Во 17ч му дадов сируп, нели 6 часа пишува на упатството сега во 23ч. Треба нова доза да дадам Тт 37.3 беше во 20ч А сега измерив 37.6 Прстите на нозете му се ладни,дали да облечам чорапи?
Ама на 6 часа се дава доколку има над 38,5. Ова не е антибиотик па точно на 6 часа да се дава. Ако има ќе дадиш, ако не ќе мериш пак покасно ако крева тогаш ќе дадиш. Облечи му чорапи.
Ако му се ладни нозете и рачињата, можно е да крева во моментот (кај поголемата е вака секогаш, ладни камен додека качува, а откако ќе качи ќе се стоплат и така знам дека нема повисока да дигне). Но не мора да значи дека и кај твоето е така. Облечи чорапчиња и следи го. Сируп само над 38.5.
Биди смирена, не паничи. Се правиш како што треба. Следи состојба и не се возбудувај. Полека, ќе се среди се
Сега штом почна пак да дига тт не давај до 38.5,да се бори телото,до тогаш користи нешто од овие методи. Ако спие остави го нека спие не го гњави само следи го. Со лесно да ја помните ноќта.
Се разбудив пред 2, го пипкам гори Мериме тт 39.1 Го расоблеков по пелена и со раствор од лимон и сода разладував а после го истуширавме. Дадов и сируп, по 30мин тт 38 Почна да ме фаќа паника, не верувам да се заби со волку висока тт,да не направивме мн рано крвна слика
Не се заби. Обично висока тт сугерира на вирус, што не е страшно. Бактериски инфекции даваат обично пониска константно покачена тт. Но да не се правам доктор, најубаво слушни се со матичната да го однесеш да го види. Ќе помине
Мајки,беба е од вчера со затнат нос,има безбоен секрет,а се растекува откако ке ставам физиолошки или излегува со кивање.Чистам со аспиратор,но после тоа имам чувство дека останало уште,така дише.Весела е,цица редовно до сега,само во текот на вечерта се будеше 2-3 пати,па чистев носе да и олеснам. Не знам дали да одам на лекар само за затнат нос,да прават брис или сл.. 5+ е иначе.
Добар беше ноќеска,после тоа се испоти на главчето и се олади Стана во 8ипол цицаше,не мерев ама не беше топол Во 9ипол се разбуди весел си игра,од пред пола саат клапна, сега измерив 38.3 Не знам дали да давам сируп на оваа тт,ептен му е мука а и има нон стоп тт од вчера навака? И пишав на матичната,втора смена е, не ми се врти кај замената додека објаснам што и како... @Sexybaby86 тоа викам, да не направивме рано крвна слика па затоа да е уредна, а уствари да има нешто
Крвна слика најрано 24ч од првото кревање на Т, за да биде релевантна. Јас никогаш не брзам со тоа. Побитно ми е да го пратам малото како се однесува. Прва Т ви е ако добро разбрав, со тек на време ќе стекнеш искуство. За тоа дали давам под 38,5 се зависи како се однесува малото. Некогаш и со 38 не спиел, се мачи , стенка , прета во сон, се гледа дека му е тешко и тогаш давам. Не го оставам да се бори кога гледам дека не му е добро. А бил и со повисока Т ама свеж и сум го оставала да спушти сам. Почна периодот на настинки и вируси,за жал.
Ако го осеќаш дека клапнува изнемоштен е мој совет ти е да даваш, ако не качува многу и на 8 или 12 часа давај. Докторите советуваат над 38,5 да се дава сируп, но еве јас давам и под таа тт ако го гледам дека не е како што треба, и давам повеќе денови од кога ќе престане да качува и еднаш на ден што се вели давам. Во фамилијата имам доктор и уште ние кога сме биле деца знам на мајка ми и рекла подобро давај ако треба и на 8-12 часа отколку да има нагли кажувања и симнувања на тт.
@dunika со аспираторчето не вади нонстоп мрсолчиња, знае да се надразни грлото и ларингсот па потоа да се направи друг проблем. Можеш 2 пати, максимум до 3 пати дневно, колку да и олесниш само. Физиолошки ставај и следи состојба, обично велиме 3 дена и ако нема промена, на лекар. Види како ќе е и утре, па ако не утре јави ја да ја видат. Ако дете е весело, без температура, има апетит, само за носе јас не би носела на преглед. @Sofi.ja денес не е лошо попладнево да ве виде матичната, поминаа веќе 2 дена од прегледот. Температурата упатува на вироза, но можно е и да се повтори до утре лабораторијата, брзо се менуваат параметрите таму. За 38 температура, се зависи од состојбата во која е детето, има со таа температура малаксани, а има и свежи. Доколку е во првата група дај му сирупче. Битно е да има апетит, да цица ако цица, течности обавезно, па ќе видиме што ќе се случи.
Пиши како ќе поминете. Некако од почеток почнав со вас во состојбава, па ме заинтересира како ќе се одвива оваа настинка
@dunika чисти носе редовно и прати ја. Ако наслушнеш дишење од градите како хрчење/свирење, тогаш одма на лекар. Ако хрчи со носето, не е страшно и не е за носење. Само најбитно е редовно чистење за да не се слева секретот и да го надразни и грлото, или недај боже на плуќа да се залепи. И нека спие деновиве на благо подигнато душече. Ќе помине