Имам на Зано инхалатор, инхалирав само со физиолошки , а после и со Пулмикорт и спушти на гради. Вирувче е, сите го фанавме, малото најтешко помина, 2 дена температура цело време, на 2 пати ми качи над 39, плачки цело време, не сакаше да цица, вода не пие, цврста храна одбива а температура цело време. Ми беше страв да не дехидрира. Уште се инхалираме, уште кашла и носот и тече. 3 пати на ден по 10 мин не е страшна инхалацијата. Прво пробај со физиолошки. И да додадам (ме искараа овде ), јас земав и ампула Гентамицин, се меша со капките за нос, било антибиотик или што и да е, за да се отне носето. Мене доктор ми даде.
Едвај прееска дали 3-4 мин седеше. Со плачки и тоа. Со физиолошки почнав, 2мл треба дневно така? Некако малку ми се виде, многу брзо испари. Качи пак 38, еве го во када, него сакав да ве прашам, колку време ги оставате во вода кога се со тт?
Не ставам во вода, и нема да ставам додека се мали. Едино само чепче давам за температура и ништо друго, ни оцет, ни ракија, ни ладни облоги на глава. Глава не топи никако, ниту пак да вадите температура преку глава. Температура преку ножиња вадете ако веќе практикувате така. Расоблечи го, без чорапи. Ставам 5 мл во инхалаторот, и инхалирам 10 мин. Сабајле, ручек, вечера, ако ми испари доставам. Знам како ти е , мачно му е , ќе помине за 2-3 дена , со лесно
Веќе е 3ти ден, во петокот и вчера поминавме "полесно". Не качи над 38. Ама денес качи, и денес не јадеше за разлика од претходните денови. Одбива и течност, а тоа ме плаши. Едвај сега смоки касна, што се не понудив, не сакаше. Иначе и јас не ставам ништо, само со туширање, ама дека маж ми го капеше и главата му ја натопил. Тоа е мажи. Ме плаши тоа што место денес да е подобар, полошо му е. Плус и 3 пати месецов Изгледа антибиотик нема да му бега
Малата ( сега скоро 8 месеца), кога беше 3 недели и се затна носето. Често додека ја инхалирав заспиваше, па си довршував со инхалацијата. Може да дојде до грчеви, пу пу пу не дај боже.
Корнелија јас ваков имам и воопшто не прави звук, се полни може и без кабел да се користи, го земав од км медикал. Ама ако не ти кажале да инхалираш не форсирај. Јас мислам да направиш кс и да го видат убаво, антибиотик не е страшна работа ако треба да се даде треба.
zdravo, dali nekoja imala probkem so bebceto so vrakjanje na hrana i grcenje vo grloto kako da dishi nausta teshko?
Таман работа да го остаам без ништо му давам Парацетамол, а не ставам ништо од тие бабини деветини лекови за спуштање на тт, пример како оцет
Катастрофа Се надевам ќе се оправи деновиве. Сабајле стана со едното око, т.е. долниот капак потечен. Носот сеуште затнат, уши ок, грлото благо црвено. Не кашла, ама сеуште е со тт. Прееска кај матичната мн гужва, јас не му дадов од дома сируп, кога се вративме гореше, одма го истуширав, измерив 38.9, па му дадов сируп. Ни даде антибиотик да пие 5 дена, и тоа е Фала што не помисли
До сега не сум давама пробиотик, сега со антибиотиков морам да дадам. Во аптека ми кажаа овој бил добар. Не прашав како да го дадам, и во каква вода се раствора? Ладна, топла?
Во ладна го растворам јас, може и во сокче, млекце, не мора вода и во храна може ако не го пие во вода, да не го осети. Брисеви направивте ли? Со помин нека е.
Има некоја будна. Малиот 9месеци од 10 кога заспа се буди на пола саат пишти, вознемирен е, ни сака да цица, во раце ме цело време. Ова до сега ми се нема случено, вака да плаче. Дури и додека спие вознемирено диши.Незнам што да правам во ова време. Стомаче можеби го боли, незнам ни што да му дадам