Еднаш му се појавија од топло. Мачкав Јекодерм ама мислам дека си поминаа сами од себе. Натопи туфер со вода и поминувај му ги неколку пати на ден.
Зелена столица значи. деκа е гладно можеби не го пρифаќа млеκото, следи дали ќе κачи на κилажа. Столицата тρеба да биде златно жолта но не зелена. Следи дали ќе κачи κилажа, аκо има зелена столица и не κачува κилажа смени млеκо. Може и да е поинаκу но ова е мое лично исκуство со моето бебе.
Читав дека светло зелена кака значи гладно бебе, но ова е како маслинка боја.. последен пат беше качена 230 грама за 1 недела. Претпоставувам ако е гладна ќе плаче постојано нема да заспива не знам..
4месеци и 6дена, денес примивме втора доза рота, петовалентна плус превенар. Бебка првите неколку саата си беше супер дури и си преспа, после тоа како жална врба и кенкаше како со жалење.. Накај 19h почна да крева температура, 20h веќе имаше 38,6 и и дадов Далерон 3мл. Темп продолжи да се качува до кај 38.9 и после почна да се намалува. Но не се симна скроз туку си седи 38.3 38.4 и еве сега после 3h почна да сњ качува 38.6. Напоредно мерам и со живин и со бесконтактен. Прашањето ми е дали е доволно далерон за 4месечно бебе 6.5кг, после колку време најрано можам да дадам сирупче. И како да и олеснам на друг начин и да пробам да ја симнам темп, зашто од прееска ќе заспие и испушта жални звуци
Немам искуство со Далерон, јас давав Ефералган а тој има мерица според тежина. Моето имаше 9700г докторкара ми рече слободно да дадам доза за 10кг. Над 38.5 давај сируп, не се препорачува сируп под оваа тт. На друг начин можеш да помогнеш така што ќе ја расоблечеш,проветри ја собата кај што е бебето (за тоа време префрли го во друга соба) туширај со млака вода на 2,3 часа. Јас по совет од матичната го премачкав еднаш и со раствор од лимон и сода . А ставав и чорапи со оцет на ноџињата. Но внимавај ако ставаш оцет,да не биде на ладни ноџиња зошто кога им се ладни екстремитетите качуваат тт и не се препорачува овој метод. Се надевам колку толку ти помогнав
Ефералган и јас давав, се разбира не на своја рака туку по препорака од педијатар на секој 6 часа, ако го доиш почесто ставај го на града, ако му се ладни нозете тоа значи дека ќе качува температура. Со лесно
i nie deneska primivme vakcina no na dva meseci i krenavme temp, pedijatarot ni rece da zemime daleron i na 4600kg 2.5ml i na 6 casa se dava, mu se spushti temp i ni rece da go sledime 48h ako kreni pak isto da mu dadime ista doza i ako kenka i e placlivo isto da mu se dade vo slicaj da ima bolka no na 6h
Еден месец сме, сега приметив позади на главчето и позади увцето дека има мали топчиња. Што може да ги предизвика?
@elimkd @lakiki Се искака вечерта и таман ја истуширавме со млака вода, и се симна тт и се расположи бебе во 12h како ден да е После накај 1ипол почна да крева, во 2h имаше 38.8 и дадовме сирупче после саат и се намали малку. Сега си спие убаво, 37.5 има што и е најниска до сега. Се надевам дека ќе и помине денеска, да се одмори убаво и да се врати веселото мое бебче. Ви благодарам на советите
Значи ќе си пукнам... На 10ти окт. синко имаше тт проблеми со зелени мрсули, му помина и еве ноќеска пак тт. 38, утрово 38 со 5. Нема друго ништо само тт. Од каде да знам дали е корона. Тестирање термини другата недела. Сестра ми имаше тт деновиве и затнат нос и и препишаа сумамед без тест. И помина со една ден тт. Со неа бевме во контакт.
Мајки кажувајте совет како да ја натерам ќерка ми да јаде? Скоро е 1 година а сеуште е само на доење, живци испокинав веќе. Од 5 - 6 месеца почнав со пробување вкусови, али зорле секој ден по 2-3 лажичиња. Верувајте дека веќе ни снага ни идеи имам што да правам, што да чинам. Ми кажаа да давам парчиња нешто како самохранење али џабе, ќе го фати парчето со раче го гмечи и фрла. Може само смока, бисквитка и животинско царство да јаде, а леб, каши и др работи не. Ми е страв веќе. Матичен ми вели само упорно ама џабе. Иначе крвна слика супер, измет супер а она освен цицање др нејќе. До сега за вакво дете не сум слушнала. Треба 3 оброци и ужини да има, јајце да има пробано а таа ништо.
Лелее те читам и како јас да се читам, ама мојата е 7 полни, веќе 1 месец како почнавме со дохрана, а она дали по пола лажиче дневно има внесено, само на цицање по 1235 пати на ден и 67896432 ноќ И јас со blw методот и правам ама ништо, лом се прави и си игра, во уста ништо . Денес и изблендирав па може да се каже дека маалку почна да отвара уста како со зорт да отвара ама од другите пати кога воопшто не отвара е подобро. Дај боже да почне да јаде веќе и јас живци кинам ама и не ја назоравам многу, на сила не бива.
Мајка смирено, не мора да значи дека е корона. Мене синко Септември 3 пати ми се разболи, одев кај матичната, крвна слика се ок, вирусно излегуваше, го повторуваше. Следи како ќе биди