Направивме крвна слика и црп,ќе ги прикачам. Пред 15мин мерев со живин 38.3 Сега го истуширав (без глава) цица и ќе спие Дали е ок да спие колку сака или да го будам и дали да ставам чорпи со оцет или да го тапкам со алкохол ??? На колку време да мерам температура? Едит облечен е по боди на кратки и шорц без чорапи и покриен со тенко ќебе Сега задрема и се сецна како да се исплаши, и сабајле правеше вака,дали е од температурата
Сосема во ред се резултатите. Можеш да истушираш дете, проветри дома, извади го на воздух, пресоблечи го и полесно да е облечено. Не би дала ништо друго, ни оцети ни чуда. Дете си цица. Си спие нормално. Ако спие повеќе од вообичаено ќе го будиш, пред тоа нема потреба. Температура не се мери нонстоп. Само кога ќе забележиш некаква промена или ти е потопло на допир. При движење/активност може да качи, при спиење исто така, при цицање исто така. Ако нонстоп мериш- непотребно се стресуваш. Следи го прегледано е, и крвта е во ред, други симптоми нема, не е дехидрирано. Ќе биде во ред Едит: сецнувањето не е од температурата
На толку мало бебе не се дава ништо без претходна консултација со педијатар. Парацетамол е за температурата и болка не за настин. Однеси го на доктор да го видат. @Sofi.ja следи го само, мојата додека спие качува повеќе температура.
Фала многу,уште ова да си знам со време Имам сируп ефералган, има килажа според која треба да се дозира Моево е 9700, да му дадам доза за 9кг или за 10кг кога ќе треба?
Од 10кг слободно. За 300 гр ништо нема да е. Но за оваа температура, те молам не давај ништо. Температурата е одбрамбен механизам на телото, добро е да се појави и укажува на здрав имун систем кој се бори со било што. Доколку е веќе над 38,5 можеш да дадеш. За помалку не давај, ги маскирате така другите симптоми и се прави поголем проблем.
Не давам,чесен збор. Се надевам ќе помине само од себе, прв пат вака качува температура и менува расположение,па затоа малку сме може и досадни со прости прашања,ама тоа е без искуство. Еднаш имаше 37.2 после вакцина,ама да не измерев немаше ни да знам
Воопшто не сте досадни и не се глупави прашањата. Скроз ве разбирам и секој така би изреагирал. Но, само не брзајте. Пишувај овде, контактирај со матичната, ако треба пак на преглед ќе носите дете. Само да не даваме лекови, без потреба. Не го зборам ова само од медицински аспект, повеќе како човек кој во иднина вака би постапил
Како да не правиш сама? Јас сите 3 деца така и ги чистев/ам кога се затнати и немам никаков проблем. Зарем по 5 пати дневно ќе одиш на лекар само да им го исчистат носето? Оти кога се ептен затнати и им тече нон стоп треба многу пати и да се чисти носе.....
Епа прскам спрејче и со аспираторче, а така течност да спричниш толку многу за да истече ми рекоа не, наводно можело како за беља да оди в дишник, а они знаеле во таков случај како да реагираат.
@BabyT* @Alishan30 Пред 30мин 38.8 Се јавив на педијатарот дозволи сируп, во упатството пишува на 6 часа, ако имал висока тт може и на 4 часа, рече др. Друго, разладување со 1 цеден лимон и лажичка сода ,се правело како пена од тоа да му ставам на раце ,нозе,стомак и туширање. Дајте и вие некој совет ,страв ме фаќа како наближува ноќта, нашава била 1 смена,замената е до 20ч кого ќе консултирам после тоа А сирупот едвај со шприц му го дадовме се утепа од плачење
Чепче? Леле Австрија одма чепче даваат.. мене ми естрав да ставам ама кога крена малава тт од вакцина ништо деуго не ми даваја.
Дури работат аптеките набави си и чепчиња ефералган тие побрзо ја симнуваат тт од сирупот, исто и етанол од 70% ќе мачкаш исто како со оцет, ќе туширање и нуди повеќе течности, штом цица давај кога и колку сака. Може нема да ти сака храна од тт ако е омалаксено.
Јас ставам сенф на стапалата и мачкам со разреден оцет со вода (1ф оцет на 1ипол л вода), на пелена да го раскомотиш. Сирупот и мојата не го сака ама додека не повраќа од него не е страшно, ќе го даваш полека голтка по голтка. Како е сега, спушти ли?
После сирупот спушти, мерев 1 час по сируп 37.6, после 3 часа од сируп 37.3,за 40мин треба нова доза,пред малку заспа. Инаку супер се расположи, го истуширав пак излеговме и на прошетка и почна да се поти на главчето, тогаш симнувал тт. Да го будиме за нова доза или да пикнеме со шприц? До кога се дава сируп ,да дојде тт под 37?
Нон стоп така чистам нос, со шприц по 2 пати во секоја ноздра, во едното шприцам од другото излегува течноста, не може да оди во душник, излегува од другата ноздра По неколку пати на ден.
Не го буди, не се дава сируп освен ако пак не е покачена тт. 4 часа е рамка за кога најрано смееш да дадеш повторно ако има тт, сега ако има 37 не треба да даваш. Нека спие, следи го и мери му, ако качи пак над 38.5, тогаш сирупче. Нека поминува побрзо
Баш како што ти пишаа ако има над 38,5 ќе дадеш нова доза. Обично на 6часа, може и на 4ч ако е многу висока. Но, ако е под 38,5 не давај нова доза