3-4 пати дневно е доволно, ама зборов ми беше за користење во денови. Јас секој ден им го испирам носов на децава, имам синомарин спреј за деца од 100мл. Течел, не течел нос, јас им го перам. Да видиш што излегува после цел ден поминат надвор во трева и земја....
Баш др.на тв препорачува секојдневно перење со физиолошки како превенција. Два пати во ден,утро и вечер. Ана,спреј од диво оригано во кој случај се препорачува?
Јас во вакви случаи ставам од кремата на фрези дерм за гребнатини и модрици, па невен и кантарионово масло.. и да не ставиш ништо ке помине..
Леле еднаш бебево кога беше максимум 2 месеци го шетавме некои пола саат и дома кивна, кога извади едно црно топче од памет ме извади. Ми се згади, колку ли само сме загадени. Инаку, глупо прашање ама те молам просветли ме која е разликата меѓу солената вода и физиолошки или исто е? И мене во аптека ми рекоа 3-4 пати по една капка во ноздра.
Јас диво оригано не би давала додека не пораснат малку. Не знам дали имаш пробано, јас плачев возрасна
Фала ви за одговорите. Баш прашав бидејќи син ми веќе втора недела на спиење се узатнува, па дали смее толку долго да се користи барем како навлажнувач на носето (приметив помага кога капнувам) Е сега ме интересира разликата капка/спреј. Сепак со спрејот малку поголема количина излегува така? @Jana06 тоа ми беше и мене прашањето ама мислам дека е исто, натриум хлорид 0,9% стои на моето, кога пребарувам ми излегува физиолошки раствор
Јас ставив 3 капки на коцка шеќер, толку лути што го извадив секретот во '92 што сум била болна И повраќав btw Сестра ми, на пример, гајле нема. Ќе се искашла, ќе издува нос и за еден саат како нова е.
Физиолошки раствор има концентрација на натриум хлорид (сол) околу 0.9% што одговара на нашиот организам, бидејќи тоа е оптимална концентрација во клетките. Солената вода има концентрација на NaCl околу 3.5% плус има и други минерали. Спрејовите кои ги користиме, се обработена солена вода и концентрацијата на солта е помала, 2% некаде, и таа концентрација е прилично ефективна за одржување на проодноста на носните канали, за намалување на секрецијата, за прочистување и полесно дишење. Ама за тоа треба да биде како спреј, оти поефективно се распрскува. Тоа што е во ампули е физиолошки раствор најчесто, има ист ефект на прочистување, може да помогне и во одзатнување, ама не се распрскува, само се капнува. За диво оригано - многу е ефикасно, бидејќи има антибактериско дејство, има и baby origano, не лути толку, слободно користете кај бебињата од 6 месеци нагоре, го имав и јас. Тие спрејчиња од диво оригано за поголеми деца, а и за возрасни, лутат прилично.
Значи синомарин што го спомна можам да користам за 5 месечно бебе наместо ампулите? Многу ми мрда и плаче, додека му капнам една капка војна настанува.
Го имам овој и во портокалово,незнам која е разликата. Поголемава ми е алергична на камилица,ориганото да не е алергенне ми се смејте многу ми е страв кога користам нови производи
Овој? Може и овој, ама малку е понезгоден за бебиња оти поширок е делот за распрскување, кај бебе со мало носе не влегува лесно. Иначе да, ориганото е алерген, внимателно.
Само ваков мм уапеал да најди на брзање и таков зел. Гледаш убаво што си прашав,значи да не пробувам или како да пробам дали е алергична?
На кожа најарно, ама не секогаш може да изреагира ако постои алергија. Ако е алергична на камилица, не значи дека е и на други тревки. Со бејби ориганото да пробаш, тоа баш такво бебешко, би требало да е безбедно.
Јас прскам со овај еве веќе 2 дена и уште му е затнато носето. За колку време да помине скроз треба ??