Итно! Прашања за здравјето на бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    Можиш увин, за лекови најдобро гинеколог да ти каже.
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  2. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.798
    Допаѓања:
    145.365
    @Sofi.ja увин и брусница. Ама контактирај матичен за повеќе. Иако по мое секако уринокултура најдобро да се направи па после антибиотик.
     
  3. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.442
    Допаѓања:
    18.690
    За уринокултура се чекаше по 48 часа за резултат така?
    Не знам ни дали има тука лаборатории и да дадам утре ,задутре си одиме ќе не можам резултат да земам
    @Bubish26 работи за викенд некоја приватна лабораторија во струга,охрид за уринокултира?

    Општата матична ми пиша за увин чај, брусница и цитерал
     
  4. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.798
    Допаѓања:
    145.365
    Да, 48 часа. Ама сега ако почнеш антибиотик после нема да биде валиден резултатот.
    Како ти кажала така направи.
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.220
    Допаѓања:
    26.230
    Пол:
    Женски
    Јас во Ск живеам ама сум Стружанка. Искрено не знам приватно, на нет нешто да побараш дали има? Нека е со помин.
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  6. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Утре сабајле јави се во Дарон и во Биохем. Сега пребарував за лаборатории во Охрид и пишува дека и двете работат во сабота до 13 часот. Побарај на Гугл ги пишува телефонските броеви и утре рано сабајле прашај прво телефонски.
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.442
    Допаѓања:
    18.690
    Најдов на златна книга 5 лаборатории во охрид,на 2 вртев не кренаа, другите 3 беа затворени околу 18и30
    Ќе свртам сабајле штом станам, се надевам нема да се искомплицира голема мака видов пред 5,6 години од ешерихија:worried:
     
    На 0ли му/ѝ се допаѓа ова.
  8. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Што направи?
     
  9. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.442
    Допаѓања:
    18.690
    Не можев да ги добијам лабораториите
    Се консултирав со педијатарот ми рече цитерал дека смета при доење, да земам зинат,панцеф или аугментин безбедни се при доење.
    Земав зинат и го почнав, од понеделник ќе видиме со матичната за уринокултура
    Ма да што , и да направам ограничена сум со примање антибиотик заради доењето.
    Освен да складирам млеко во замрзнувач па ако мора друг да почнам да пијам.
    Оф леле,маки.
     
    На 0ли му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.731
    Допаѓања:
    7.671
    Пол:
    Женски
    Мајки бебето мое вирус имаше, 3 дена температура и му помина, пие антибиотик уште. Туку сега гледам курето горе кожичката жар црвена. Не му се отвара скроз, затоа и сакав на лекар да го носам ама го закачи вирусов.. Сега дали од антибиотикот- моја претпоставка да, курето му е жар. Ноќеска се будеше со плачки, мислев мешето го боли, ама сега ова гледам црвено. Се јавивме кај матичната на мм сега во недела, вика гарамицин да сме мачкале. Вие сте имале вакво искуство? Што да мачкам?
     
  11. nadenadia

    nadenadia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    864
    Допаѓања:
    2.236
    Неможам да кажам за бебе, но малиот имаше доста проблем со кожичката и со слепување, болки и црвенила. Во државна два пати го носевме да му ја доотворат кожичката ( 3 и 6г имаше), и таму прво го намачкаа со некој гел анестетик а за дома да мачкаме герамицин.
    Сега веќе не му се лепи, но пред некое време имаше некое црвенило и болка при мокрење, педијатарот ни кажа пак да мачкаме со герамицин.
     
    На Cherry333 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.731
    Допаѓања:
    7.671
    Пол:
    Женски
    Пак јас, како да читав тука дека осип се прави после температурата, грешам ли? Бебе лом се осипа на грпче гради и лице.
     
  13. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Розеола имате, ништо страшно. Таков е вирусот, прво само тт, па после тоа осип, кој се појавува кога нема веќе тт. Обично 5-6 дена трае. Не треба мачкање со ништо и никаква терапија за осипот, поминува сам од себе. Само разладувај го, од топло повеќе се вцрвува.

    Како да те читав дека антибиотик пие? Ако да, џабе го пие, ова е вирус и нема да делува аб на вирус. Ако сум грешка, извини, може сум се помешала :)
     
  14. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.731
    Допаѓања:
    7.671
    Пол:
    Женски
    Да, пие. Докторката му даде уште кога не бевме сигурни дека се работи за вирус бидејќи крајниците многу му беа потечени и ушите воспалени.. Фала :)
     
    На Sexybaby86 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Тоа е веќе друга приказна, во тој случај потребен е антибиотик. Мислев ви дала само заради тт :)
    Да помине побрзо :hug:
     
    На Cherry333 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. eta

    eta Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.380
    Пол:
    Женски
    Мајки, ми треба еден совет, да сподели некоја, ако има слично искуство.
    Бебчето мое, има 46 дена, има грчеви и пред три дена почнавме со колиеф капките.
    Последните два дена често ми повракја во млазеви, за време на јадењето и после тоа.
    Дали е можно да е од капките, бидејки пред тоа беше се во ред.
     
  17. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.220
    Допаѓања:
    26.230
    Пол:
    Женски
    Нормално е да повраќа до 6 месец и тоа интензивно, нормално е се додека крева на кг. Доколку не, тогаш е проблем. Најчесто повраќаат од пренајаденост ама пошо јас поминав низ истото, повраќање во млаз и тоа големи количини, а не пренајадено бебе тоа е веќе гастроезофагеален рефлукс, се стабилизира од кога ќе почне да јаде во поголеми количини цврста храна. Ништо страшно, најнормално е како што кажав , само трпение и наоружај се со многу лигавчиња.
     
    На eta му/ѝ се допаѓа ова.
  18. eta

    eta Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.380
    Пол:
    Женски
    Леле не збори, лигавчиња еден куп накупивме, но не ги валка само нив, и тетра пелените кога ја држам да ждригне и облеката на неа и све.
    Тоа е, ке переме, нема друго решение.
    Инаку многу ми жал кога ја гледам таква, гревче ми е.
    До пред два дена само блуцкаше по малку, сега во млазеви ја вади храната.
    И се јавивме на Станка, она ја води од рагјање, рече дека можно е даве реакција од колиеф капките против грчеви, и ни рече да ги прекинеме.
    Ке видам денес како ке биде.
    Ако е од капките, подобро грчеви да има, отколку да ми повракја.
    Од два зла, помалото зло да го избереме.
     
  19. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.220
    Допаѓања:
    26.230
    Пол:
    Женски
    Мислиш? Болка подобро од повраќање (а тоа да крева на тежина) ? Не би рекла, ако има јаки грчеви кој знае колку ја боли, а повраќање не ги боли воопшто. Секако пробај со друго да и ги смириш болките ама дека е подобро не е баш.
     
    На MinnieM, Thallia и Jana06 им се допаѓа ова.
  20. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Малиов има пролив. Се искака ноќеска во 4, па во 8, во 12, и сега е скоро 14. Совет некој ве молам што да правам?
    Пие Биогаја 5 капки, матичната советува двапати по 5 капки.
    Што правите вие кога имаат пролив?
    Ми е страв да не дехидрира, сè што ќе изеде, тоа го кака.
     
    Последна измена: 18 август 2020