Форумџика на годината

Итно! Прашања за здравјето на бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. ..MoNNy..!!

    ..MoNNy..!! Активен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2020
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    @Alishan30 Ве читам и мојто бебе има растечен нос и ќива, ставам капки и со аспираторче ама прочитав дека со аспираторче не е добро може друг проблем да се направи а и кога ставам капки и влечам со аспираторче и он плаче се нервира а јас уште повеќе. Тоа физиолошки во вид на спрејче е или?!? И ако се ставе од физиолошки дали треба да се влечат мрсолчиња?
     
    На Alishan30 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Корнелија

    Корнелија Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    1.121
    Пол:
    Женски
    Не е висока, ама цел ден се измачува. Затоа решив да му дадам. Иначе имам и чепче
     
  3. Корнелија

    Корнелија Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    1.121
    Пол:
    Женски
    Цел ден се мачи, ептен веќе беше омалаксан, затоа решив да дадам. Го истиширав, се развесели малку, ама пак е топол. Можам сега да дадам пак сируп?
     
    На kristina.k му/ѝ се допаѓа ова.
  4. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.833
    Допаѓања:
    145.549
    Јас не би го мачела. Штом повратил дади пак. Ништо не се задржало од претходната доза. Подобро да падне и да заспие и одмори, отколку да се мачи.
     
    На Alishan30 и Корнелија им се допаѓа ова.
  5. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.628
    Пол:
    Женски
    Ако си одлучила давај, само да не е под 38 барем.
    Полека ставај го сирупот на страната од устата.
     
    На Корнелија му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.485
    Допаѓања:
    18.806
    Мајки кај нас ситуацијава е иста
    Цел ден со тт,ќе дадам сируп симнува до 37.4 најмногу и после некое време ,кога се наближува времето за нова доза пак качува. 38.6 последниов пат
    Ме исплаши малце и поспан и температура го бањаме во базенче главата надоле,ќе заспиеше на бањање.
    Истоштен е 2 дена и 2 ноќи со температура
    Ноќеска пак ако има 39 ќе го носиме на детска клиника,страв ми е:(
    Сега после 1 час од сируп 37.4, од прееска има и чорапчиња со оцет...
     
  7. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.628
    Пол:
    Женски
    Исто беше и мојата а немаше висока, до 38.5. Кај ќе ја оставев таму заспиваше што не е воопшто типично за неа. Одите утре сабајле испитајте тоа што ви кажале.
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  8. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.999
    Допаѓања:
    39.705
    Пол:
    Женски
    Носи го на лекар. Со двајцата ми се случи по два пати да заглавиме на дежурен. Причина за температура - црвено грло. Одма антибиотик.
     
  9. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.120
    Допаѓања:
    119.648
    Пол:
    Женски
    Аква марис, марисол, и сличните имаат состав на солена вода, било кое од нив ја оддржува слузницата и ја влажни во носот.
    Исто како на море да е детето.
    Тоа се изотонични раствори и не се штетни воопшто.
    На таков принцип е и физиолошкиот раствор.
    Во секоја аптека ги има овие.
    Да, може да се стави и доколку има многу секрет да се аспирира.
    Не често со аспиратор, зошто од искуство претераното и често влечење на секретот, го суши делот кај ларингсот, па детето потоа низ смеа или плач забележуваме дека има зарипнат глас. Затоа реков не толку често.
    Патем секретите се одбрамбен механизам, незнам дали ви текнува но како деца ние со мрсолчиња, од ракав ги бришевме, па ништо ниту ни ставаа ниту аспирираа нашите.
    Знам, модерно време е, но мора да не паничиме 37,4-38 температура не е страшно, плус траат ден-два. Се што е подолго се реагира на лекар.
    До тогаш следење и рехидрирање, секое пребрзо реагирање и предвремено давање на терапија им го намалува имунитетот на бебчињата, и не им се дава шанса да се борат со вирозите, па и бактериите.
     
    На dunika, mKdevojce, Sexybaby86 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Корнелија

    Корнелија Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    1.121
    Пол:
    Женски
    Само што му го дадов поврати, абе жива ќе се изедам ама тоа е ајде ќе си знам нареден пат како треба да дадам. Не се разболел од лани ноември месец, тогаш го пиеше нормално. Сега дека цел му го дадов а не го сакаше затоа така. Иначе пред пола саат дадов пак, ама со лажиче постепено, пиеше млеко и заспа. Се надевам дека добро ќе ја поминиме ноќта
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.485
    Допаѓања:
    18.806
    Го гледаше матичната рече лесно црвено грло ,може да е од плачење или од температурата што му варира
    Имам дома сируп цефалексин земав, ама рече дека иде викенд да ви дадам рецепта имајте го
    Треба сабајле да испитаме урина
    Ама ако пак видам 39 палиме кола ич не размислувам

    Дали имате искуство со собирање урина во ќесичка да ми дадете совет како да го направам тоа?
    Или втора опција со мокрење во чашка, да го ставам во базенче ,да пуштам вода и да чекам да му дојде,па додека го фатам ќе отиде:wasntme:
     
  12. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.485
    Допаѓања:
    18.806
    Мајче те гушкам, и јас се надевам дека лесно ќе поминеме:hug:
     
    На Корнелија му/ѝ се допаѓа ова.
  13. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.999
    Допаѓања:
    39.705
    Пол:
    Женски
    За земање урина ова го најдов на нет
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Корнелија

    Корнелија Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    1.121
    Пол:
    Женски
    Оф бе мајка, оваа тт ноќна мора ми е жими се. Јас во живот не сум кренала тт, ама затоа маж ми 40 на секое разболување. Од него имам трауми, и сега се тресам синко ако крене, па макар и 37.3.
    Иначе за урината, полесно ти е во кеса, едноставно е
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.601
    Допаѓања:
    199.733
    Вирозите обично држат температура 3 дена, мада некои и повеќе. Ве видел лекар денес , на итна ништо специјално нема да направат. Одморете, секако утре имате во план испитувања.
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  16. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.540
    Пол:
    Женски
    Не знам дали веќе се снајде, но ќе ти кажам јас како направив.
    Ќесичката кај тој отворот има лепенка и убаво се залепува на кожата. Курето треба да е внатре во отворот, каде што почнува курето, таму горниот дел од отворот да е. А остатокот да се залепи на кожата. Не му ставив пелена, го чекав така да се измочка. Малку подисправен го држев за тоа време. Околу 20 минути чекав и цела си ја наполна. Потоа внимателно ќе ја свиткаш и во стерилна чашка сосе ќесичка ќе однесеш во лабораторија. Може и да се истури мочката во чашка, но јас мислам дека подобро е во ќесичка како што е, па тие таму ќе средат.
     
    На babydust му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.485
    Допаѓања:
    18.806
    Читав дека лесно може да се контаминира со ќесичка,па се снајдовме со чашка,за да не се малтретираме два пати.

    Последна висока тт ноќеска во 4:30 , 38.5,дадов сируп од тогаш навака два пати 36 со нешто и сега 37.2, сега е расположен
    Еве и резултати од нова крвна слика со урина и црп
    Screenshot_20200911-124814_Gallery.jpg Screenshot_20200911-124811_Gallery.jpg Screenshot_20200911-124809_Gallery.jpg
     
    На Alishan30 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.233
    Допаѓања:
    205.310
    Пол:
    Женски

    Класичен вирус. Според симптомите и крвната слика тоа е, може да има од утре осип, но и не мора. Само без паники, не би требало веќе да качува. Тоа што пишуваш дека е омалаксан и поспан е сосема нормално, нека спие колку сака, за да се опорави организмот. Храна не форсирај, течности повеќе, и да не качува тт. Домашна пилешка супа ќе го крене малку.
     
    На SummerGirl, Alishan30, Sofi.ja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.120
    Допаѓања:
    119.648
    Пол:
    Женски
    Сосема во ред резултати, сепак цефалексинот не би требало да се пие врз основа на ова, и плус температурата е намалена
     
    На Sofi.ja и duffi им се допаѓа ова.
  20. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.485
    Допаѓања:
    18.806
    Касна малце кисело млеко со краставица и лебче и давам да цица на 3 часа од прилика
    Вчера направив супа со зеленчук и вода од петле, ја јадеше.
    Денес пак ќе направиме пак.
    Си пие и водичка и е многу подобар од вчера
     
    На SummerGirl, Annath, WonderGuurl и 1 друга личност им се допаѓа ова.