Син ми имаше сега на 8 месеци прв пат затнат нос, првата вечер се утепа од плачење. Ќе заспие и го слушам не може воздух да земе, почнува хистерично да плаче, пола саат не се смирува, не може ни да цица ни ништо. Око не склопивме и тој се изнамачи. Другото ти одговориле, може е скок, менуваат бебињата цело време, ама ова со затнатиов е најлошо нешто и најмачно за бебе откако е роден. Вака никогаш не врескал..
За плачење не збори,цел ден и цела нок во раце и пак вришти. Сега е подобро. Ме интересира само, дали ти качи температура, или останавте само со затнато носе.
Качи малку, 37 со 5 нешто минимално и тоа само еднаш. Вирус некој беше нашето, со кивање и затнат нос. Очите исто доле црвени му беа. Инаку прскај солен раствор и влечи со аспиратор за да му олесни. Нас денес 3 ден ни беше ама ми изглеа подобар ќе видиме вечерва. Што ти кажаа, од што е секретот, настинка или? На мојов вирус беше зошто сите дома буквално истите симптоми ги имавме. Денес дури засрипнавме и јас и бебе, вчера двајцата еднаш качивме температура и толку..
Мајки веќе една недела како има бебе затнато носе,прво беше само како вода но после веќе се згусна во жолто/зелен секрет и почна да кашла. Прскав бекутан капки и влечев со аспиратор но не помина,по совет на педијатар правев инхалација два пати на ден со декстазон и солен раствор три дена но подобрување нема,дури почнаа и жолти дрљи на очињата да му се прават. Во меѓу време ни излезе и првото забче. Некој совет како да му олеснам? Моментално не сме дома,за 3 дена се враќаме и ќе посетиме доктор. Инаку сме скоро 7 месеци. Фала
Обично жолто-зелен секрет викаат дека е бактерија. Со затнато носе ( бел секрет) сум имала проблем и и ставав аква марис бебе и влечевме со аспиратор.
Мамички , дали некоја имала искуство со високи тромбоцити кај бебе , денеска правевме крвна слика и црп , другите показатели се добри ама тромбоцитите 700 тоа е многу се извадив од памет Утре иамем термин на детска клиника на хематолот ама ме интересира некоја дали имала нешто слично , не ме држи место до утре , ке полудам мислам дека. Инаку малата ми е два ипол месеци , правевме крвна слика на 14 август пред вакцините рота и шестовалентната тогаш беа на горна граница. На доење сме само
И моево имаше високи тромбоцити, ми рекоа дека е во ред и дека ќе се среди. Баш пиши што ќе ти кажат.
Zdravo majki vecerva bebeto po 2 casa spienje se razbudi vristejki mu dadov da cica i prezaspa.Noseto mu bese zatnato malku po pola saat se razbudi uste poveke vristese i ne se smiruvase mu kapnav malku solen rastvor vo noseto zatoa sto uste poveke bese zatnato.Celo vreme placese po 20 tina minuti povrati obilno.Temperaturata normalna, go istusirav mu dadov malku voda i se raspolozi.Potoa cicase i zaspa, imam li prostor za panika i na sto treba da sd vnimava posebno.
Колкаво е бебето? Само на млеко сте или пие и вода, чај? Давај течности да не дехидрира од повраќањето, еднаш ако повратило ништо сериозно не е. Јас би препорачала вода наместо млеко, заради желудникот. Не мислам дека има простор за паника.
Настинка ни рекоа. Правевме крвна слика и црп. Црп ниско. Но и хемоглобинот низок 88. Сируп сидерал ни дадоа и витамин ц капки. Мислам, ова не е поврзано со носето, но ете да си кажам. Денес измеривме температура 37,5 ние исплашени веднаш на лекар. Кога меревме кренкаше и беше немирна. Можно ли е од тоа да е повисока ? Зошто пред еден час и мерев со сите можни топломери, во ред и беше. Бесконтакниот покажа 36,6, дигиталниот 36, а живиниот 36,7. На кого да верувам ????
Не е покачена температура 37,5 и џабе сте ја однеле. Од 36,8 до 37,5 е нормално за бебе. Прво секогаш расоблекувај ја бидејќи можеби и' е топло. А ете и немирна била и кенкала.
И ние го носевме на лекар за џабе што се вика, за затнат нос... Ама прво дете паничиш. Иначе на бебе мое ова втор пат му беше да фати вирус во 2 недели многу ни дојде. Првиот пат имаше температура до 39, 37.5 не ја ни рачунав за покачена, на бебињата нормално им е повисока. Ќе се реши со хемоглобинот, на бебе 110 му е, спомна нешто докторката додаток исто ама не препиша..
@Cherry333 , @0ли , се испаничивме со мажот ми, зошто и предвреме родена, ептен се плашиме. Подоцна и се јавив и на педијатерот што ја води во Систина и таа рече дека е нормална температура. А овој матичниов пак и антибиотик ампицилин ни даде. Не знам на која основа, црп ниско, ја гледаше грло немаше, заради темпетатурата ли, појма немам. Утре ке одиме и во детскиот диспанзер во нашиов град, да се консултираме. Не ми се дава антибиотик без второ мислење. Станка од Систина, вика дека без да ја види, не знае да каже дали да се пие или не, ама некако не ми се малтертира детето по овие жештини, да одиме за Скопје.
@eta Имајте и на ум дека е малечка и брзо се загрева, гледај и да не ја облекувате премногу. Знам дека се плашите, но и премногу облека може да ја крене температурата.
Исто и облекувањето ми е голема грижа. Се си мислам дека или е премалку или е премногу облечена. Преку ден ми е во боди и чоралпчиња, нокта тенки шпикозни на долги ракавчиња или боди со панталончиња. Вие како ги облекувавте? Ги покривате ли ноке?
Мила, полека, смири се, не паничи. Знам како е со прво дете, сум го поминала тоа, па и вашето и предвреме родено. Но верувај дека и да качи тт (реалноста е дека ќе се случи и тоа еден ден), не е ништо страшно и нема што посебно да и’ направат на лекар. Се дава сирупче, се следи, расоблечена и тоа е. Верувај, ја разбирам грижата и паниката, и ние за првата тт на големата трчавме во Систина сред ноќ. Затоа ти пишувам, сум го поминала истото За паника е само ептен висока тт, над 39.5 и тогаш треба одма да се реагира. Мојата големата кога и да качи, качува обавезно над 39, и си ја знам дека е таква па не паничам, ама ни беше хорор на почеток. Такво си е детето едноставно, нема кај неа блага тт. За облекувањето, бебка моја дење е во боди по кратки, без чорапи, а ноќе боди по долги и долги пижамчиња, исто боса. Клима е пуштена преку ден цел ден на 23, но на горниот спрат, не ни дува директно, само ни лади. Додека беше потопло ноќе спиеше по боди на кратки и пижами, но сега е посвежо, а и оставаме прозор на кип цела ноќ, па по долги и’ облекувам. Ја покривам со тенко чаршавче. Сепак, облекувањето зависи од тоа какво е таму кај што си, колку што сфатив не си во Ск.
Се зависи каде се наоѓате и колкава ви е температурата во собата кај што спиете. Не е исто Охрид или Берово со Скопје или Гевгелија. Ако ви е топло само на боди и некое тенко чаршавче, ако е свежо исто боди и плус долен дел пижамчиња. Чорапи во ниеден случај. Проверувај ја позади на вратчето ако почне да се поти одма расоблекувај. Колку што сфатив сте измериле температура 37.5, а другото се било во ред. Во таков случај никогаш не би дала антибиотик зашто не е бактериско, а и 37.5 многу често има и мојов во најтоплите денови. Само расоблекувај или истуширај ја да и олесни.