Таа му е нормална температура, ти кажавме повеќепати и во темата за совети, не е температура што со лекови треба да се спушта. Детето ти нема температура, не е од тоа омалаксано. Можеби му фали течност повеќе, а велиш слабо цица и топло ви е дома. Мораш да пробуваш повеќе да цица. Расоблечи го само по пелена да се расони, прошетај го малку да разгледува. Секој ден му мерам на малиов температура откако е роден, температурата му е како на твоето. Бебињата немаат телесна температура како нас, малку повисока имаат и од педијатар ми е кажано дека нормална за бебе е од 36,8 до 37,5.
тоа не е покачена температура ни за бебе, ни за возрасни веќе. Членките се обидуваат да ви помогнат, а вие само кажувате дека има тт и му стои. И моето откако е родено е таа тт. Соблечете го и разладете, туширајте, вода. Ако ви е дома над 23 степени, дете треба по боди да е само и ништо друго.
Бебево имаше ваков осип пред недела дена, 7 дена бевме со цефалексин, мачкав еозин, белогент и канестен. Во четвртокот завршивме со терапија, пак му искочија на лицето и на рацете. Матичната ни е на одмор. Ние не сме во Ск, утре ќе пратиме слики на кожен лекар. Некој искуство со вакво нешто. Не знам дали му се од жешко, деновиве е по шпикозни ама па ладно е, не можам да го соблечам. Не знам што да правам.
Мајки бебе е подобро од далеронот му се врати силата.. Цицаше си го шетав не е како што беше.. Сега спие... Ви благодарам многу за советите и подршката
Мајки помош.. Бебо последните 3-4 дена не сака да ми цица млеко иначе само на АД сме. Дај му шише со млеко пишете, вриште се трга, а дај му шише се чајче (бекутан) го сака или цуцла лажалка а шмука. А не бива само чај да се пие со тоа не се напредува нез што да правам од неќни ми правеше така само некогаш сега почна на секое цицање да прави вака. Иначе сме 2 и пол месеци.
Мајки бебе од вчера ми крева т, ама до 38.2 макс одеше.. Од сабајле крена пак еве го 38.1 има. Сируп над 38.5 ако има еве доктор ми рече.. Ама ако не спушта што да правам? Колку време да чекам ако не спушти, да дадам сируп? Не може цел ден со т да седи ваљда.. Ноќеска давав парацетамол за да поспиел демек од него спушташе, ама еве денес не давам под 38.5 т.. Само до кога
Физички методи за разладување, освен сирупот. Цицање редовно, да не дехидрира, проветрување дома, рассоблекување, туширање.
Еве ти пишала @Alishan30, тоа ќе пишев и јас и цел ден да има ако е до 38.5 не давај ништо. И следи расположение на дете, како се понаша, весело ли е, јаде ли, спие ли.....
Фала на сите.. Качи 38 со 5 дадов сируп.. По памперс е си лежи еве.. Само малце ми е шубе клима н 26 степени пуштив зошто неподносливо жешко станува, боље тоа него да го сварам уште толку, што викате? Ќе проветрувам од време на време, во друга соба е климата
Да, разлади ја и собата, жешко е, нормално е, лето е. Само по памперс нека го. Можеш и да го истушираш со млака водичка да му симнеш Т , да му ставаш крпички натопени во вода....ама ете си дала веќе сируп. Следи го и него како ќе се осеќа. Со помин нека е.
Вчера малиот кога стана од спиење горната усна му беше отечена. Ставав лед реков го печило нешто. Денес уште повеќе му отече. Од што може да е и како да му помогнам?
Не е за бебето,за мајка му е Во струга сме, при мокрење последниот млаз ме жеже и имаше на тоалетот крв Претпоставувам дека е некоја уринарна инфекција, што смеам да пијам од лекови,чаеви а да не смета при доење? Цица 2,3 пати на ден и 3,4 пати ноќе