Да, само се капнува или се прска спреј, сеедно. На затнат нос нема што да влечеш, носот е затнат од што е отечена слузницата. А кога тече нос, значи има мрсулчиња и треба да се исфрлат. Бебе не знае како со дување, па со аспиратор се олеснува.
Zdravo sakam da prasam imam bebe 8 mesechno i gi tresi rachinjata i nodzijnata dali znae nekoja shtpmoze da bide nee chesto dvapati muse ima slucheno toa trae nekolku sekundi
Зависи како е затнато носето. Кај мојава, имаше прозирен секрет и тоа во големи количини, моравме да ги вадиме со аспиратор. Не држеше околу две недели, а мома два ипол месеци имаше.
Кога има секрет не е затнат, туку растечен нос. И тогаш велат дека е затнат оти од секретот тешко се дише. А затнат нос е сув, односно, не тече секретот. Тоа не треба да се влече на сила... се става спреј за нос, дали солен раствор, дали деконгестив (кај бебиња само со препорака од лекар) да го омекне стврднатиот секрет и да ги опушти крвните садови за да се намали отокот на слузницата. Со кивање обично излегува засушеното. Ако влечеш на сила и ништо не излегува, постои опасност од повреда на капилари и оштетување на слузницата.
Колку често треба да моча бебе? Што се смета за премногу често? Синко во недела прави 4 месеци, деновиве не кака баш ама затоа многу моча. На 3ч обавезно е мочана пелената. Ако е настинат, како ќе знам?
Сега гледав на нет, може да моча почесто дека е ладно веќе, не се поти. Претходно можеше и 5 часа со сува пелена да помине, сега на 3ч обавезно е мочан. Температура нема, ако може само да ми потврди некој.
5 часа воопшто не мочкаше?? Јас на 3-4 часа менувам пелена и прилично полна е..не како наутро ама пак индикаторот е скоро плав..
Кај бебиња е нормално да мочкаат почесто, според полнењето на пелените се гледа дали добива доволно млеко. Уште не сте вовеле немлечна дохрана претпоставувам?
@babyboy1 не користам веќе со индикатор, сега користам Виолета, мочаше порано ама не беа толку полни, не знам како да објаснам. Треба да прими вакцина и само нешто си замислувам. Полудев изгледа @Annath да да само на доење е.
Нормално е, без грижа. Во лето е нормално да не се многу полни пелените, пошто и потат доста, особено при цицањето.
А јас да не треба да се загрижам дека на 3 саати пелената е скоро полна? Вака е од ко е роден еве 5 месеци Или си барам тема за размислување џабе?
На моево никако да му се одзатни носето многу е затнанат се нервира плаче, и му тече ама и како затнат е не знам да објаснам убаво. Прскам со спреј, влечам со аспиратор еве никако да помини, една недела скоро е ваков. Да напоменам вади заби можи и тоа има врска ама немаме температура само многу јако плачење и често будење навечер...
Правете сауна, топла бања и нека испарува топла вода, седете внатре колку повеќе можете. Јас ставам и еукалиптус и така седиме внатре и дишиме, лек е за дишните патишта тој, а бањата општо за отзатнување на носето.
Ова со етеричните масла и средства за настинка кои содржат и мали количини еукалиптус, мента, лаванда итн, е доста дискутабилно, се смета дека можат да бидат загрозувачки кај мали бебенца, дека може да пројават силни алергиски реакции Инаку парна бања е сосема во ред да диши
Во упатството пишува не се препорачува за деца под 2 ипол години а ние сме 9 месеци во аптека ми рекоја дека може ама пак...
Во кое упатство? Јас им правам, мојата е 6 месеци, на 5 и направив прв пат и немавме никаков проблем.
Можеби не е за овде постот но префрлете го ако има соодветна тема. Ми препишаа амоксицилин поради уринарна бактерија и денед почнав да ги пијам. Прашањето ми е бидејќи го дојам бебче кое е старо 11 дена, јас не сум алергична на пеницилин, но за бебето не знам. Дали е безбедно да го дојам дур ги пијам или да паузирам и да биде на ад за да бидам сигурна?
И овде да прашам, бебето месец и пол, вчера се накашла еднаш како две поткашлувања и денес еднаш само. Не знам дали да чекам вторник за педијатар или да побарам викендов приватно, не знам и дали е тоа кашлица ? Нешто ептен сум паничар овој период. Инаки бебето си цица убаво и нема промени во однесување.