На другарка бебето скоро имаше вирус 3 дена темп, 4ти ден осип. И одма чим ми рече ништо друго нема, само темп.. И реков може да е тој вирус со осип по 3ти,4ти ден. Од забче не верувам толку висока да има (столицата може да е од забчето, а може да е и ако не јаде како што треба, имаше апетит деновиве?),. Следи утре баш, ако осипе значи тој вирус е, скоро сите дечиња го прележуваат, особено помалите до кај 1ипол година, 2. Осипот трае 1,2 дена.
Да, јас уште таму го носам кај Марина, а матичен педијатар има од скоро во Железничар ама никогаш го немам однесено таму. Прво сакав да ти пишам од пелените да не мириса ама рече дека не мочка, па неубави работи прочитав на нет. Ама нет како нет нормално не можеш да се потпреш затоа мислам да се јавиш. Можеш и во Ремедика на одделение да се јавиш или директно на докторката и да ја прашаш дали треба да го однесеш на преглед, на толку пациенти сигурно нема да знае дали го носиш таму или не.
За на ургентно не треба упат. Кога треба итно нешто самите амбуланти си креираат упати. Зар пример ако се исечеш и трчаш накај болница ти треба упат? Не.
Да прашам, спрејот baby oregano од колку месеци може да се употребува? Имам јас од лани отворен, дали може да се користи сега или да го фрлам?
Можно е да е блиску до дехидрирање, премногу е жешко и е с'клетџија, се поти. Еве од сабајле денес форсирам течности, пие, значи жеден е. Од сабајле си полни пелени убаво, ќе видам приквечер како ќе биде ситуацијата, ако не утре го носам. Ептен деновиве неработни беа..
A од каде упат, не треба упат за на дежурна у детско. Затоа е дежурна служба за викенд и попладне кога нема амбуланти матични. И друг пат сме оделе на детско, било за тт, било за повраќање во ниедно време со првото дете. Сега човек немаше на детско сите ги бркаат надвор под шатот. Кога ја прашав сестрата дали има дежутен педијатар, ми вели има и ја прашувам ами што работите кога ги бркате децава. Што седите на работа заклучени? Во оваа држава скраја да е да имаш потреба од болница . Мизерија невидена сме, па нарочито ние по провинцијава. Луѓе со инфаркт Скопје ги праќаат непрегледани и попат умираат. Наместо да ги примат да преземат нешто, да ги стабилизираат.
Те разбирам. Ама без упат може да не те примат, тоа е правилото. Ако е итно, одиш на итна па итна помош да го донесе детето на детско. Значи без упат, ако можат ќе те примат. Ако не те примат, прво одиш на итна после на детско. Таква е процедурата за секаде, не само за на детско. Сфаќам дека е безвезно да ти се испонаша, ама сестрата никамво правило не прекршила
Не може на итна доктор што не е педијатр да прима деца, а најмалку бебиња. @ladymici Си требала да се искараш и вакви доктори што не примаат дете се пријавуваат во лекарска комора. Ми се случи слично неќеше бебе со 40т да ми примат на дежурен и пријавив доктор.
Како не може? Тие се доктори по ургентна медицина. Го носиш на итна и од таму го носат на детско, значи правилото е такво, без упат можат да те примат ама и потполно право имаат да те одбијат.
Не знам каде живееш, ама дете кога е ургентно болно го носиш или на детска клиника или Козле или во поликлиника каде има дежурен педијатар. Не го маткаш на ургентен, нема што да му прават таму. Се знае кај одиш. А зошто не си ги знаете правата и мислите дека дежурен лекар има право да те врати и дека за хитен случај ти треба упут, ок мајка. Ваљда само ти наоѓаш упут од матичен во сабота и недела во 21 часот навечер како на пример.
Дежурен лекар е за хоспиталирани и за тие што ќе дојдат преку итна. Мене ме вратија од гинекологија со преобилно крварење од миом, и после зборев со докторка која ми кажа дека или имаш упат или те носат преку итна. Ти можеш да правиш таму сцени колку сакаш ама можат да не те примат со потполно право. Инаку немаше да постојат упати ако можеше секој да појде кога сака
Правиме муабет за деца!Не за други медицински гранки. Тропаш глупости, хитен случај е хитен. И јас крварев, на полноќ ме примија без проблем, што би ми правеле да идам на ургентен, освен да ме упатат иди на гинекологија. А за детето кога беше да гори температура си поднесов претставка и истата ми беше уважена, докторот беше суспендиран. Треба да си ги знаеш правата, плаќаш здраствено осигурање, не матичната да ти каже си немала упат. Па како да имаш на полноќ? И не, дежурен доктор не е само за хоспитализирани него и за тие што имаат потреба да бидат хоспитализирани. И нема потреба од драми со лекари, треба да си знаеш каде одиш и што треба да добиеш од лекар.
Како може со крвавење да не те примат? Ја многу пати сум била конкретно во 8ми септ на дежурен. Со висока тт за инфузија, менструални болки исто пак на инфузија, болки некои во стомак па ме испитувале со крв со урина со се во 2 наутро...па труење да имаш одиш и те прима дали на инфузија или ти става инекција небитно. За деца конкретно Да треба да одат во поликлиника Јане Ако има дежурен ако нема тогаш си одат на државна на ургетно. И не треба упат. За висока тт како може упат. Ќе ти стави он инфузија, после си плаќаш па се прави рефундација отпосле кога ќе донесеш упат ако сакаш рефундација. Дека не е беспари на ургентно плаќаш нешто сега не знам колку точно. Внук ми сп повраќање беше на државна на ургентен го примија и го стација на инфузија после 2ч го пуштија на домашно лекување
Јас лани на 1 јануари, во 10 сабајле отидов на гак со крварење (биохемиска) Веднаш ме примија, ме прегледаа, нит упат ми побараа при прием, ни после тоа.
Јас упат ме сум носела на детска клиника. Нит ми барале. И кога малата падна и повраќаше, др од детско нез упат, ми рече трчај на неуро, јас ќе сликам упат ќе пратам. Кога прокрварев у бременост се јавивив на моб на матичната, ми рече тргај ГАК. Викам упат? Вика ако треба утре ќе однесеш сега не губи време. За мајката со сувите пелени- нормално е, се поти. И мојата имаше сува пелена неколку ноќи како бебе, др ми рече ако не се измоча до вечер дојди. Ако јаде пие и е весело, а мочка у денот, ок е.
Не знам конкретно за дете ама сум била на гак за болки и повраќање во недела вечер. Викнаа дежурен лекар, ме прегледа, не ми побара упат нит ми наплати нешто.
До сега со првото дете без проблем сме оделе на детско, никогаш упат никој не ми спомнал. Што е побитен упатот од детето. Па ако толку и е битен ќе претрча сопругот ќе го донесе, а нас можеше да неприми. Инаку денес нема тт но има осип на лице, врат рачиња.
Мајки керками денеска трчајки се лизна и удри со носот право во гарнитура, почна да плаче и имаше малку крвче и оток. Нема модрило се јавив кај Др рече нема потреба да ја носам ниту рентген. И мачкам еден маст отокот 70 посто го снема не се жали на болка нема крв нема модро но сепак ми е страв да не и е напукнат.од време на време и прави секрет но не крвав. Дали постои простор за паника
Здраво Имам едно прашање, па ако знае некој да ми помогне. Мојата керкичка која има месец и пет дена, има многу чести столици, буквално после секое хранење. Столицата и е нормална, со жолтеникава боја, но многу често и по малку. Нормално ли е ова? Така е веке ден ипол. Бевме на педијатер, тој вели нормално е. Инаку сме на комбинирано со мое млеко и ад, но повеке е на ад. Има ли некоја со слично идкуство ?
И мојата така какаше до 2 и пол месеца некаде и после ден за ден се проретчи. Сега е 4 месеци и кака еднаш до два пати дневно. Инаку сме на ексклузивно доење.