцет (разреден 1:1 на топли нозе, не на ладни), туширање и расоблекување. Ако ти рекла матичната за сирупот на 6-8 саати, тогаш и чепче не можеш да ставиш пред да помине времето до следната доза.
Најбитно течности.Течностите помагаат во спуштањена тт. Давај и смуди, супа, да цица , вода, сок ама без шеќер.Разголи ја по пеленка само.Некој ставаат сенф на чорапи, други оцет, трети кромид.Немам искуство со народните лекови. Колку време помина?
Од сирупот се поминати нешто повеќе од 5ипол часа. Вака и на оваа температура добро се држи, освен што е омалаксана и што сака да е во мене, се смееше и шлапкаше под туш. Јадеше фино, пие вода нудам цело време и цица често. Чепчињата ми се од одамна иако неотворени и со датум до следно лето, го пратив маж по нови, шубе ми беше. Дали цеден портокал можам да дадам? Таа сака тоа да пие обично ама дали може сега да се даде?
Стави чепче мила, и туширај, дома да не ви е потопло? Рассоблечи дете, течности давај да се рехидрира. Добро е што цица, и преку млекото си прима течности. Битно е да е весела, да не омалаксува
Да. Цеден портокал е баш тоа што се препорачува за Т. Инаку ако имат рок чепчињата и се соодветно чувани нема зошто да не ги користиш. Ако не биле кај тебе дома ќе стоеле на рафт у аптека. Можеш да ставиш пак . Има помината доволно време.