не ми ја прикачува сликата..ситни многу на едно место бели точки со црвена околина..ги има на самите образи и над ушињата во коса
Нормално е тоа, се чисти. Првите три месеци скоро сите бебчиња се такви, може и пократко да трае. Не мачкај ништо, нема потреба.
Малава ми е 3 + и пред една недела ѝ облеков ново боди и ѝ излегоа мали брунчиња на стомакот и грбот, ситни и црвенки. Прво мислев да не ѝ е од тоа, но денес забележав дека има по целото тело, со тоа што на лицето ептен ѝ е сува кожата и мачкаме јекодерм маст. Да напоменам дека нема температура, радосна си е и сѐ нормално како и претходно. Многу сум загрижена, што би можело да е?
Да не реагира на прашокот за перење? Следи да видиш дали ќе се групираат и дали ќе има на места посува кожа како лишаи. Ако се појават такви места, убаво би било доктор да го види малото, оти може да е почеток на атопичен дерматит. Кај моево така почна, прво ситни црвени брунчиња по телото, а после и лишаи. Не мачкај јекодерм повеќе, доволно е, тој на почеток е убав кога се лупи кожата, ама подоцна нема потреба.
Со ист бекутан 2во1 е уште од болница алиштата. На лицето, на таа страна на која најмногу лежи, има како лишај, дури како рана. А по телото само брунчиња. Ништо немам сменето, на ад сме, само нејзини алишта перам, никако не ги мешам со наши. Ептен ме загрижува
Мајки бебе има мн грчеви навечер, не сме спиени пд 3 саат сабајле, престанавме со користење на капки и чаеви за грчеви и одиме на старинска алтернатива со пелена во натре со мало перниче полнето со трици, секако загреана пелена на пегла. Обично пред секое ставање проверував температура на пелената, а синоќа т.е сабајле бидејќи не спиена ставав отприлика.. Бебе си плаче се грчи јас топлам пелена на секој 20 минути и на соблекување и гледам црвенила на стомачето, жива да не сум ако сум ја претоплувала пелената. Ставив павловичева Бејби Гал како шо си користам и незнам за др опција.. Некоја со слично/исто искуство?
Мајка, не трици. Тоа бабите ставале оти немале што. Термафорче од аптека земи си. Грчеви ќе има, јас 6 месеци немав спорни повеќе од саат. Не се мачи да пеглам пелена, стави ја на парно. Заштеди си време. А напросто е меше на меше. Стави го на тебе и ќе биде ок.
Стави јекодерм ако имаш. Тоа смее на бебе и е за изгореници. Ако не се повлече црвенилото обавезно на лекар. За наредно меше на меше и термофорче за бебиња од аптека.
Дечки за грчевите спас нема. Цревата на бебето влегуваат во функција.До сега се хранело преку папочна врвца, сега почнува орално и цревата почнуваат да се полнат со храна. За олеснување на болките има капки -Колиеф, Еспумисан...дополнително топла пеленка, тапкање по газето и грпчето за да се пополнат празнините (воздушни клинови) со воздухче во цревата...млако термофорче, да лежи на меше додека има грчеви. Јас едноставно ја држев во раце со мешето на моја дланка и ја тапкав по задникот и грбот. Помош нема, ама барем полесно да го пребродат тој период.
за колку дена падна папочето и што користевте. нормално ли е 2 недели е бебето а папочето уште не е паднато
Кај едното дете падна на 17 ден. По препорака на докторите не користев баш ништо. Кога падна како ништо да немало, целосно заздравено. Така да нормално е и на 2 недели да не е паднато. Секое дете е различно.
Се мислев во која тема да пишам и решив тука повеќе ве има.На малиот 2,5 месеци му најдоа мрса во окцето.Офталмологот ни даде цитерал и флорамфеникол ама неуспешно таа терапија не помогна.Препораката на офталмологот беше да прекинеме со било каква терапија ако нема солзење или секрет во окото дека како ќе се јакне имунитетот така ќе се тргнела сама од себе.Ама јас читам дека мрсата и не е баш така наивна бактерија и дека може да предизвика многу работи.Памет немам веќе да барам друг друг офталмолог или да го послушам овој???