Може да е од жешкото, а може и да реагира на млекото за сончање под влијание на сонцето. Значи сончевите зраци да предизвикуваат некаква реакција кога кожата е намачкана со ова средство, така најчесто започнуваат алергиите на сонце. Не ја изложувај на сонце премногу.
Немам искуство со бебе и не знам дали е исто како кај возрасните, но татко ми се исфрлаше вака од сонце. Јас мислам да не ја мачкаш ништо да се смири, измиј ја со чиста вода, светла маичка и строго на сенка. Сепак, консултација со лекар мислам најпаметно е.
Јас кога го носев син ми прв пат на море имаше година ипол се исфрла на препонски дел и ноџиња го однесовме во амбуланта ни кажаа од солта и песокот дека е ни дадоа крема и често миење со чиста вода да не се задржува сол и песок..можеби и кај вас е од тоа како и да е најдобро совет во амбуланта.
Од сонцето е и кај нас некни кога бевме на плажа, на лицето се нафрла, а не ја мачкав со ништо, ситни ситни такви брунчиња и се појавија. Не третирав со ништо, миење убаво со водичка или со шампончето со кое ја бањам и поминаа наредниот ден веќе, сега нема ништо
Devojki, sirupite za temperatura se davaat I otkoga ke padne temperaturata ili samo dodeka da padne? Ke moze li nekoj piupaten vo ovaa rabota da mi objasni?
Ќе скренам‼️само само што измерив температура на беба (7месеци) 39 со 2 Од синоќа (среда вечер) и денес цел ден со Т качи слегни до 38 со 7. Ja носев попладнето на педијатер рече, црвено грло, некој инфект и само чепови даде. Плус заби вади,?има три извадено сега уште три се готови да излезат. Вечерва После 22чсот и ставив ибипрофен чеп,потоа околу пола час се искака, и сега мерам 39 со 2, а само три часа поминати од ибупрофенит. И ставив чеп парацетамол. Почна да се тресе, како треска да има. Многу се исплашив, помислив да не се грчеви.! Ама изгледа не се. И дадов водича, цицаше и еве заспа сега. Мн ми е страв. Да не е било грчеви тоа тресење, ама не изгледаше како на тоа. Уф дур не падне температурата сега
Временско растојание меѓу две дози антипиретик (лек за симнување температура да го речеме) е 4 саати (тоа ако се менуваат наизменично два, парацетамол и ибупро на пример). Ако во меѓувреме температурата пак почне да расте се разладува со туш, бања со не многу топла и не многу студена вода, чорапчиња со оцет. @eta антипиретик се дава само на покачена температура над 38, за помалку нема потреба, напротив контрапродуктивно е. Температурата не е болест туку манифестација на некаков воспалителен процес и со покачената температура организмот се бори против инфекцијата.
Само што пројдов низ еден ваков хорор.За антипиретиците и дозирање на колку време само во консултација со педијатар.Мојата на 3 часа почнуваше да качува и еден час ја разладував со алкохол а после туширање со вода за 1 до 2 степени пониска темп од телесната.Чорапи со оцет само на топли нозе, на ладни никако.Не давај антипиретик порано затоа што нагло ја симнува темп и затоа се тресе.Со чеповите е побрзо спуштањето затоа строго придржувај се до времето.А во меѓувреме разладувај. Имај дома дијазепам чепчиња за секој случај,ама само ако каже педијатар.На своја рака не.
@eta давам ако е проследено со болка, пример главоболка кај поголема, болка во уво, грло итм. И кај бебе ако гледам дека е немирно, плаче воНемирено а е без темп. Може и тоа има главоболка уво грло го боли итн а неможе да каже. Тоа првите два три дена. апдејт: беба е добра, имала треска од високата Т весела цица, Т качи слегни под комтрола е. Фала мајки за одговори.
Точно, се дава парацетамол за болка ама како може да знаеш кога не може да каже? Ако има болка во уво, грло, значи ќе има инфекција и температура. Не може само за вознемиреност да даваш, затоа што можеби нешто го боли. Штознам, ти си знаеш, ама не може такви совети да делиш.
Да се надоврзам на твоево. Температурата кажува дека има некакво воспаление, и телото се бори со тоа воспаление. Кога даваш антипиретик и предвреме без да има температура го лажеш телото се "шминка" целата состојба, па за жал потоа телото на друг начин реагира и може посериозни симптоми да даде
Така ми имат кажано педијатери и у клиника така и правам. Иво и грло може дс те болат а да немаш Т. Кога вакцинираш дете у мк нели ви кажуват у случај ако нема бебе Т а вреска плаче вознемирено е, и не се понаша нормално, дека е можно да има болка кј убодот, главоболка, да го болат коски или омалаксено е да му дадете чеп или сируп? Исто е и со настинка или грип. Не го клукаш со медикаменти, му даваш по потреба!
Прашувам, зошто мојава задвчера качи температура 38, како реакција на вакцина, и дадов сирупче, и веднаш и се симна на 36,9 и повторно не и дадов. Вчера повторно истата температура, со сирупче повторно веднаш се симна. Смеам ли така ако повторно ми качи, да и давам по еден пат на ден? Обично колку дена, после вакцината има реакција?
Моево беше болно три дена, дозата на сирупот беше на 6 часа. Ако имал над 38.5 и сум дала во 12, а следна доза доаѓа во 18ч, мерев тт ако нема над 38.5 не му давав сируп. Така ме научија прво овде на форум,а истото ми го потврди и педијатарот. Рекација од вакцина до 3 дена.
Ако се сомневаш во инфекција на уво или црвено грло, носиш на педијатар за преглед.Ако каже тој, да може да даваш, ќе даваш.Превентивно никогаш не се дава антипиретик.Ако е од вакцина, знаеш дека може да има реакција и затоа даваш.Инаку не. Нека мине побргу на сите бебки.
Смееш, да. Обично после вакцина 24 до 48 часа е периодот кога се качува тт, во тој период еднаш или двапати ќе качи, не би требало повеќе (со големава секогаш така било). Ќе помине