Мајки, поради настинка бевме на контрола, крвна слика и е добрА, брис ид грло испадна бактерија, но не ми даваат ништо за да пие. Нема температура, весела е и активна. Пошо се става во уста што чепне, можно и од тоа да е бактерија.. како да ја доконтролирам не знам.
Ние денед бевме на доктор го прегледа, рече дека има зелен слуз на грлото, се слеал од носот, а него нос не му течи, од вчера малку ми е затнат. @Alishan30 што мислиш според крвната слика? Ни даде физиолошки и Назопас, Парацетамол по потреба, и антибиотик за секој случај дома да го имам дека викенд. Не знам дали да почнам да давам, еве го сега 38.1 со дигиталниот му измерив, а вака активен е. Не јади многу, ама пие течности. Исто сакав да прашам дали смеам да дадам електролити?
Електролити можеш да дадеш, за антибиотик не сум. Ама јас никогаш не сум, не ме слушај менекрвната слика е супер, укажува само за настинка, за зелениот секрет би требало брис прво па потоа антибиотик, а вие ако дадете антибиотик па во понеделник брис, резултатите може да бидат лажно негативни
Девојки.. Дали може од што почнавме со пробување вкусови (јаболка, круша, праска, морков, протокал) да му се смени каката?!
Здраво мајки. Ме интересира дали сте запознаени што може да биде кога бебето ги витка ножињата и се стега, стиска? Ние сме 9 ипол месеци и веќе 2 дена така прави. Да ја боле меше ќе плаче ама таа си игра, кака си еднаш до два пати во ден и си иста како и претходно. На момент си помислив дека сака да се исправе ама истото го прави и кога седе и стои. Му пратив видео на педијатарот и тој ми вели дека се е во ред но јас ипак не сум мирна. Па би ви била благодарна доколку ми помогнете што може да биде или пак дека е само период. Од капки давам само пливит д3 по препорака на педијатар. И да напоменам дека сме само на доење бидејќи ништо не сака да јаде. Единствено грицка смока или бисквита ама и тоа едвај една. Поздрав најголем.
Ни искача трojка местoтo е целo oтеченo и белo...смеам ли да намачкам далерoн? Цела нoќ не е спиенo цел ден е кенкава, затoа штo секoе вадење заби ни е сo растеченo нoсе...
Какo да имам читанo пo фoрумoт дека мачкале непциња сo парацетамoл и ги смирувалo Не би сакала да давам парацетамoл ама акo ептен се мачи и вечерва
Да не ги имаш помешано работите Мачкај гелче, ептен ако се маче детето дури тогаш пола доза може, ама најдобро е да се избегава.
Нина нема до сега ни едно запче ама гледам дека долу кецови и се ептен белу и на допир малце е рапаво, не е отечено ама прв пат ми е и настината. Сега кај што напиша дека вашето е на секое вадење на запче со затнато носе, па можно ли е да очекуваме и ние за брзо? Мене ми дадоја сирупче Блокмакс да пие ако и расте запче
Не те разбрав, 9 и пол месеци е бебето и ништо не му даваш освен доење? Ако добро те разбрав, не знам од што ги витка ноџињата ама на 9 и пол месеци не смее да е само на доење. Мора храна. Преголемо е бебето, нема шанси само млеко да му стигнува. Можеби ги витка ноџињата кон стомакот од глад? Пак ќе повторам, ако добро те разбрав што мислам дека не те разбрав бидејќи не ми е веројатно дека на 9 и пол месечно бебе не му даваш ништо освен млеко.
Ако е бело и рапаво може веќе е испаднат. Чукни со лажиче да видиш. Инаку да може да има мрсоли од забите, само да се бели.
Да акo е бел секретoт oд запчетo е...каj нас минатиoт пат самo штo излезе oдма се среди нoсетo. Еве вечерва немoжам да jа слушам едваj дише
@BabyT* да бел секрет е, заната е едвај дише, и прскам синомарин и влечам, не дава да и проверам како и се непцата, одма плаче чим ја чепнам. Веќе недела дена одбива храна од пластично лажиче, само тие гумените меки што се, ако е запче сигурно и смета, па за тоа.