До пред 4 дена пиев антибиотик (зинат) бебе цица. Вчера и денес пелената на бебе после спиење (после 12ч) да ја сменам мириса,,труе Вчера мислев дека е какан од што многу мирисаше. Дали е можно да е од антибиотикот? Додека го пиев не забележав промена
Можно е да е од антибиотикот. Примај пробиотик, ќе се среди се. Битно е редовно да си полни пелени без некои промени во конзистенцијата
Мајки ве молам за совет. Синоќа накај 1 и 30 на бебе му дадов домашно кравјо млеко можеби имаше 70мл млеко и 100 мл вода. Иначе има 8 и пол месеци. Овие два три дена цица само два пати на ден, млеко скоро и да немам. Е сега денес од 11 сабајле ми качува температура 38, ја симнеме и пак се качува. Цел ден ми е скисната. Се мислам дали е од млекото и денес само еднаш цицаше и и давам доста сок да пие и јогуртче. Можно е да е од домашното млеко или ќе вади запче? Доле двете запчиња наеднаш излегоа, ама со нив не ми качи ни температура ни ништо... далерон сируп и дадов сега пред малку ...ве молам за совет
Температура од заби 37,2 3, некои доктори велат до 37,5 може да се каже дека се заби. Кравјо млеко по 2 години. Пред тоа или доење или адаптирано.
Со аспиратор контролираш колку ке повлечеш, едниот дел ти е во уста и шмукаш. Пумпица велече механички, немаш контрола. Купи си аспиратор на исомар, 250 денари е.
Мајки температура 38-38,5 веќе трет ден, крвна слика добра,малку црвено грло. Од завчера е само на цицање, и да се излаже да стави нешто во уста, бисквита, смока... ги врти во уста и ги плука со нагон за повраќање. Ако голтне нешто одма бљуцка. Прееска испи малку смути, имаше нагони на повраќање и кога му дадов сируп поврати во млаз со шлајм. Една пелена со пролив сабајле. Нешто совет, искуство?
И ние сме со темп.многу висока, над 39..ова е трет ден..грло малку црвено, крвна слика добра...а ЦРП 13 (треба до 3).. пие антибиотик од вчера. дај боже да ви помине побрзо и вас и нас..
Здраво мамички Моево бебе некако многу чудно се однесува последниве три дена. Многу сум загрижена Два дена плачеше буквално дење ноке, дури не ни спиеше. Во раце едвај ке ја заспам, па кога ке ја ставам во креветче скокнува како да се плаши и веднаш се буди. Денес многу различно, цел ден спие, едвај ја будам за јадење. Инаку затнато и е носето, има мрсулчиња, ставаме физиолоки раствор и ги вадиме со аспиратор. Бевме пред четри дена на матичен педијатер, рече во ред е, само што има секрет во носето. Можно ли е текви нагли промени да се од носето или е скок во развој. И во сон скокнува како да е исплашена. Можно ли е од носево да и снемува воздух? Многу сум исплашена, ве молам дајте некој совет. Понеделник секако ке одиме повторно на лекар, но до тогаш, дајте ми некој совет ве молам. Инаку утре полниме два месеца, и сме предвреме родени.
@eta Тоа со штрецнувањето е нормално, кај сите е така. Со тек на време ќе намали и понатаму ќе го снема. Нека не те загрижува ова, нормално е.
Не се плаши, штрекањето е нормално на таа возраст. Плус ја мачи затнатото носе и затоа се буди, можеби и грчеви има, или скок, па се’ е собрано. Еден ден се мирни и спијат цел ден, друг ден не спијат воопшто и се нервозни. Мала е уште, нема ред сеуште фатено, ќе се среди. Прскај спреј и чисти го носето неколку пати на ден, особено пред спиење, да и’ биде полесно. Можеш под душечето кај главата да ставиш некоја ептен тенка перница или чаршавче свиткано, да спие на благо подигнато да не и’ се слева секретот. Сум го применувала ова кај големата со перниче тенко под душекот, над даските, и вистина спиела полесно кога била затната, но не смее да е високо во никој случај, само благо да е поткренато душечето. Ја следиш ли да не има тт, па од тоа да спиела повеќе денес? Мери и’ деновиве, прати ја. Не се плаши, ќе се среди, ќе помине
Температурата 36,5 ако е точно измерено, немам се уште безконтактен, па измерив со обичен дигитален. Како мерите температура на толку мало бебенце ? И го ставив под мишка, но ми беше во прегратка. Се надевам дека точно е измерено. И нам ни е благо поткренето душечето уште од почеток. Во Систина на интензивна, така спиеше, па продолживме и дома. Ставаме физиолошки раствор, вадиме мрсулчиња, па белки брзо ке помине.
Во ред е тт, ниска е Јас имам дигитален топломер за бебиња и деца Браун ама за во уво, не е безконтактен. На мало бебе мислам невозможно е со обичен дигитален под мишка, штознам, немам мерено никогаш така, дури ни на големава. Мада и на допир ќе ја осетиш ако има тт, верувај. Презадоволна сум од мојов, точен е и брз, но од Англија е купен, тука не знам дали има вакви, инаку би ти го препорачала. Ако имаш намера да купуваш и ако најдеш нешто вакво кај нас, ваков е мојот многу сличен, топла препорака од мене: Душечето штом е подигнато, супер, нека го додека не и’ се одзатне носето. Ќе помине, не се грижи
Како сте? Дали имаше проблеми со дишење? Обично кога ќе се голтне некое страно тело и во зависност од неговата големина може да се јават низа проблеми ( кашлање, гушење и промена на боја на кожа) затоа е најдобро одма на орл лекар да се јавите. Овој линк е прва помош при голтнување на страно тело.
Нема промена во однесувањето, му дадов маслиново масло, јадеше супа. Расположен е, не кашла, за сега нема болки. 3 саати поминаа. Др ми рече 24 саати да чекам, да видам дали ќе го покака. Господ на помош, мн ми е страв