На синко му се појави црвенило, до вчера ја немаше, кога ќе поминам со прст како сува кожа се осеќа. Не сум паметна од што може да биде. Му пратив слики на педијатар ми рече дека е егзема и да мачкам Декатол крем. Дали што го носам на сабајле кај мајка ми, па од ладното, дали од тоа што пред некој ден кога имаше сонце го намачкав со млеко за сончање на Хип. Ако имате некој совет да ми дадете, би ви била благодарна.
Италија. Не може без упот од лекар, абе да се чудиш. На едно место пак ми рекоа не земале крв на деца помали од 12 год.
Јас го давам од сабајле кога ќе се разбуди со пробиотикот и омегата независно дали цицал. Важно е сабајле да биде.
Навистина треба на сабајле? Јас навечер го давам пред последното млеко и спиење. Никој не ми кажал кога треба, само ми кажаа еднаш дневно ..
И јас не знаев за Д3.. пробиотик давам наутро, а Д3 попладне Мислев дека нема врска за времето штом еднаш во денот треба да се даде.. ама ќе си почнам наутро од утре
Исто е и овде. Германија Ако ептен има некои симптоми на настинка, тогаш се одложува инаку не се проверува крв пред боцкање...
Чаре за затнато носе кај 7+? Најверојатно повеќе ја загреав собата, он малку повеќе облечен и сега се разбуди со затнато носе. Имам само синомарин
Здраво мајки.. Понед треб да одиме на 2 вакцина.. Бебе почна поретко да кака 3 4 ддна не как па се искака ама мн слузаво како со мрсули внатре.. Исто мн гасови има кои мирисат.. Нз дали е можно да е некој настин ради вакцинат ми е
Дали капките витамн ц ги мешаш со сидералот? Нас педијатарот ни рече сидерал два пати по 6 капки и витамин ц да ја делам дозата на два пати со сидералот.
Бебево цел ден ми е во раце плаче и се тегни наназад (само меше на напред) едвај се држи нејке легнато нејке на меше се амирува со тропка силно чуден ми е со жлебините нејке цицка ,цуцла прстот ми го цуца (два месеци сме)...за гладен не е гладен фака града кога е гладен и цица како многу гладен сњ најадува...нервозен мава со рачиња мешето му е меко не се грчи...
Јас заедно давам, по девет капки сидерал и три капки вит.ц во лажичка. Сидералот треба да го зголемам, докторот ми рече дека одат по две капки на килограм тежина. Си го пие без проблем, зошто нели благичко и доаѓа. Знаеш дека треба да помине барем еден час после јадење, и да има растојание барем еден час до следното јадење.