Во моментов сум во Охрид некое време, тука не е толку топло како во Скопје. Дење температурата внатре ни е 25 степени и го облекувам на пример со боди без ракави и шорц. Го покривам со тенко памучно ќебенце кога ќе заспие. Навечер е посвежо и паѓа околу 22 степени, го облекувам во боди со куси или летни шпикозни со куси ракави и куси ногавици. Го покривам со тенкото ќебенце и плус јорганче бидејќи ноќе е поладно. Пантолончиња му облекувам само рано наутро ако го шетам во 6-7 и за саат време му ги соблекувам. Секогаш се прашувам дали е доволно облечен и да не му студи, па ако го облечам се мислам да не му е претопло. Но знам дека уште 3 кг кога беше малечок, се нервираше ако е повеќе облечен и црвенило на телото му се појавуваше, па почнав помалку да го облекувам и поубаво му е. Веднаш го расоблекувам кога ќе видам 37,4-37,5 и во истиот момент му паѓа на 37. Фатете ја дали и' е ладно втарчето позади и на градите, така најдобро ќе знаеш.
Мајки, на синко му се појавило нешто црвено на едното ноже, како суво и рапаво е местото, со ситни црвени точки едно до друго. Овде прочитав дерматит. Го проверив, на друго место нема само едно е Треба ли некако да се третира или само се повлекува? Да не се рашири насекаде ми е страв
Провери на допир и други да не има. Кај моево прво на допир се осеќаа по ноџето и мешето, рапави без боја, па едно време малце се вцрвенија. Сменивме козметика од Мустела на Еуцерин маслена купка и пх5 лосион и се средија. Од време на време само едно му се вцрвенува и се губи. Намачкај некоја помрсна крема или лосион.
Да прашам има ли некој вирус со растечен/затнат нос и тт до 38? Големиот ми беше 3 дена со растечен нос навечер се затнуваше на 2риот ден крена тт 38 помина со taylol hot pediatric и веќе не прикрена тт. Малово еве ноќеска не спиеше мирно. Едно време го сетив дека крчка со носот викам ќе се затнува сабајлево тече нос како чешма. Па вадам и со пумпица сега мерам тт 38 ама за разлика од големиот ова ми е малку омалаксано,млитаво. Верувам дека е настинка
Има вируси да, и комшивчето имаше така слично нешто. Има префатено од големиот, ќе помине за брзо. Разладувај и чисти носе, и течности повеќе.
Фала ти многу. Го намачкав лосион од Веледа, од почеток тие ги користиме а и во детергент, капење, исхрана ништо не сум сменила. Не е црвено веќе но е рапаво, а ќе го проверам на допир да не има и на други места. Козметиката ти ја препиша дерматолог? Ако не се повлече, баш ќе го однесам да ни препишат нешто
денес два пати ми крена тт. Еднаш 38 еднаш 39.3 душа ми застана. Се јавив кај матичниот рече инхалација и парацетамол. Викам јас се сомневам дека се крајници оти точка тт еднаш од крајници крена а и големиот од крајници секогаш крева тт. Ми речат дај антибиотик. Се помислив. Реков не,на непрегледано така Антибиотик фала. Да видиме како ќе пројдеме вечерва па утре ќе одам да го прегледа матичниот А од симптоми освен растечен нос ништо нема
Дали од парче, големина на залче за возрасен, проја (со јајца) а немам воведено белка може да покаже алергија? Со свекрвата имам ладен однос, исто и она со мене и бебе, вечерва бевме кај нив,беа и брат му и снаата и да се направи паметна пред нив му напика на два пати проја во уста. Јас бев по полнач ,ја видов на крај мислев цуцлата му ја дава Ни да праша дали смее да јаде,ни дали треба да му даде. Малиов 5 месеци јаде цврста храна еден оброк го нема нахрането не ја сфаќам поентава на постапката во 20: 30 навечер!! Го анализирав бебево под мишка имаше две црвени кругчиња како убод од инсект ама многу поцрвени,дали е можно да е поврзано со јајцето? Останав без спиење вечерва
Да може, а затоа под мишка незнам. На пријателка малата после 24ч покажа реакција и тоа само од пола белка, од помалку не покажуваше.
Колку е голем бебуш? Во едно залче проја има навистина многу многу малку јајце. Јас на цела проја ставам 5 јајца, кога ке се распредели, пак е малку. Реакција може да има, ама мислам дека читав дека од алергија црвенило има околу устата, на образи и гради, стомак. @Alishan30 мислам дека пишуваше за ова.
За 1 недела 11 месеци Немаше ништо вчера за среќа,ги анализирав точките под мишка како од штипнато изгледа
Не верувам дека е алергија, поголем би бил исипот и на повеќе места. Не е директно јајце, сепак е во друга храна измешано. А и детето не е така мало. Се поклопиле работите. Следи ситуација @Sofi.ja , но не верувам дека би се влошило
Синко денес се разбуди со тт. Пред да преспива имаше 38 со живин, не дадов ништо, заспа, се испоти, мерев со безконтактен додека спиеше, 37.5 најмногу имаше ама се спуштапе и надолу. Пред пола саат мерев 38 со живин, а вака не е топол, не му течи носе, нормално функционира, јадеше, пие сок, си игра. Сега мерев пак 38. Дали да дадам сируп, или да премерам пак за пола саат? Најдобро ќе биде да го разладам со туш, или на тераса да излезиме. Сигурно е некој вирус!?
Цел ден е само по боди, со отворени врати седиме дома. Давам течности, и тоа е , ср надрвам дека ќе помини.
Колку денови трае вирусов до 38 тт? Срга му изметив 36.8 со живин, ама ми мрдаше. Ма да ако е над 37 ќе покажи.